Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Фебруар и март исто беше затворен простор, не дека седевме надвор и на плажа одевме тој период.
Не е позаразен, функција на време. Башка мерките (колку и да се неефикасни од Х причини) влијаат на распространетоста.
 
заеби проценти од фебруар до октомври болниците не беа полни, сега за два неполни месеца болниците се скоро со пополнет капацитет, дури и приватни болници се ставаат на располагање на државата... нека објасни некој што е по вичан дали може исти вирус да мутира и да биде позаебан.
Како го кажувате ова, приватните болници се ставале на располагање на државата, како некое добро дело да прават....има некој детална информација, колку кошта да лежиш 10 дена на инфективно во државна, а колку во Жан Митрев?
 
Како го кажувате ова, приватните болници се ставале на располагање на државата, како некое добро дело да прават...
Далеку од тоа дека ради добробит на населението го прават тоа, исто и јас мислам дека си имаат страшен дил со државата направено околу оваа работа
 
Јас мислам еднаш кажав за една ситуација (ги имало повеќе)
Немаше ниту Ковид, ниту ништо (некој месец пред пандемијава)....се "најнормално", ако тоа можеме да го именуваме нормално.
Девојче со камења во жолчка, мора итно да се оперира. Ситуација пред прснување, доколку прсне жолчката знаеме што следи.
Во стара градска лежи четири дена, без да влезе на програм за операција кај хирургот што ја прими.....едноставно не ја прима на операција.
Во меѓувреме се бркаат врски за да се оперира, петтиот ден стигнува одговор (од врската) дека треба мито....солидно и тоа. За да ја искасапи со класична метода, не лапароскопски....зошто дотичниот немал време да се занимава во сала 2 саати.
Потоа девојчето се транспортира во приватна клиника, каде што под итна постапка ја оперираат секако лапароскопски....и се е како што треба.
Имаш пари ОК, немаш пари....кој те врти....тоа е државното здравството, со чест на ретки исклучоци.
Здравство плаќаме секој месец....за што? За да плаќаме и мито. Инспекција, да го пријавиш лекарот?.....тоа е виц....не функционира тоа кај нас.
Таквите лекари....камшик само
Имаше еден таков абдоминалец, го испукаа во сред клинички, ама куртули, пред околу 3 4 години. Малку е камшик кога некој си игра со твојот живот.
 
Реално го потценивме вирусот, али тоа се должи и на конфузните и нејасните соопштенија и преземање на мерки на властите, не само на нашите туку првенствено на СЗО бидејќи нашите ги само копираат без грам анализа... друго што не ми е јасно зошто работат угостителите по мене треба да се затворав бидејќи внатре има и по 50 луѓе, моментално кафаните имаат најголеема концентрација на луѓе.
Не зборувај во множина :D
Ете, научи дека не можеш од сопствени искуства да оценуваш јачина на вирус, без да согледаш што се случува наоколу.

Секој човек со основно образование, можеше да оцени дека кога ќе залади времето ќе не снајде вакво сценарио. Мерките требаше да бидат спроведени уште летото, односно да се направи план за есента и тој толку тупен есенски бран.
Главниот акцент требаше да биде удрен на поставување модуларни болници, групирање на персоналот и навремено прераспоредување, правење план за сите ученици да учат од дома, градинките да не работат, хронично болните да работат од дома и сите кои имаат можност да работат од дома, да го направат тоа. Да се притиснат приватниците, да се воспоставеше ротација во фабриките со многу луѓе на смена.
Е ова ќе беа сериозни мерки, заедно со некалкулантско спроведување на мерките и казните.
Сепак, во тој период уште постоеа/постоевте луѓе кои мислеа дека другите измислуваат случаи и лажат по нечија директива.
Пред некој ден починал жител на населбава, на 40 години.
Денес умрел и тапанарот на Амадеус бенд (46), група која особено си ја почитувам :(
 
...верувам дека и нај „прокоронашите“ на форумот не сакаат да има карантин.
што се тоа про-коронаши?
Тие што навиваат за короната?
 
Прашувам за тетка и на сопругата,ноќеска ја ставиле на респиратор а претходно на кислородна подршка ако сум разбрал добро.Женава е на 68 години,поздраво суштество не сум видел.Ни кафе,ни цигара ни бутур.Малку да и паднеше железото или било кој резултат да и отстапува од нормала веднаш по лекари,здрава храна цел живот.Од друга страна и тетин е позитивен,масноти беше плафон и триглицериди исто.Чварки,пачи,свинска маст у изобилство пред неколку години го акна срце 5 стентови му ставија.И сега верувале или не апсолутно ништо не му е.Е јебем ли ти мајку Кинез, рука да ти се исуши.Што ли измиксаа еден да не остане од таа гнаса од нација
Починала сабајле женава.Од сите лекови што и ги дале,ниеден не делувал уопште.Им рекле дека плуќата и ги изел вирусот.Од здрава права после 3 дена од прв симптом,кома 15тина дена па смрт
 
Починала сабајле женава.Од сите лекови што и ги дале,ниеден не делувал уопште.Им рекле дека плуќата и ги изел вирусот.Од здрава права после 3 дена од прв симптом,кома 15тина дена па смрт

Знаеш како викаат од многу здраво не е ни на арно.Жената бог да ја прости може била толку внимателна што не оставала ништо друго помалце опасно да ја стегне да се каже да ја малце малце имунизира ако дојде во контакт со оваков опасен вирус.Е сега короната влегла и лом направила.Може се појавила и таа цитокинска бура.Сепак ова е мое обично размислување.Правата вистина никад нема да ја дознаеме :(
 
Викаат дека во јануари ќе имаме 400000 дози, од таа на Астра зенека. Ми делува дека ќе биде доволно да се покрие голем дел од популацијата, со оглед на прележани, антиваксери и тн.
 
Не зборувај во множина :D
Ете, научи дека не можеш од сопствени искуства да оценуваш јачина на вирус, без да согледаш што се случува наоколу.

Секој човек со основно образование, можеше да оцени дека кога ќе залади времето ќе не снајде вакво сценарио. Мерките требаше да бидат спроведени уште летото, односно да се направи план за есента и тој толку тупен есенски бран.
Главниот акцент требаше да биде удрен на поставување модуларни болници, групирање на персоналот и навремено прераспоредување, правење план за сите ученици да учат од дома, градинките да не работат, хронично болните да работат од дома и сите кои имаат можност да работат од дома, да го направат тоа. Да се притиснат приватниците, да се воспоставеше ротација во фабриките со многу луѓе на смена.
Е ова ќе беа сериозни мерки, заедно со некалкулантско спроведување на мерките и казните.
Сепак, во тој период уште постоеа/постоевте луѓе кои мислеа дека другите измислуваат случаи и лажат по нечија директива.
Пред некој ден починал жител на населбава, на 40 години.
Денес умрел и тапанарот на Амадеус бенд (46), група која особено си ја почитувам :(
Не е работата во поставување модуларни болници, односно не е работата во правење бројка на кревети. Какои да свртиш персоналот е тој и толку, можеш само да претураш од шупливо во празно и да импровизираш. Персонал неможеш да создадеш за неколку месеци, за тоа треба години и години. Акцентот и борбата требаше да биде насочена кон тоа да не се дозволи бројот на заразени да отиде над можностите на здравствениот систем (кој е таков каков што е во сите параметри) за негов квалитетен одговор на задачата. Тоа подразбира и дека здравствениот систем не треба да биде во таа мера ангажиран со ковидот што нема да има простор за квалитетно третирање на пациентите со други потреби и заболувања. Дали додека трае борбата со ковидот нема некому кому итно му е потребно лекување или операција од било која друга болест? Затоа требаше да си ги пуштиме нозете колку што ни е чергата, требаше затворање, карантини, полициски часови... многу пред ковидот да земе ваков замав, додека бројките беа мали и се следеа кластери, додека се контролираше изолацијата... тогаш со строги мерки кои ке траеја кратко и по потреба ке се повторуваа, бројките ке се држеа под контрола. Сега работата е излезена од секоја контрола, сега е блокирано целото здравство и сега само се редат кревети да не пукне во јавноста дека неможат да примаат повеке пациенти. Од таквото примање голем дел од пациентите и ке немаат некое фајде, ке пишува само дека починале во болнички услови а не дома. Сега за да се избегне тотална катастрофа, до колку сеуште може да се избегне, не ни бега целосен лок даун со карантини и полициски часови кои ке траат со недели и месеци... што повеке се чека штетата е се поголема во секој поглед.
 
За работава што здрави прави луѓе вирусот ги покосува, во повеќе статии имаше дури и кај нас во едно интервју по телевизииве мислам дека некој кажа.. дека има значителен процент на луѓе што имаат генска мутација која што предизвикува поинаква реакција или воопшто да нема реакција на имунитетот поради што често гледаме и млади здрави луѓе да имаат тешки симптоми па и да починат. Навидум изгледаме здрави но имунитетот не може да се бори со таков вирус поради таа причина. Тешкото е што не знаеме кој од нас ја поседуваат таа честа мутација да немаат можност лесно да се изборат со вирусот.
Затоа има многу петли што се јачаат дека ова е само грип се додека не ги покоси до пред смрт па да ја видат сериозноста на болеста.
 
Викаат дека во јануари ќе имаме 400000 дози, од таа на Астра зенека. Ми делува дека ќе биде доволно да се покрие голем дел од популацијата, со оглед на прележани, антиваксери и тн.

Кажуваш а не докажуваш... Заборај дека по 2 дози треба на човек да се даде?
Нема да се 400 000 граѓани туку ќе се 200 000 *2 дози 400 000...
Со овие се опфаќаат медицинските работници и ранливите групи..

Јануари тешко пред март мислам дека нема да е.

За останатите групи вакцинација тешко можит после 2022.

И нема да е задолжителна, за медицината мојт да е само
 
Не е работата во поставување модуларни болници, односно не е работата во правење бројка на кревети. Какои да свртиш персоналот е тој и толку, можеш само да претураш од шупливо во празно и да импровизираш. Персонал неможеш да создадеш за неколку месеци, за тоа треба години и години. Акцентот и борбата требаше да биде насочена кон тоа да не се дозволи бројот на заразени да отиде над можностите на здравствениот систем (кој е таков каков што е во сите параметри) за негов квалитетен одговор на задачата. Тоа подразбира и дека здравствениот систем не треба да биде во таа мера ангажиран со ковидот што нема да има простор за квалитетно третирање на пациентите со други потреби и заболувања. Дали додека трае борбата со ковидот нема некому кому итно му е потребно лекување или операција од било која друга болест? Затоа требаше да си ги пуштиме нозете колку што ни е чергата, требаше затворање, карантини, полициски часови... многу пред ковидот да земе ваков замав, додека бројките беа мали и се следеа кластери, додека се контролираше изолацијата... тогаш со строги мерки кои ке траеја кратко и по потреба ке се повторуваа, бројките ке се држеа под контрола. Сега работата е излезена од секоја контрола, сега е блокирано целото здравство и сега само се редат кревети да не пукне во јавноста дека неможат да примаат повеке пациенти. Од таквото примање голем дел од пациентите и ке немаат некое фајде, ке пишува само дека починале во болнички услови а не дома. Сега за да се избегне тотална катастрофа, до колку сеуште може да се избегне, не ни бега целосен лок даун со карантини и полициски часови кои ке траат со недели и месеци... што повеке се чека штетата е се поголема во секој поглед.
Не можеш да создадеш искусен лекар за 1 година, али ко што гледаме нема ни сестри, ни кој вода и храна да им однесе. Веќе трае ова 1 година, ја знам другарка што лечи ковид пациенти уште од март а имаше 1 година искуство работно. Колку време треба за да се обучи кадар?
Напротив, се знаеше дека ќе трае ова долго и дека карантините се неиздржливи ни економски ни психички за населението. Чим се знаеше дека поголем дел од населението ќе се зарази, требаше да се спремат за истото да биде згрижено. Се надеваа дека магично ќе го снема или ќе дојде вакцина пред да букне волку, и сеа друг им е крив што нема ни болници ни кадар.
Автоматски споено мислење:

Кажуваш а не докажуваш... Заборај дека по 2 дози треба на човек да се даде?
Нема да се 400 000 граѓани туку ќе се 200 000 *2 дози 400 000...
Со овие се опфаќаат медицинските работници и ранливите групи..

Јануари тешко пред март мислам дека нема да е.

За останатите групи вакцинација тешко можит после 2022.

И нема да е задолжителна, за медицината мојт да е само
800000 дози ќе има. Во јануари ќе стигнеле, коа ќе боцкаат не знам. Нормално дека нема да е задолжителна. За ранливите групи ми е како и да е, не е за мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom