Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека САД никогаш не биле поблиску до изнудување на „меѓународна„ интервенција во Сирија.
Не знам како Асад планира да го реши случајов со џихадистите во урбана средина полна со бегалци и други цивили. Ако примени тешко наоружување, ќе им даде претекст на САД, за „хуманитарна„ акција. А кампот е малтене предградие на Дамаск.

Ако Сирија не го реши многу бргу проблемов, се си мислам дека ќе се деси таа копнената инвазија што се вергла последниве месеци по западните меинстрим медиуми.
 
Мал update на темава. Асад почна да губи ко Грчка!

Завземен Џиср ал Шугур - стратешки град што се наоѓа на граница со Латакија (провинција во Сирија каде мнозинство се Алавити - религиска поддгрупа на која припаѓа Асад). Линк

Завземен Идлиб - главниот град на истоимената провинција. Инаку Идлиб се наоѓа на патот кон Алепо и заедно со веќе завземениот Џиср ал Шугур ќе им помогне на Ал-Каеда да ја опколат Сириската Армија во Алепо.

Завземена воена база во близина на Џиср ал Шугур - големо количество на оружје паѓа во рацете на Ал-Каеда (од RPGs до тенкови).

Паника во Дамаск - Дали џихадистите се во поход и кон главниот град?

Дали Сирија со Асад на чело е „продадена„ од страна на Иран и нивниот бенефит од можниот договор со САД?
 
Се спремаат нови фолс флаг претексти во Сирија. Последниот спин е дека Сирија и ИСИС/Л се всушност сојузници - велат САД (кои и ги создадоа ИСИС/Л).

U.S. Embassy SyriaVerified account ‏@USEmbassySyria
With these latest reports, #Asad is not only avoiding #ISIL lines, but, actively seeking to bolster their positon. #Syria
https://twitter.com/USEmbassySyria/status/605475089056952320

U.S. accuses Syria of backing Islamic State
http://www.reuters.com/article/2015/06/02/us-mideast-crisis-syria-usa-idUSKBN0OI13D20150602

Syria: Isis advance on Aleppo aided by Assad regime air strikes, US says
http://www.theguardian.com/world/20...ppo-aided-by-assad-regime-air-strikes-us-says

И се разбира, тука се старите поуздани зирохеџ - да ја сублимираат ситуацијата:
Draw your own conclusions, but if one wanted to speed up the process of bringing about regime change in Syria, one way to do so would be to claim that Assad and ISIS are now working together in an attempt to crush the opposition.

That way, increased US military "support" could be justified by claiming that the barbarous ISIS hordes are now teaming with a regime that allegedly uses chemical weapons on its own people, thus creating a murderous Frankenstein monster by sewing together the ISIS bogeyman and the 'maniacal' Assad regime and trotting it out to the public as justification for yet another US ground war.

http://www.zerohedge.com/news/2015-06-02/isis-assad-regime-now-fighting-together-syria-us-alleges
 
Дали Сирија со Асад на чело е „продадена„ од страна на Иран и нивниот бенефит од можниот договор со САД?
Не, затоа што досега требаше да ти стане јасно дека Иран ќе го помага Асад до крај затоа што неговиот пад ќе значи огромен губиток на иранското влијание што ниту еден договор со САД нема да може да го компензира. Покрај ова, Иран е активно вклучен на терен, и во Сирија и во Ирак, иако не ја исклучувам можноста за пазар за поделба на Сирија, ма да дефакто Сирија е веќе поделена држава и без силна политичка волја и договор меѓу големите сили, како и регионалните ривали тешко дека тоа ќе се промени во догледно време.
 
Работата со Иран, е слична како со Руската Федерација. Русија ако не ја помага Сирија, ќе ја изгуби доминацијата на енергетскиот пазар во ЕУ. Никакви договори со САД, за подигање на цената на нафтата, или други мамки (како наводно повлекување на САД од Украина), нема да ја направат таа варијанта доволно прифатлива за Русија да се откаже од доминацијата на енергетскиот пазар во ЕУ.
Е сега Иран, ако се откаже од Сирија - овозможува катарски гасовод за ЕУ, губи шиитска власт во пријателска сојузничка соседна држава, и генерално ги заjакнува најголемите сегашни и историски арч-непријатели: Арапите (предводени од максимално воинствената и крвожедна Вахабистичка секта). Сетете се, катарските гасни резерви се единствените (покрај руските и иранските) кои е географски возможно да го снабдуваат важниот европски енергетски пазар (кој е од екстремна важност за американските геостратешки планови). Ако Иран се откаже од Сирија, се откажал и од свој иден гасовод за Европа - чија изградба беше официјално договорена и потпишана, со Ирак и со Сирија... За потоа да се „случи“ обоената револуција во Сирија и војната (се разбира, сето тоа организирано од САД).

Не е нити теоретски возможно САД да „договорат“ таква капитулација со Руската Федерација, или со Иран. Не без целосна соработка на марионетска влада, поставена со некоја обоена револуција (за што имаше скорешни обиди во Русија, и во Иран на претходните избори).

Нејсе, за да се разберат односите меѓу Иран и Арапските монархии - предлагам да се погледне следниов документарец (како некоја квази замена за подетално изучување на историјата на падот на Персиската Империја):
 
Објављено: 4. јун 2015, 10:45
Актуелно / Планета / Свет |
Албанац светски шампион борилачких вештина се придружио Исламској држави (ВИДЕО)

Двоструки светски шампион у боричачкој вештни „Муаи Таи“, 29-огодишњи држављанин Немачке албанског порекла Ваљдет Гаши ступио је у редове Исламске државе. Гаши је на свом Фејсбук профилу написао да се налази у Сирији и замолио рођаке да га не осуђују због те одлуке.

albanac-islamska-drzava-650x364.jpg

Гаши са трофејима (Фото: Lifenews.ru)

– Не осуђујте моју акцију, ви не знате целу истину – написао је Гаши и додао да он „осећа“ идеологију Исламске државе. Он је објавио фотографију како са својим трофејима позира испред заставе Исламске државе.

Albanac-islamska-drzava2-650x364.jpg

Гаши у Сирији (Фото: Фејсбук)

У међувремену је откривено да је Гаши припадао Исламској држави још док је живео у Немачкој и да је у изнајмљеном подруму обучавао борилачким вештинама младиће који би касније отишли у Сирију. Гаши им се придружио у јануару али је до сада крио информацију да се налази у Сирији.

http://www.pravda.rs/2015/06/04/alb...-vestina-se-pridruzio-islamskoj-drzavi-video/
 
Колку и да е неверојатна апсурдноста на феноменот на обезглавување на кафирите во име на омнипотентниот Бог, сепак следбениците и членовите на ИСИЛ и на неговата идеологија наоѓаат нешто вредно за борба и начин за корекција на неправдата и тоталното безредие кое владее низ светот. А тие се дел од тоа безредие. За нив е доста егзотична можноста за краткотрајна авантура на Блискиот Исток каде би се нашле на полето на борбата за исправање на животните неправдини и воспоставување на рајот на земјата. Посебно ако немаат никаква перспектива, а сигурен сум дека членовите на ИСИЛ не се сите по ред магистри и доктори на науки.

Така и Гаши, вели "вие не ја знаете целата вистина", што силно посочува на тоа дека отишол силно убеден во исправноста на каузата која ја застапува.

Нормално, дури и најголемото гомно воопшто не се сомнева во својата смрдеа и смета дека е величествена појава, а дали е навистина така - тоа е прашање на вкус.
 
Не, затоа што досега требаше да ти стане јасно дека Иран ќе го помага Асад до крај затоа што неговиот пад ќе значи огромен губиток на иранското влијание што ниту еден договор со САД нема да може да го компензира. Покрај ова, Иран е активно вклучен на терен, и во Сирија и во Ирак, иако не ја исклучувам можноста за пазар за поделба на Сирија, ма да дефакто Сирија е веќе поделена држава и без силна политичка волја и договор меѓу големите сили, како и регионалните ривали тешко дека тоа ќе се промени во догледно време.
Сепак мислам дека поделба на Сирија (за која се зборува од пред 2 години) е пораз на Асад и можна продажба од страна на Иран во замена за “нуклеарниот договор“. Во прилог на поделбата оди и наводната изјава на Сулејмани дека нешто непредвидливо се очекува во Сирија. Исто така во прилог оди и пристигнувањето на 7000 борци за одбрана на Дамаск и наводно ќе се искористи за превземање на Џиср Ал Шугхур.

@Vanlok Како прилично упатен во конфликтов, ме зачудува тоа што не можеш да ги поврзеш ИСИЛ и Асад.
 
Изјавата на Ќасим Сулејмани повеќе би ја протолкувал како најава за можна офанзива периодов што следува, отколку за поделба на Сирија. Ова го кажувам со оглед на контекстот на кажаното и профилот на генералот. Сепак останува можноста за поделба на земјата и одржување на статус кво, а Иранците сигурен сум дека си имаат пресметано колку добиваат и воопшто не се сомневам во нивната проценка.

Еве и јас го следам конфликтот од неговиот почеток и не можам да ги поврзам Асад и ИСИЛ.
 
@Vanlok Како прилично упатен во конфликтов, ме зачудува тоа што не можеш да ги поврзеш ИСИЛ и Асад.

Се разбира дека се поврзани. Само не се така поврзани, како што америчките меинстрим медиуми те убедуваат.

Поврзаноста е во тоа што Асад е основна пречка за најважните амерички геостратешки планови во светот. Навидум обичен пион, но пион кој е централен во играта и окулу кој е поставени крајата стратегија - end game, што би рекле Америте (и играчите не WoW, мала шала). Окулу тој пион се поставени многу од големите фигури, и кога тој ќе падне - тоа ќе биде со жртва на некоја од тие фигури, по што ќе следи размена на уште од големите фигури.

Не знам дали играш (и разбираш) шах ама - тоа е тоа.
ИСИС, исто како и Ал Каеда - се творевина на САД (или прокси творевина со амин на САД, преку Сауди Арабија и Катар, сеедно). ИСИС (исто како и Ал Каеда) ги исполнуваат стратешките цели и потреби на САД и локалните сојузници - вахабистичките монархии на Арабискиот полуостров, првенствено Саудиска Арабија и Катар.
Асад е припадник на Алавизмот кој го следи Шиитскиот Ислам, негови сојузници се другите шиитски држави пред се Иран. Затоа кога Сирија мораше да избира помеѓу двата гасоводи, катарскиот или иранскиот, Асад одбра низ Сирија да поминува иранскиот гасовод.
Тогаш САД почнаа со напори за да се сруши власта на Асад во Сирија. Прво со обоена револуција, а потоа со отворено финансирање на внатрешни и надворешни бунтовници во Сирија. Со тоа американски оружје се борат борците на ИСИС, и со разна друга америчка опрема. Се разбира Америте велат дека тие не ги помагаат ИСИС, туку „умерените/воздржаните бунтовници“ - но тоа е безочна лага, затоа што дури и некоја таква група да се има декларирано како независна, веднаш по добивањето на оружјето и обуката од американските инструктори - се приклучуваат на ИСИС.

Тоа ти е поврзаноста на Асад со ИСИС за тебе. Асад останува на власт само заради подршката од Руската Федерација и од Иран. ИСИС се америчка алатка, со која тие си „купуваат“ оправдување да упаѓаат во Сирија - пошто Обединетите Нации не се согласија со нивното барање за воведување на no-flight zone врз Сирија (и потоа неминовно бомбардирање и еветуална копнена офанзива, од НАТО).

Тоа е последната тактика на САД, да го представат режимот на Асад како неспособен да се справи со хуманитарната состојба во Сирија (која ја предизвикува никој друг туку амерканската алатка ИСИС). Но тоа во ОН нема да помине се додека Русија и Кина ставаат вето.
САД би ја нападнале Сирија и без ОН резолуција - преку прокси, преку локалните сојузници вахабистичките монархии Саудиска Арабија и Катар. Но проблемот е што Сирија сега е опремена со способни руски против авионски системи. Затоа упадите засега ги ограничуваат на териториите кои не се покриени со такви ротив авионски системи, и се надеваат дека нивните локални бунтовници од ИСИС ќе ја завршат работата на тернот. И така со години, пошто и двете страни се добро опремени за пешадијска војна. И добро снабдувани, ИСИС од САД, а Асад од РФ и Иран.
 
Да резимирам, ИСИС се творевина на САД? Да!
ИСИС и САД имаат исти краткорочни и среднорочни планови? Да!
ИСИС и САД имаат исти долгорочни планови? Не!

ИСИС се само алатка на САД за дестабилизација на регионот и инсталирање на puppet governments. Но, моментално ваквата поставеност им одговара и на Сиријците бидејќи имаат што да претстават како нивен непријател. Суров, вахабистички, срцејадачки џихадисти што би го силувале регионот и централниот дел од Сирија доколку Асад се повлече од власт.
Тоа беше и целта кога Асад ги ослободи исламистите на почетокот на војната. Тоа се истите луѓе.
За понатамошна врска помеѓу ИСИС и Асад оди малку поназад во времето и нека ти текне кои се вистинските војници во ИСИС (хинт: не се странците) и кои идеологии застапуваа пред да се трансформираат во ИСИС и кој ги помагаше за време на граѓанската војна во Ирак.
 
Грешка си, ИСИС е творба на Израел, Турција и Саудиска Арабија.
Само што сега на Саудијциве почна да му смета оти може војна да им се случи во нивното кралство.
 
Грешка си, ИСИС е творба на Израел, Турција и Саудиска Арабија.
Само што сега на Саудијциве почна да му смета оти може војна да им се случи во нивното кралство.
А израел е твпрба на? Саудите и турците кои им се најголеми сојузници?
Еден збор. Прокси
 
А израел е твпрба на? Саудите и турците кои им се најголеми сојузници?
Еден збор. Прокси

Израел е творба на Евреите, и секој што го игнорира тој факт е во заблуда.

САД во последно време не ги контролираат работите како што тие сакаат, а Ердоган баш и не ги еб*ва многу. Саудујците се приказна за себе.

Ако приметуваш САД се приближува до Иран последно време.
 
Грешка си, ИСИС е творба на Израел, Турција и Саудиска Арабија.
Само што сега на Саудијциве почна да му смета оти може војна да им се случи во нивното кралство.

ИСИС се поддржувани од Израел, Турција и Саудиски Арабија повеќе како сплет на околности одколку како претходно планирана акција. Едноставно, ИСИС уште пред да се преименуваат во ИСИС излегоа како едни од посилните групи во граѓанската војна во Ирак по окупацијата во 2003. Имаат добар тренинг, искуство и воспоставена команда уште пред да се преименуваат во ИСИС. Сепак, нели, мнозинството од ИСИС е распуштената војска на Садам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom