Константин Велики

icon1.gif
Цитат:
Напишано од matetes
Ова е исто како да кажеш дека црквата има паралелна наука со науката.

Шо за црквата не важи ли гравитацијата?

Цитат:
Напишано од matetes
Ааа, сега ми се јасни некои работи... од мајмун потекнуваш а?

marcus, каква навреда искажа Maran Ata?

makarios, како не ти е срам пред очите на целата јавност да ЛАЖЕШ ВАКА ОТВОРЕНО?

Ова (второто) не е цитат од мене, не ги лажи луѓето со фалсификати. Знаеш кој е Татко на Лагата? :baeh:
 
Јас се извинувам на ненамерната грешка. Вториот цитат е од Maran Ata. Прашањето и натаму останува исто, каква навреда изрече Маран Ата?
 
Јас се извинувам на ненамерната грешка. Вториот цитат е од Maran Ata. Прашањето и натаму останува исто, каква навреда изрече Маран Ата?

Прифатено. Се случува.
Прости за „бурната“ реакција. :smir:
 
Во историските податоци кои Чорбаџија ги наведе на навлегувам. За историските како и за сите емпириски факти тврдам дека се практично недокажливи. Тој тврди дека историските факти пренесени од Црквата, онакви какви што ги знаеме се филувани, јас пак мислам дека неговите факти се типична збирштина од масонски испревртувања. Од тој аспект ниту тој ниту јас нема да можеме да ги потврдиме бидејќи за секој податок може да се каже дека е наместен. Затоа да се повикаме на несоборливото, да ја повикаме смислата, логиката.
Не постои ниту едно движење во светот кое зависело од поединец. Сите светски движења се последица на движењето на мислата, а тоа пак го следело движењето на духот. Тие движења добри или лоши го одразувале движењето на човековата мисла/духот.
Ако Чорбаџија тврди дека Константин бил клучна фигура или како што го нарекува основач на Христијанството без кое тоа никогаш немало да ги достигне размерите на доминантна светска вероисповед, дали тогаш ќе биде точно дека да не се родел Мартин Лутер, немало никогаш да се појави протестантизмот. Или да не се појавел Карл Маркс немало никогаш да се појави максизмот и марксистичко-левичарските движења или да не бил Ленин немало левичарската идеологија да стане доминантна било каде.
Луѓето како Чорбаџија себе си сакаат да се претстават како „научни“ со „научни“ и „историски“ факти а ги рушат елемтарните основи на науката.
Во историската наука се сметаат за смешни гледиштата дека движењето на историјата зависи од поединците. Таквото гледиште каде историјата е зависна од поединците е наречено гледање на историјата како „дијалог на хероите“.
Од тој аспект за појавата на грандиозната доминантна вера, идеологија, учење, животна практика како христијанството во никој случај не може да биде одлучувачка одлуката на некој поединец. Она за што дошло времето ќе се рашири, она кое не дошло времето и најмоќниот да го промовира, кратко ќе трае.
Така за пример ќе го земам обидот на египетскиот фараон Ехнатон кој непланирано застанува на египетскиот трон и имајќи ги на ум сопстените гонења и страдања вложува се да ја отстрани старата египетска вера и на нејзино место да воведе друга похумана. И колку тоа траело? Се до крајот на неговото владеење кое и бил предвреме прекинато токму од свештенството и народот кое не било спремно за таква хуманизација и ја барале назад „мистиката“ на старата египетска вера. Слични такви обиди на римските владетели исто завршувале. Човештовото или неговите делови може да примат мисла за кое е спремно.

Така што Бог го испратил Богочовекот Христос да го проповеда Христовото учење во моментот кога човекот бил спремен да прими таква наука.
Напредокот на мислата не можел да се запре, истото важи и за добрата и за лошата мисла.
Поединците или ќе влезат во духот на новата мисла или ќе заостанат.
Пример ако Ленин не напреднел во својата глава во духот на комунистичката мисла друг ќе го запоседнел водечкото место. Оној кај кого идеолошката мисла најдалеку се развива тој станува нејзин водач. Идеологијата се еманира во поединци кои стануваат личносна претстава за целата таа идеологија.
Порано или подоцна некој ќе сфател и дефинитивно ќе го прифател христијанството како доминантно во однос на паганизмот.
За Христијанството имало цареви кои го прифаќале христијанството, имало кои го гонеле.
Теолошките предности на монотеистичкото христијанство во однос на дотогаш скоро целосно доминантниот политеизам биле огромни. Многубоштвото немало никаква идеолошка шанса против христијанскиот монотеизам. Денес како сериозни разгледувања за постоењето на Бог се земаат само монотеистичките верувања. Политеистичките се отфрлаат од проста причина што Бог кој дели нешто со друг Бог не е Бог. Ако има Бог тој е само Еден и во Него е се што постои.
Ако Царот Св. Константин не ја прифател Православната Вера, тоа ќе го сторел некој друг веднаш после него. А исто така можело да се случи постапката на Св. Константин да ја направел некој друг пред него. Поединците одлучуваат за порано или подоцна но процесот низ кој се оди не може да биде запрен. Секоја фаза на тој процес ќе биде помината, само траењето побрзо или побавно зависи од луѓето.
Потвда на ова е и што Христијанството не е прифатено само во Православна Византија, туку и во Латинските простори како и низ цела Европа иако на некој начин тие се политички конкуренти на Византија. Од таму христијанството ќе се прошири секаде.

ОД СЕТО ОВА СО ПРОСТА ЕЛЕМЕНТАРНА НАУЧНА КОРЕКТНОСТ ЧОВЕЧКИ ПОГЛЕДНАТО МОЖЕ ДА СЕ ЗАКЛУЧИ ДЕКА ПОЈАВАТА И ДВИЖЕЊЕТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО Е ОДРАЗ НА МИСЛАТА НА ДУХОТ И ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ВО ТОА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАВИСНО ОД ЧОВЕК ПОЕДИНЕЦ КОНСТАНТИН; АПОСТОЛ ПАВЛЕ ИЛИ БИЛО КОЈ.

НИЕ ХРИСТИЈАНИТЕ ВЕРУВАМЕ ДЕКА ДО ОВА УЧЕЊЕ ДО ОВАА МИСЛА ДО ТОЈ ДУХ НЕМАШЕ НИКОГАШ ДА ДОЈДЕМЕ АКО БОГ НЕ БЛАГОВОЛИ ДА НИ ГИ ОТВОРИ УМОВИТЕ ПРЕКУ БОГОЧОВЕКОТ ХРИСТОС ВО НАЈДОБРИОТ МОМЕНТ ЗА ЧОВЕШТВОТО.
 
Ако Чорбаџија тврди дека Константин бил клучна фигура или како што го нарекува основач на Христијанството

Грешка си сарде. Чорбаџија никаде не го нарекол, ниту пак ќе го нарече Константин основач на Христијанството. Чорбаџија го нарече и непрекинато го нарекува (на оваа, а и на сите други теми):

Чорбаџија напиша:
Паганскиот аријевец Константин - основачот на Византиската црква која подоцна ќе се самонарече "православна црква".

А зошто го нарекува така? Тоа е јасно образложено во воведот на оваа тема.
 
Грешка си сарде. Чорбаџија никаде не го нарекол, ниту пак ќе го нарече Константин основач на Христијанството. Чорбаџија го нарече и непрекинато го нарекува (на оваа, а и на сите други теми):

А зошто го нарекува така? Тоа е јасно образложено во воведот на оваа тема.

Во ред моја грешка, Константин основач на Црквата која денес се нарекува Православна Црква, но Чорбаџија, нели и пред Константин уште во Библијата се зборува за Црквата. Значи Црквата како заедница на верниците со хиеархиски дел надлежен за надгледување на нејзиното работење постоела уште до почетокот, поточно нејзиното почнување е со симнувањето на Светиот Дух врз неколкумина зачетници кои понесени од Духот излегуваат надвор, проповедаат и привлекуваат 3000 луѓе.
Ако зборуваш за измени во верувањето, (измени во Црквата). Измени никаде не е кажано дека нема да има, само измените треба да бидат развојни и континуитетни.
Затоа е и даден Светиот Дух „Кој ќе ви каже за се што треба“
Во таа смисла и измените кои се случувале во Православната Црква за време на Константин како и во другите времиња не се противречни на основите на верувањето од претходните времиња.

Не поби ништо од основите на моето тврдење, не навлегувам во тоа дали Христијанството и Православието е добро или лошо (за мене е апсолутно добро), но го побивав твоето тврдење дека: ПОЕДИНЕЦОТ може да има некоја значајна улога (како што му давате на Св. Константин, а некои и на Св. Ап. Павле) во глобалните движења на човековата мисла. Тие може да се носители, но само садови носители на мислата/на Д/духот, ако не биле тие ќе биле некои други.

Ако Христијанството а во негови рамки и Православното Христијанство покрива огромен простор, тоа не е дело на човек - поединец, туку тоа е појава во човековата мисла.

Лично за мене тоа е здрава појава, дарувана од Бога која изворно можеме да ја добиеме и денес. Но онака како што човековиот дух ќе се расипува така и таа појава ќе слабее и делови ќе примаат од болестите на човековиот дух.
Во таа смисла луѓето и поединецот имаат свое влијание како што пишав во претходниот пост. Може да влијаат на одлагањето или побрзото доаѓање, но процесите не можат да се избегнат, од таму се и сигурните пророкувања на Православните Светители кои гледаме несомнено се потврдуваат.
 
Во ред моја грешка, Константин основач на Црквата која денес се нарекува Православна Црква, но Чорбаџија, нели и пред Константин уште во Библијата се зборува за Црквата.

Во Библијата се зборува за Христовата Црква, а не за Константиновата Византиска (а подоцна православна) институција.
Христовата Црква постоела и пред паганот Константин, а си останува да постои и по него и таа воопшто не зависи од него и неговата новосоздадена црква. Впрочем, Христовата Црква нема никакви допирни точки со онаа "црква" што ја создал Константин.
Дали сега се разбираме?
 
За ова нема потреба да се зборува. Секој кој сака малку коректност знае дека придавките пред сите кои претендираат да се сметаат за Христови Цркви се произлезени од потребата да нема конфузија меѓу нив во комуникацијата. Оние кои имаат елементарна комуникативна култура тоа ќе го прифатат како нешто потребно и за тоа нема што да се плашат дека грешат пред Бог.
Бог во толкувањето на Неговата волја очекува барем нормална човечка здраворазумност.

Претпоставувам дека и сектите споменати во Библијата (николаитите на пример) себе си се сметале за Христови, но тоа не ги правело за такви.

Сепак главната точка на твоето пишување е за големината на улогата на Константин во дефинирањето на основите на Православната Црква. Јас тоа го отфрлив со ставот дека таква можност нема поединец освен ако таа мисла или неговите постапки не се поткрепени од трендот на мислата. Ако велиш дека волјата на царот Константин е единствено одлучувачката во основите на Православната Црква, тогаш ќе треба да речеш и дека волјата на Мартин Лутер е одлучувачка за појавата на протестантизмот. И двете не се точни, тие биле само спроведувачи на една тенденција која постоела и настапувала. Не навлегувам во расчистување која од тие тенденции е исправна, а која е погрешна, но доволно да се сознае неточноста на твоето тврдење дека поединецот (во случајов) Константин ја креирал Православната Црква каква што е и да не бил тој ќе било нешто друго.

Патем мислев дека си масонот Чорбаџија, сега гледам дека си протестантот Евенгелос. Да знаев дека си Еванелос немаше ни да ти реплицирам.
Зошто си ја презел улогата на Чорбаџија со неговата форма на пишување? Почетната статија е многу блиска на неговите некогашни пишувања.
 
Коректно од тебе.
Пошто Христос ја основа својата Црква, тогаш Он е воедно и глава на Црквата. Невозможно е било кој смтрник , па нека биде тоа и царот, да се впушта во интевренционизам во структура која самиот не ја создал. Црквата е Една, како што Христос е Еден. Една Црква-Една Глава на Црквата. Затоа, правоалвието не познава ништо повеќе од Една, Света, Соборна и Апостолска Црква, поради Апостолското преемство на кое има екслузивитет (дури и римоактолиците не се „ускратени„ за преемството, ама...). Улогата од Светиот Цар Константин, е од историско значење за Црквата: го озаконува нејзиното постоење паралелно со другите (паганскии) религии и накратко престанува прогонот на раните христијани. Константин сепак бил само дел од светованата не од духовната власт, па неможел ништо битно да промени во Црквата а уште помалку да создаде некоја нова црква, како што тоа се случува од Лутер па наваму, веќе 5 векови, За среќа, историјата од Црквата не учи дека и во незјините рани векови се појавија искривени учења (николаити, ариевци, оригенци, богомили, иконоборци...) кои отпаднаа од Вистината па денес се непостечки категории-само поими за одредени движења. Вистината е една, Црквата е Една, Христос е Еден и неделив. Се што е надвор од едното, со тек од време, отпаѓа, оти се покажува како невистинито или полувистинито, кое во својот зачеток настојува да ја замени вистината.
И , нормално, од погрешен извор се изнесува погрешна вистина. На темава, беа зинесени и години од т.н. вселеснки собори, кои се непознаница во црковнат аисторија. Занчи, „некој„ ги створил тие историски непосотечки собори, како добар материјал за напад врз православието. За возврат, беа изнесени и точните години во кои се одржани Вселсенските Собори и дел од нивните одлуки.
 
Вака сеа, роденден ми е на тој ден и многу многу резилење не поштувам, зашто тие ми се светци и ме штитат и кога ќе отидам во црква се помолувам и нивна икона бацувам и сигурно без причина не се светци!
Еве ова е од мпц:
Светиот цар Константин и Светата царица Елена

Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.
 
Константин Велики е основач на официјалната црква во Константинопол во 4 век, која во 1054 година ќе се одвои од католичката црква и подоцна ќе се нарече "православна црква", а потоа ќе се подели национално на македонска, бугарски, грчка, српска.. православна црква - кои потоа, за што сме сведоци и ние, очите ќе си ги вадат едни со други.
Но, да се вратиме на коренот на овие цркви - Константин Велики.
Константин Велики е признат како светец во православните цркви. На него православните му упатуваат и молитви, а и во одреден ден од годината го слават.
Но кој бил навистина тој?

Прво, Константин бил паган кој од христијанската вера направил "христијанска" религија кога потоа ја злоупотребувал за своите политичко-воени цели.

Второ, Константин, и покрај заповедта на Исус Христос, одбивал да се крсти до последниот ден од својот живот. А кога дошол тој ден, бил крстен од Аријевскиот епископ Евзебије Никомедијски.

Трето, Константин го свикал еретичкиот собор во градот Тир (335г.) каде што било негирано Никејското верување и на кој собор бил осуден Атанасие Велики.

Четврто, Константин го прогонил Атанасие во Триер, далеку од Цариград.

Петто, Константин (со свечена церемонија) го примил назад во "црквата" еретикот Арије, оној истиот еретик кој го негирал Христовото божество. Но, Бог не дозволил оваа пародија да оди до бескрај, и еретикот починал на самата поворка, а по една година починал и неговиот приврзаник - Константин.

Шесто, Константин заповедал војниците да ставаат на штитовите крст и да војуваат во "Христовото Име", иако Новозаветното Христово учење не познава "војување во името на Христос", туку вели: "Љубете ги своите непријатели, молете се и благословувајте ги оние што ве гонат"!

Итн. Ете кој бил всушност основачот на Византиската црква која со векови подоцна ќе премине во комплекс од православни цркви. - паганскиот аријевец "свети" Константин.
taka mislat tie koi ne se del od pravata crkva pravoslavnata ,taka ucat sektantite protestantite i site onie koi zamizuvaat pred vistinata i ja iskrivuvaat

Вака сеа, роденден ми е на тој ден и многу многу резилење не поштувам, зашто тие ми се светци и ме штитат и кога ќе отидам во црква се помолувам и нивна икона бацувам и сигурно без причина не се светци!
Еве ова е од мпц:
Светиот цар Константин и Светата царица Елена

Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.
i corbazija citaj sveti knigi i literaturni pouki kako ova sto ubavo ovde se ti objasnuva i pisuva . prava crkva e pravoslavnata koja go ima zacuvano pravoto ucene za boga a posle katolickata ke otpadne od svtata soborna i apostolska crkva od pravoslavnata , za od katolickata podocna da izlezat sektanti i pogresni ucena. pozz
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom