Пречи такво нешто,особено на личности како мене кои си ја љубат својат слобода,несакам по секоја цена да си се изгубам себе во тие тон прашања и во еден момент за да престане да ме прашува,да го изгубам сопствениот социјален живот во кој не е вклучен тој или па не дај боже да го влечкам со себе.
Така може само да ме изгуби,колку и да го сакам,ама штом осетам дека со нешто прави да се осеќам потиштено,не почитувано,се тргам,неможам да поднесам притисок...Ми пречи и тоа,прашува со кој,каде,зашто и на крај се мршти,епа затоа за да се поштедиш ти од лоши одговори и јас од твоето мрчење не ме прашувај воопшто.Ми се десило такво нешто,личноста која е со мене да несака одредени личности околу мене и после да настане караница,зашто јас се дружам со тие личности,излегувам и сл.Не го поднесувам тоа и со секој таков испад осеќам некој замислен сантиметар далечина меѓу нас.
А јас,знам да прашам да,ама онака,не дека нешто ќе ми смени,туку чисто да бидам у тек со настаните или па да не се совпаднеме со местата или да бидеме во иста околина па да се видиме ако се има можност да се искористат барем 5мин. инаку не ми смета,ниту пак се лутам,ако сака да оди некаде,нека оди,несакам да ме мрази и да не ме поднесува ради некоја таква глупост.