@Vanlok Како прилично упатен во конфликтов,
ме зачудува тоа што не можеш да ги поврзеш ИСИЛ и Асад.
Се разбира дека се поврзани. Само не се така поврзани, како што америчките меинстрим медиуми те убедуваат.
Поврзаноста е во тоа што Асад е основна пречка за најважните амерички геостратешки планови во светот. Навидум обичен пион, но пион кој е централен во играта и окулу кој е поставени крајата стратегија - end game, што би рекле Америте (и играчите не WoW, мала шала). Окулу тој пион се поставени многу од големите фигури, и кога тој ќе падне - тоа ќе биде со жртва на некоја од тие фигури, по што ќе следи размена на уште од големите фигури.
Не знам дали играш (и разбираш) шах ама - тоа е тоа.
ИСИС, исто како и Ал Каеда - се творевина на САД (или прокси творевина со амин на САД, преку Сауди Арабија и Катар, сеедно). ИСИС (исто како и Ал Каеда) ги исполнуваат стратешките цели и потреби на САД и локалните сојузници - вахабистичките монархии на Арабискиот полуостров, првенствено Саудиска Арабија и Катар.
Асад е припадник на Алавизмот кој го следи Шиитскиот Ислам, негови сојузници се другите шиитски држави пред се Иран. Затоа кога Сирија мораше да избира помеѓу двата гасоводи, катарскиот или иранскиот, Асад одбра низ Сирија да поминува иранскиот гасовод.
Тогаш САД почнаа со напори за да се сруши власта на Асад во Сирија. Прво со обоена револуција, а потоа со отворено финансирање на внатрешни и надворешни бунтовници во Сирија. Со тоа американски оружје се борат борците на ИСИС, и со разна друга америчка опрема. Се разбира Америте велат дека тие не ги помагаат ИСИС, туку „умерените/воздржаните бунтовници“ - но тоа е безочна лага, затоа што дури и некоја таква група да се има декларирано како независна, веднаш по добивањето на оружјето и обуката од американските инструктори - се приклучуваат на ИСИС.
Тоа ти е поврзаноста на Асад со ИСИС за тебе. Асад останува на власт само заради подршката од Руската Федерација и од Иран. ИСИС се америчка алатка, со која тие си „купуваат“ оправдување да упаѓаат во Сирија - пошто Обединетите Нации не се согласија со нивното барање за воведување на no-flight zone врз Сирија (и потоа неминовно бомбардирање и еветуална копнена офанзива, од НАТО).
Тоа е последната тактика на САД, да го представат режимот на Асад како неспособен да се справи со хуманитарната состојба во Сирија (која ја предизвикува никој друг туку амерканската алатка ИСИС). Но тоа во ОН нема да помине се додека Русија и Кина ставаат вето.
САД би ја нападнале Сирија и без ОН резолуција - преку прокси, преку локалните сојузници вахабистичките монархии Саудиска Арабија и Катар. Но проблемот е што Сирија сега е опремена со способни руски против авионски системи. Затоа упадите засега ги ограничуваат на териториите кои не се покриени со такви ротив авионски системи, и се надеваат дека нивните локални бунтовници од ИСИС ќе ја завршат работата на тернот. И така со години, пошто и двете страни се добро опремени за пешадијска војна. И добро снабдувани, ИСИС од САД, а Асад од РФ и Иран.