Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Еве како функционираат болните мозоци на европските конвертити:

18.11.2014, 11:27
ПО НАЈНОВОТО ВИДЕО СО ЗЛОСТОРСТВА НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

ФРАНЦУЗИН ГО ОБЕЗГЛАВИЛ АМЕРИКАНСКИОТ ХУМАНИТАРЕЦ

ФРАНЦИЈА, 18 ноември (АП) - Млад Французин се смета за еден од убијците во пропагандното видео на групата Исламска држава, во кое е снимено обезглавувањето на американски хуманитарен работник и смртта на повеќе од десетина сириски војници, рече вчера францускиот министер за внатрешни работи.

Министерот Бернар Казенев рече дека има солидна претпоставка оти Максим Ошар е дел од групата екстремисти во видеото објавено викендот. Тој ги повика младите луѓе во Франција да ги отворат очите пред ужасната реалност на милитантната група.
Казенев рече дека службите прават анализа на видеото и дека отвориле истрага за Ошар кој има околу 22 години и потекнува од место во близина на Париз. Ошар, кој ја има примено муслиманската вера, дал интервју во јули за француската телевизија "БФМ", во кое вели дека помогнал во освојувањето на Мосул, град во Ирак чие заземање беше повод за да почнат воените интервенции на САД во земјата.

5790558F1FC59D47A6D7FE844DB70CF3.jpg


Француски граѓани го сочинуваат најголемиот контингент на европски џихадисти кои им се приклучија на екстремистите во Сирија и Ирак. Според Јавното обвинителство на Париз, околу 1.100 луѓе се под истрага, а 95 се соочуваат со обвиненија. Ошар, за кого се смета дека пристигнал во Сирија во 2013 година, е дел од групата луѓе под истрага, рече Казнев. Во интервјуто од јули, Ошар вели дека ја очекува и $ се надева на смртта.
"Од лична гледна точка, мојата цел е да бидам маченик", рекол Ошар.

Соживот, соживот, соживот!
Да живее мултикултурализмот.[DOUBLEPOST=1416320646][/DOUBLEPOST]http://news.yahoo.com/obama-calls-beheadings-pure-evil-094334772.html

The cold-eyed militants lined up behind their victims in the latest Islamic State video appear to come from outside the Middle East, including one from France and possibly two from Britain, as the extremist group tries to show a global reach.
CIA has a global reach long time ago...

The images of the Islamic State militants, who are shown one by one in close-up, allowed authorities to identify one of them Monday as a 22-year-old Frenchman who converted to radical Islam.
Really? How do you convert to radical Islam?
 
Последно уредено:
Добро е што Асад успеа да остане на власт, инаку до сега Сирија ќе беше под целосна контрола на исламистите..
 
Деца учат пукање и убивање на неверници
Понеделник, 24 Ноември 2014 19:32


Џихадистите од ИД во неделата објавија ново шокантно пропагандно видео од детски воен камп во Казахстан, во кој децата се подготвуваат за воениот фронт.
Image193.jpg


Во кампот децата одат на училиште, учат боречки вештини и како да пукаат со оружје.

Децата ги учат правилата на ИД, нивните уверувања и верувањата дека тие се муџахедини на утрешницата. Иако мали, тие веќе зборуваат дека се спремаат да обезглавуваат неверници и се закануваат дека ќе ги убијат сите кои не ја делат нивната идеологија.

Во училиште ги подучуваат паролите на ИД, шеријатското право и тоа дека западот им го труе мозокот.

Во видеото е прикажана воената обукa низ која поминуваат децата. Сите носат маскирни униформи, а еден покажува колку брзо може да ракува со митралез. Децата се прикажани и во тактички формации, како и во вежбална во која вежбаат боречки вештини. Меѓу нив е и едно момче кое нема повеќе од четири години.

На прашањето што прават и што планираат да работат во иднина, децата велат дека ќе бидат муџахедини и порачуваат дека ќе ги заколат сите неверници.

Се проценува дека на ИД и се приклучиле околу 300 луѓе од Казахстан, од кои половина жени.

(ВИДЕО)
 
Кобане нападнат од џихадистите на Исламската држава од турска територија

Четворица бомбаши самоубијци од редовите на терористичката Исламска држава (IS) се разнесле во третиот по големина курдски град во Сирија на само километар од границата со Турција, пренесува Reuters.

Директорот на Опсерваторијата, Рахман Абдулрахман изјавил дека еден од самоубијците се разнел рано утрото во автомобил бомба на граничниот премин во непосредна близина на Кобане. Вториот самоубиствен напад се случил во истата област, а другите двајца џихадисти ги извршиле нападите во југозападните периферни населби на градот.

Курдскиот функционер Идриз Насан изјави дека најмалку еден од самоубијците со автомобил бомба пристигнал од турската страна на границата и дека во експлозијата има двајца загинати и повеќе ранети.

Досега во денешните борби се потврдени загинувањата на 30 борци, од кои 21 се припадници на Исламската држава, вклучително и четворицата самоубијци, додека другите девет жртви се курдски борци.
 
Кобане нападнат од џихадистите на Исламската држава од турска територија

Четворица бомбаши самоубијци од редовите на терористичката Исламска држава (IS) се разнесле во третиот по големина курдски град во Сирија на само километар од границата со Турција, пренесува Reuters.

Директорот на Опсерваторијата, Рахман Абдулрахман изјавил дека еден од самоубијците се разнел рано утрото во автомобил бомба на граничниот премин во непосредна близина на Кобане. Вториот самоубиствен напад се случил во истата област, а другите двајца џихадисти ги извршиле нападите во југозападните периферни населби на градот.

Курдскиот функционер Идриз Насан изјави дека најмалку еден од самоубијците со автомобил бомба пристигнал од турската страна на границата и дека во експлозијата има двајца загинати и повеќе ранети.

Досега во денешните борби се потврдени загинувањата на 30 борци, од кои 21 се припадници на Исламската држава, вклучително и четворицата самоубијци, додека другите девет жртви се курдски борци.
Има многу шпекулации дека терористите на ИСИЛ се вооружуваат од Турција со цел да ги потиснат курдите во Кобане, Турција ги користи исламитите како параван против курдите..
 
:гомце:

БАЛКА| 30 НОЕМВРИ 2014 - 8:41PM
Уште еден Албанец - џихадист убиен во Сирија



5540e32657648240b456f79c3ba51cbf.jpg

Уште еден Албанец од Балканот е убиен на боиштата во Сирија.

Станува збор за Косовецот Бурим Демоли од Коловица кај Приштина, кој бил припадник на џихадистите на ИД, пренесува МИА.

Веста за косовските медиуми ја потврдил негов братучед, кој додал дека по веста за неговото загинување почнале да примаат луѓе за сочувство. Демоли во Сирија заминал со сопругата и четирите деца, за чија судбина, како што изјваил неговиот братучед, не знаат ништо. Но, вели, се надеваат дека се добро и оти набрзо ќе ги пуштат да си дојдат дома..

Претходна последна потврдена вест за загинување на Албанец од Балканот беше за Шкелзен Думани (39) во средината на овој месец. Тој таму беше со неговите две малолетни деца, кои ги земал без согласност со сопругата. Уште пред да загине оставил аманет и на братот и на другарите доколку загине децата да не се враќаат во Албанија зашто „таму немало луѓе“.

Неофицијално до сега во Сирија и Ирак убиени се шеесеттина Албанци од Балканот, најмногу од Косово од каде и има најголем број џихадисти-Албанци, потоа од Албанија и од Македонија, петнаесет односно единаесет и еден од Бујановац.
 
Демоли во Сирија заминал со сопругата и четирите деца, за чија судбина, како што изјваил неговиот братучед, не знаат ништо. Но, вели, се надеваат дека се добро и оти набрзо ќе ги пуштат да си дојдат дома...
Без секирање, државата наша ќе се погрижи за нив (со пари од даноци и давачки кои најверојатно не ги плаќаат таму од каде овие се излезени).
 
Пак ќе потсетам, на Асад веднаш да му се изгради споменик.
И така имаме хиперпродукција на споменици,
Плус улица и ако може и некое мало паркче.:)
 
Во текот на 2014 година во Сирија загинале 76 021 лице. Од кои 33 600 цивили и 3500 деца..

алахакбар
 
^ Сирија нема економија, живее од кредити од Иран и Русија. Но кога некој веќе запнал да го руши Асад ќе најде начин без разлика колку е ретардиран изговорот. Нема да биде прв пат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom