KONY 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што е прв на листата на толку криминалци на цел свет. Има киднапирано околу 33.000 деца, и доколку го изглеа филмчето ќе ти беше јасно. (ако е веродостојно видеото, а би сакал и другата страна да ја чијам, не гледам кој е проблемот)
--- надополнето: 8 март 2012 во 23:40 ---

Некако ко да не ми е веродостојно ова а?
Провери ги фактите што се набројани во првите 2 пасуса, ова е многу поверодостојно од срцепарајучо видео направено за публицитет.
 
Во ред јас им верувам и на двата извори, постои и таква опција. Овој киднапира деца и ги праи војници, а овие го користат тоа за да придобијат кеш, но сепак се прави нешто добро за човештвото.
 
Морам и ова.

162Be.png
 
Во текот на вчерашниот и денешниот ден разбарав на интернт се што може да се најде на оваа тема, како би го формирал своето лично мислење. Ги прочитав и оние текстови кои што ја поддржуваат кампањата на организацијата Invisible Children, но истовремено и издржаните и основани критики испратени на нивна адреса.

Независно од тоа дали оваа хуманитарна и непрофитна организација има искрени и чесни намери, добро дијагностициран проблем и паметни решенија за истиот, пред се трба да му се честита на Џејсон Расел (основачот на Invisible Children) поради тоа што успеа да го сврти вниманието на целокупната светска јавност кон едно големо зло кое што реално постои на нашава планета а тоа e теророт врз децата во Африка (злодела кои постојат и во другите делови од светот па рака на срце дури и кај нас во Македонија, каде сите сме сведоци на циганчињата што просат прислени од возрасни лица да го прават тоа). Е сега дали токму тоа беше единствената и основната идеја на Џејсон (како што наведува во филмот) или пак зад неговата кампања се кријат и други цели кои обичните смртници засега не треба да ги знаат, ќе покаже времето.

Оттука моето лично мислење е дека се можни три сценарија, зад целава оваа приказна:

  1. Првата верзија би била дека Џејсон Расел понесен од емоциите од трогателната животна приказна на неговиот пријател од Уганда и заслепен од неговата желба да помогне, воопшто не приметува дека неговите идеи не ја опфаќаат суштината на проблемот во целост и дека предложените решенија редоследно нема да бидат соодветни и нема да донесат безгрижно детство за младите во Уганда.
  2. Дека злоупотребува туѓа трагедија за сопствена промоција и профитерство
  3. Дека одработува за владата на САД како би прикажал добро основана причина пред светот, нивните трупи да ја „окупираат“ Уганда како би можеле да им ги исцрпуваат природните ресури, исто како што направија во Ирак и Авганистан со нафтата! На крајот на краиштата станува збор за веќе проверено сценарио, најпрвин создаваш непријател, потоа го пушташ со децении да прави што сака, и на крај испраќаш „мировници“ да го соборат и да му донесат „демократија“ на локалното население (кое цената ќе ја плати со вечна анархија откако мировните трупи ќе си заминат и троа нафта, ураниум, благородни метали и сл.).
Да се задржиме на првото можно сценарио како барем засега е најверојатно (бидејќи останатите две се мои лични претпоставки и немам основани докази). Зошто проблемот е погрешно дијагносициран а предложените решенија на IC се несоодветни мислам дека веќе ви е јасно. Државната армија на Уганда која што IC сака да ја поддржи како единствено и најсоодветно решение да се справи со LRA, ги прави истите злодела како и вооружените единици во служба на Кони. Работава испаѓа ајде да им помогнеме на едниве лудаци да ги победат другиве! Зашто ... за после националната армија на оваа диктаторска земја да има целосен монопол над децата кои би биле во нејзина активна воена служба!??? Можеби држат во вода дел од оправдувањата на IC дека странски трупи не смеат туку така да интервенираат во туѓи земји, и дека проблемот треба да го решат овластените државни сили на локалните и засегнати нации преку меѓусебна соработка. Меѓутоа делата говорат дека националните и герилските армии во тој регион се исти ГОМНА! (како кај нас ДПМНЕ И СДСМ кои за среќа сеуште го злоупетрбуваат трудот на децата само за лепење плакати а не и за вооружени конфликти)

Понатаму, овој Кони е само еден човек но не и целиот проблем. Како паралелен пример го имаме фактот дека убиствата Садам Хусеин, Гадафи и Бин Ладен не донесоа крај на борбата против тероризмот и просперитет за нивните народи. Конкретно, во централна Африка треба да паѓаат глави на диктатори кои со децении се на чело на своите земји и кои ги толерираат сите овие злодела врз децата. Но тоа повторувам, не треба да биде извршено со т.н. „соло продор“ на американските нафташи во униформа на војници, чија извидничка мисија испратена од чичко Обама веќе е на терен во Уганда, по барање на IC. Напротив, постојат институции во светот како Обединетите Нации кои по барање на земјите од централно афричкиот регион треба да испратат свои мировни трупи (односно по нашки кажано унпрофорци) да помогнат во решавањето на овој проблем. Арно ама унпрофорците не можат да се испратат без барање на погоре споменатите диктатори, кои доколку го направат тоа, ќе треба да дадат отчет за истите злодела што ги павеле нивните национални гарди и армии.

Како и да е, единствената помош која што секој обичен човек на планетава може да ја направи за децата од Уганда, е да ги поддржи другите хуманитарни организации кои градат училишта и болници во во оваа афричка земја, а не IC кои снимаат филмови и лепат плакати. Конкретно новинарката на Асошиејтед Прес, Глена Гордон, во своето интервју за „Вашингтон Пост“ ги спомена Lacor Hospital, Caritas Uganda, The Refugee Law Project, Christian Counseling Fellowship, и African Youth Initiative Network како организации со висок меѓународен кредибилитет кои на терен придонесуваат за подобрување на ситуацијата во деновиве актуелната Уганда.
 
Во текот на вчерашниот и денешниот ден разбарав на интернт се што може да се најде на оваа тема, како би го формирал своето лично мислење. Ги прочитав и оние текстови кои што ја поддржуваат кампањата на организацијата Invisible Children, но истовремено и издржаните и основани критики испратени на нивна адреса.

Независно од тоа дали оваа хуманитарна и непрофитна организација има искрени и чесни намери, добро дијагностициран проблем и паметни решенија за истиот, пред се трба да му се честита на Џејсон Расел (основачот на Invisible Children) поради тоа што успеа да го сврти вниманието на целокупната светска јавност кон едно големо зло кое што реално постои на нашава планета а тоа e теророт врз децата во Африка (злодела кои постојат и во другите делови од светот па рака на срце дури и кај нас во Македонија, каде сите сме сведоци на циганчињата што просат прислени од возрасни лица да го прават тоа). Е сега дали токму тоа беше единствената и основната идеја на Џејсон (како што наведува во филмот) или пак зад неговата кампања се кријат и други цели кои обичните смртници засега не треба да ги знаат, ќе покаже времето.

Оттука моето лично мислење е дека се можни три сценарија, зад целава оваа приказна:

  1. Првата верзија би била дека Џејсон Расел понесен од емоциите од трогателната животна приказна на неговиот пријател од Уганда и заслепен од неговата желба да помогне, воопшто не приметува дека неговите идеи не ја опфаќаат суштината на проблемот во целост и дека предложените решенија редоследно нема да бидат соодветни и нема да донесат безгрижно детство за младите во Уганда.
  2. Дека злоупотребува туѓа трагедија за сопствена промоција и профитерство
  3. Дека одработува за владата на САД како би прикажал добро основана причина пред светот, нивните трупи да ја „окупираат“ Уганда како би можеле да им ги исцрпуваат природните ресури, исто како што направија во Ирак и Авганистан со нафтата! На крајот на краиштата станува збор за веќе проверено сценарио, најпрвин создаваш непријател, потоа го пушташ со децении да прави што сака, и на крај испраќаш „мировници“ да го соборат и да му донесат „демократија“ на локалното население (кое цената ќе ја плати со вечна анархија откако мировните трупи ќе си заминат и троа нафта, ураниум, благородни метали и сл.).
Да се задржиме на првото можно сценарио како барем засега е најверојатно (бидејќи останатите две се мои лични претпоставки и немам основани докази). Зошто проблемот е погрешно дијагносициран а предложените решенија на IC се несоодветни мислам дека веќе ви е јасно. Државната армија на Уганда која што IC сака да ја поддржи како единствено и најсоодветно решение да се справи со LRA, ги прави истите злодела како и вооружените единици во служба на Кони. Работава испаѓа ајде да им помогнеме на едниве лудаци да ги победат другиве! Зашто ... за после националната армија на оваа диктаторска земја да има целосен монопол над децата кои би биле во нејзина активна воена служба!??? Можеби држат во вода дел од оправдувањата на IC дека странски трупи не смеат туку така да интервенираат во туѓи земји, и дека проблемот треба да го решат овластените државни сили на локалните и засегнати нации преку меѓусебна соработка. Меѓутоа делата говорат дека националните и герилските армии во тој регион се исти ГОМНА!(како кај нас ДПМНЕ И СДСМ кои за среќа сеуште го злоупетрбуваат трудот на децата само за лепење плакати а не и за вооружени конфликти)

Понатаму, овој Кони е само еден човек но не и целиот проблем. Како паралелен пример го имаме фактот дека убиствата Садам Хусеин, Гадафи и Бин Ладен не донесоа крај на борбата против тероризмот и просперитет за нивните народи. Конкретно, во централна Африка треба да паѓаат глави на диктатори кои со децении се на чело на своите земји и кои ги толерираат сите овие злодела врз децата. Но тоа повторувам, не треба да биде извршено со т.н. „соло продор“ на американските нафташи во униформа на војници, чија извидничка мисија испратена од чичко Обама веќе е на терен во Уганда, по барање на IC. Напротив, постојат институции во светот како Обединетите Нации кои по барање на земјите од централно афричкиот регион треба да испратат свои мировни трупи (односно по нашки кажано унпрофорци) да помогнат во решавањето на овој проблем. Арно ама унпрофорците не можат да се испратат без барање на погоре споменатите диктатори, кои доколку го направат тоа, ќе треба да дадат отчет за истите злодела што ги павеле нивните национални гарди и армии.

Како и да е, единствената помош која што секој обичен човек на планетава може да ја направи за децата од Уганда, е да ги поддржи другите хуманитарни организации кои градат училишта и болници во во оваа афричка земја, а не IC кои снимаат филмови и лепат плакати. Конкретно новинарката на Асошиејтед Прес, Глена Гордон, во своето интервју за „Вашингтон Пост“ ги спомена Lacor Hospital, Caritas Uganda, The Refugee Law Project, Christian Counseling Fellowship, и African Youth Initiative Network како организации со висок меѓународен кредибилитет кои на терен придонесуваат за подобрување на ситуацијата во деновиве актуелната Уганда.

секоја чест :cuc:
потполно се слагам.
 
Сто посто мн јака армија ќе биде од децата :D не е мала работа 33 000 од ДЕЦА да ги вежбаш ќе бидат килингмашинс
 
Изгледај едно 30 минутно пропагадно видео и стани социал активист :)

Имаше добра заебанција у коментарите на 9гег, одамна не сме виделе ново америчко срање.
 
Колку му е само брз интернетот, мене ми треба едно 15 мин. чекање за да се пушти видео на фејсбук.
 
еве 2 видеа на јутуб направени од жители од уганда(едната е по потекло,другата е жител) и ќе видите исти ставови на две различни особи, или организацијава е slowpoke или мати нешто

Шокантно! Го нашле мртов. Крај на една ера!

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom