KONY 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Kony-2012-Web-Banner-1024x288.png


Одвоите само 30 минути да го погледнете видеово. Споделетего насекаде да го видат сите, да бидеме дел и ние, да го направиме Kony славен. Нека дознаат сите какви луѓе има слобода.

 
>само 30 минути.

Шо е форава у кратки црти ?
 
Неговата група беше декларирана како терористичка во 2001, налог за апсење беше издаден од ICC во 2006, а тој регрутира деца и ги праќа во кланица последниве 25 години.
Што значи дека оваа забава почнала малку касно. Исто така би се двоумел дали би го нарекол "најлошиот криминалец на светот". Да, тоа што го прави е гадно но тој не е единствениот "лош чичко" во светот, ниту пак е објективно "најлошиот". Тој сигурно налутил некоја погрешна личност за да му се закачи вакво внимание одеднаш, моја претпоставка е дека си ја надживеал корисноста за некои моќни заеднички интереси. Кони истава работа ја прави во последниве 25 години и до пред оваа година никој не знаеше за него, нит па некого го болеше уво за Кони.
Купишта од овие симпатични слогани, слики и филмски клипови на фејсбук ќе направат многу малку, особено за некого кој што живее во земја со толку ниско ниво на интернет корисници.

А башка, морално погрешно е да (си ги) користиш (сопствените) деца како сретства за добивање на приврзаност за политички каузи. Сфаќање на ваква тема е над моќта за разбирање на едно дете.

http://visiblechildren.tumblr.com/

Направете си услуга и откако ќе го изгледате видеото во првиот пост, кликнете на линков погоре.
 
Значи уште една money grabbing организација што ќе ги искористи глупите за пари. Ма ја ќе го шерувам на фејсбук, може некоја пичка ќе си помисли дека сум возрасен и deep.
 
Горе доле разбрав до негде што е работава ама некој ако сака да ми објасни зашто сево ова? Која е поентата и што се сака да се постигне? Зашто баш Кони од толку криминалци на цел свет? Не сфаќам ништо...
 
Додека нашиве се жалат дека им паднал нетот,или дека не им земале биг мек од мекдонолдс,у Африка умираат деца,се силуваат,се тераат да земат пушки во раце...греота.
 
Горе доле разбрав до негде што е работава ама некој ако сака да ми објасни зашто сево ова? Која е поентата и што се сака да се постигне? Зашто баш Кони од толку криминалци на цел свет? Не сфаќам ништо...
Затоа што е прв на листата на толку криминалци на цел свет. Има киднапирано околу 33.000 деца, и доколку го изглеа филмчето ќе ти беше јасно. (ако е веродостојно видеото, а би сакал и другата страна да ја чијам, не гледам кој е проблемот)
--- надополнето: 8 март 2012 во 23:40 ---
Мрзам да испаднам хејтер, ама имам голема причина за тоа.
Видеово е ништо повеќе од маркетиншки трик на еднакво лоши луѓе.
Да не го дрвам, овдека е многу подобро објаснето :
http://tumblr.thedailywh.at/post/18909727859/on-kony-2012-i-honestly-wanted-to-stay-as-far
Некако ко да не ми е веродостојно ова а?
 
Доволно проблеми си имаме кај нас со слични околности за да имаме време за црнечки примитивизми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom