Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно Кобани падна во рацете на ИС.
Турција наскоро може да очекува посета.

Ќе треба околните држави да почнат да градат линија на одбрана. ИС во неколку наврати победија регуларни армии.
 
Најверојатно Кобани падна во рацете на ИС.
Турција наскоро може да очекува посета.

Ќе треба околните држави да почнат да градат линија на одбрана. ИС во неколку наврати победија регуларни армии.

Позади ИСИЛ стои Турција, а исто така терористите на ИСИЛ беа обучени токму баш од турската армија, а инаку зошто беа ослободени сите дипломати на Турција од страна на ИСИЛ? Едноставно се знае, терористите на ИСИЛ се подржани и обучувани од Турција.. :гомце: Со цел Асад да падне од власта во Сирија, а исто така и курдите за да бидат потиснати..[DOUBLEPOST=1412695090][/DOUBLEPOST]
Курди упаднаха во сградата на ОН во Женева и са направили опит да симнат турското знаме.
http://www.focus-news.net/news/2014...di-minuti-pred-sgradata-na-oon-v-zheneva.html

Во право се курдите.. Турција да не ги поржуваше терористите на ИСИЛ, денеска териториите на Сирија и Ирак немаше да бидат окупирани од овие монструми..Владата на Турција треба да одговара за меѓународен тероризам..
 
Последно уредено:
Едноставно се знае, терористите на ИСИЛ се подржани и обучувани од Турција.. :гомце: Со цел Асад да падне од власта во Сирија,
Си го испуштил главниот креатор на ИСИЛ - САД. Просто требаше да создадат лоши момчиња, Асад неуспеаа да го оцрнат толку а пред се Русија застана зад него. Но сега кога има такви демонизирани групи Русија нема како да застане зад нив,и патот за Сирија на САД е отворен.
 
Си го испуштил главниот креатор на ИСИЛ - САД. Просто требаше да создадат лоши момчиња, Асад неуспеаа да го оцрнат толку а пред се Русија застана зад него. Но сега кога има такви демонизирани групи Русија нема како да застане зад нив,и патот за Сирија на САД е отворен.

Тоа се знае дека главниот креатор на ИСИЛ е САД, ама одма после САД доѓаат Турција,Израел и Велика Британија .. Само работата е што Турција апла си дава подршка на терористите.
А инаку ИСИЛ= САД,Турција,Израел и Велика Британија, односно од овие држави се создадени монструмите на ИСИЛ..:гомце:
 
Турција би можела да испрати копнени сили во Сирија
http://www.plusinfo.mk/vest/153467/Turcija-bi-mozhela-da-isprati-kopneni-sili-vo-Sirija
Прво ќе чекаат ИД да ги масакрираат сите Курди а после САД ќе го уништат АСАД, а Турците ќе си грабнат територии и од Сирија и од Иран. Ердоган ќе биде херој и вечно ќе владее со Турција. Русија и Иран појќе ги интересира цената на нафтата отколку Сирија моментално.
 
Страшна приказна на девојче од групата Јазиди: "Убив еден маж, издрогирав други за да побегнам"
tocka-139760.jpg

13.10.2014 | 17:16



"Ми кажа "ќе ти го променам името во Абеер, ни твојата мајка нема да те препознае. Ќе станеш муслиманка, а потоа ќе се оженам со тебе"".


Многу девојчиња и жени Јазиди биле киднапирани од своите домови на планината Синџар од страна на исламистите. Биле силувани, продадени или изложени на други ужаси. Судбината на ова 15-годишно девојче е една од многуте такви. Била продадена, па силувана неколку пати. Откако за разлика од своите сестри успеала да побегне, трагичната приказна ја раскажала наAssociated Press.

devojce-jazidi-strasna-prikazna-01.jpg

Откако била киднапирана од својот дом, таа и другите жени од семејството биле одведени во Тал Афар каде што ги затвориле и чувале се до воздушните напади на САД и коалициските земји на цели на Исламската држава. Потоа ги одвеле во Мосул, а потоа во сирискиот град Рака, каде што биле продавани како робинки.

"Ме продадоа во Сирија. Пет дена бев со своите две сестри. Една од нив подоцна беше продадена и повторно одведена назад во Мосул, а јас останав во Сирија", рекла несреќната девојка.

devojce-jazidi-strasna-prikazna-02.jpg

Во Рака ја омажиле за Палестинец кој го убила со пиштол, кој го добила од неговата чистачка. Побегнала, но немала каде се сокрие. Единственото место каде што ја познавале била куќата во Рака во која милитантите ги чувале по пристигнувањето во Сирија. Исламистите не ја препознале па повторно ја продале и тоа за 1.000 долари на еден саудиски борец.

"Ми кажа: - Ќе ти го променам името во Абеер, ни твојата мајка нема да те препознае. Ќе станеш муслиманка, а потоа ќе се оженам со тебе - но јас не сакав да преминам на ислам па побегнав", раскажало девојчето, додавајќи дека на мажите во куќата во чајот им ставила прав од кој заспале.

devojce-jazidi-strasna-prikazna-03.jpg

Потоа конечно успеала да побегне. Наишла на маж кој ја префрлил до Турција, каде што се нашла со својот брат. Тој на шверцери платил 2.000 долари да ги вратат на северот на Ирак. Сега живее со својот брат, додека нема информации каде се нејзините сестри, браќа и нивната мајка...
 
Работел во МО на РМ, загинал во Сирија како џихадист
http://www.kurir.mk/makedonija/vest...vo-Makedonija-zagina-kako-dzihadist-vo-Sirija

Седуммина од десетте македонски вахабисти за кои официјално е потврдено дека загинале во Сирија и Ирак биле жители на скопската општина Чаир, а петмина биле од исто маало во населбата Гази Баба. Двајца џихадисти живееле на иста улица, а други тројца на улици во радиус од педесетина метри, во маалото меѓу џамиите „Јахја-паша“ и „Тутунсуз“ за кои Исламската верска заедница (ИВЗ) предупреди дека се преземени од вахабисти.
 
Нашиве пизди се задолжителен дел од белосветските пизди, што праат невидени злосторства во Ирак и Сирија. Господ нека им суди и на нив и на тие кои ги подржуваат.

KОЈ Е СЕЈДУЛА АЛИЛИ, ЏИХАДИСТ ОД МАKЕДОНИЈА, KОЈ ЗАГИНА ВО СИРИЈА

ОД ОНА ВО ОДБРАНА НА ЧАИР, ПА ВО ИСИЛ

6E891831B3F7F7408B47F57801FDF665.jpg


Војувал во редовите на ОНА на Kосово, a потоа и во Македонија во 2001 година, по што следувало „заслужено“ вработување во Подрачната единица на Министерството за одбрана за општина Чаир и потоа во Институтот за духовно наследство на Албанците за на крајот да загине како џихадист на радикалната Исламска држава. Ова е дел од биографијата на 38-годишниот Сејдула Алили, дванаесетти Албанец кој деновиве загина во Сирија. Алили, чија адреса на живеење е на познатата скопска улица Дижонска, истовремено е и осми жител од општина Чаир што загинал во редовите на најрадикалните исламисти, кои ги гледавме како отсекуваат глави на неистомисленици.

Случајот со Алили отскокнува од досега познатите џихадисти од Македонија, кои беа, пред с`, млади лица, без вработување и со поскромно образование. Напротив, тој имал високо образование, па дури и имал магистерска титула, како и постојано вработување, кое му носело материјална сигурност. Токму неговата плата е предмет на контроверзии и тоа во делот дали му била исплатувана и покрај тоа што веќе не бил на работното место, туку во вооружените формации на најозлогласената терористичка формација. Според тврдењата на доброупатените извори, и покрај фактот што отсуствувал од работа, на негова трансакциска сметка во Македонија редовно му се исплатувала платата. Наспроти ова, од последната установа во која се наоѓал на платниот список, Институтот за духовно наследство на Албанците, одговорните лица тврдат дека доаѓал на работа с` до почетокот на август годинава по што зел годишен одмор и бидејќи не се појавил на работа три дена по завршувањето на одморот, му бил даден отказ. Меѓутоа, медиумите на албански јазик, кои први објавија дека Алили загинал во Сирија, во веста потенцираа дека тој подолго време се борел заедно со џихадистите, односно дека не бил во Сирија само од август.

Суспензија во Одбрана поради отсуството од работа

Приказната за врските на Алили со џихадистите практично започнува кон крајот на минатата година кога тој работел како надлежен раководител на службата задолжена за територијална одбрана во скопската општина Чаир, која е дел од Министерството за одбрана, а чиј министер тогаш е Талат Џафери од редовите на ДУИ. Според неофицијалните информации, Алили, кој претходно има го завршено средното исламско училиште Медресата во Kондово, а високо образование на УKИМ, каде што и магистрирал на албанологија, почнал да се однесува несекојдневно и да не се појавува на работа во чаирската подрачна единица уште во октомври-ноември минатата година. Нашите извори тврдат дека токму во тој период тој заминал за Сирија. Подолгото отсуство од работа тогашниот министер Талат Џафери веќе не можел да го толерира, па решил да му изрече дисциплинска мерка суспензија од работното место. Инаку, за вршење на работите врзани за организирањето на територијалната одбрана на општината, сега веќе загинатиот џихадист добил и соодветен безбедносен сертификат, што значи дека имал пристап до одредени доверливи информации од областа на безбедност.

Талат Џафери вчера не ни одговори на нашите телефонски повици и СМС-пораки за да ни објасни повеќе дилеми за неговиот поранешен работник, како што е преземената мерка, дали е точно дека бил мошне близок до неговата партија ДУИ и слично.

Работел, не работел

Но, случајот со Алили не завршува тука бидејќи под с` уште неразјаснети околности тој се префрлува на работа во Институтот за духовно наследство на Албанците. Таму практично се наоѓа на платен список од почетокот на годината. Актуелниот директор на Институтот, Скендер Асани, првин ни изјави дека такво лице не работи во Институтот откако е тој директор за да нешто подоцна во официјалната писмена изјава соопшти дека Алили, сепак, бил редовно вработен, дека доаѓал на работа и му дал отказ. Инаку, директорот Асани е редовно вработен во овој Институт уште од 2008 година како научен соработник. Еден од вработените, пак, со зборовите „не знам“ одговори на прашањето дали му е познато дека Сејдула Алили работел, односно бил негов колега.

Од МВР вчера потврдија дека им е познат податокот оти Алили порано бил вработен во Министерството за одбрана.

- Познато ни е дека тој работел во Подрачната единица на МО за општина Чаир - ни изјавија во полицијата.

Kако и во другите случаи со загинати Албанци од Македонија во Ирак и во Сирија, така и за него с` уште нема официјална потврда дека тој навистина загинал. Информациите за тоа се базираат врз основа на сознанијата што доаѓаат од редовите на неговите соборци - џихадистите.

Досега медиумите на албански јазик објавија имиња на повеќе од 30 Албанци од регионот што загинале во борбите во Сирија. Освен македонските, на листата се петнаесетина косовски и десетина државјани на Албанија. Седуммина од десетте македонски вахабисти за кои официјално е потврдено дека загинале во Сирија и Ирак биле жители на скопската општина Чаир, а петмина биле од исто маало во населбата Гази Баба. Двајца џихадисти живееле на иста улица, а други тројца на улици во радиус од педесетина метри, во маалото меѓу џамиите „Јахја-паша“ и „Тутунсуз“ за кои Исламската верска заедница (ИВЗ) предупреди дека се преземени од вахабисти.

Скендер Асани: Му дадов отказ бидејќи три дена по ред не се појави на работа

- Иако јас сум назначен пред еден и пол месец на позицијата директор, според нашата администрација и евиденција, можам да ви потврдам дека лицето Сејдулах Алили било вработен во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и до 4 август 2014 година доаѓал уредно на работа. Од 4 август 2014 до 5 август 2014 година тој со одлука на Институтот зел годишен одмор и потоа веќе не се пријавил на работа.

Откако утврдив дека тој три дена по ред не се пријавил на работа, според Законот за работните односи, одлучив тој да биде отстранет од работа. За с` друго, каде отишол по 4 август, зошто не се вратил повеќе на работа и каде е сега, информации немам и не можам да ви ги потврдам - ни изјави директорот Скендер Асани.

500 Албанци од регионот се во ИСИЛ

Според последните процени,. на боиштата во Сирија и Ирак се борат над 500 Албанци од регионот на Балканот. Најмногу се од Kосово, околу 300, па од Албанија речиси 150, преостанатите се од Македонија и многу малку од јужниот дел на Србија. Официјалната бројка на убиени се приближува на педесетина. Тиранската телевизија „АБЦ-њус“ деновиве, повикувајќи се на албанското Обвинителство, објави дека албанските џихадисти се борат и меѓу себе.

- Џихадистите-Албанци во Сирија и Ирак војуваат еден против друг бидејќи се регрутирани од две струи. Тие војуваат во две ривалски групи, едни во Џабхат Ал-Нусра, која се смета за дел од терористичката група Ал каеда, а други во ИСИЛ, потврдиле од Обвинителството за тиранската телевизија „АБЦ-њус“.

Според телевизијата, овие две групи меѓусебно војувале за неколку територии во Сирија и Ирак, во кои жртви имало од двете страни, меѓу нив и Албанци. Овој факт се потврдува и од она што го објавуваат на интернет Албанците што војуваат таму.

- Дел од албанските борци се наоѓаат во Тикрит заедно со војската на ИСИЛ. Тие се под команда на емирот Турчин, чија десна рака е Албанец од Елбасан познат како Заид Ал-Албани. Другата група, која е во Сирија и е дел од групата Џабхат Ал-Нусра, ја сочинуваат Албанци од Албанија, Kосово и од Македонија - тврдат од Обвинителството.

Бранко Ѓорѓевски
Мариела Трајковска
 
Znaci cel olos od svetov e na kupce vo sirija. Dobra moznost da nuklearnata bomba se pokaze kako delotvorna za covekoviot rod.
 
„Згазни врз отсечената глава“- вака во ИСИС ги воспитуваат своите деца!
Петок, 31 Октомври 2014 19:06


На фотографија која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина на бурни коментари против исламската држава, се гледа како родителите ги воспитуваат своите деца во ИД.
otsecena-glava500.jpg


Сè појасно е зoшто ИСИС со своите радикални ставови станува сè поголема закана за човештвото.

Исто така, познато е дека џихадистите и следбениците на Исламската држава не се воздржуваат од било каков вид на насилство, но оваа фотографија која се појави на социјалните мрежи ги шокирала сите. На неа јасно се гледа џихадист како го држи своето мало синче и го тера да згази врз отсечена глава.

Фотографијата предизвикала лавина на бурни коемнтари против џихадистите и Исламската држава.
 
Работел во МО на РМ, загинал во Сирија како џихадист

Војувал во редовите на ОНА на Kосово, a потоа и во Македонија во 2001 година, по што следувало „заслужено“ вработување во Подрачната единица на Министерството за одбрана за општина Чаир и потоа во Институтот за духовно наследство на Албанците за на крајот да загине како џихадист на радикалната Исламска држава.
Така, така, а чесните Македонци кои ниту еднаш не го прекршиле законот и имаат соодветно образование мешаат малтер за парче леб за себе и својата фамилија.

Оваа творевина наречена држава одамна требаше да биде збришена од лицето на земјата.
 
„Згазни врз отсечената глава“- вака во ИСИС ги воспитуваат своите деца!
Петок, 31 Октомври 2014 19:06


На фотографија која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина на бурни коментари против исламската држава, се гледа како родителите ги воспитуваат своите деца во ИД.
otsecena-glava500.jpg


Сè појасно е зoшто ИСИС со своите радикални ставови станува сè поголема закана за човештвото.

Исто така, познато е дека џихадистите и следбениците на Исламската држава не се воздржуваат од било каков вид на насилство, но оваа фотографија која се појави на социјалните мрежи ги шокирала сите. На неа јасно се гледа џихадист како го држи своето мало синче и го тера да згази врз отсечена глава.

Фотографијата предизвикала лавина на бурни коемнтари против џихадистите и Исламската држава.
i ti vakov fanatik ke go stavish vo RED ...eden politicar vikashe :ova e pleme (za albancite )ovie nemozesh da gi dovedesh vo red ,shto i da napravish ,a nashata drzava se poveke lici na libiska dzamahirija zoshto mnogu se nakotija ...ovie da im kazesh da go pocituvaat ZAKONOT donesen od nekogo ,od vlast ,od vlada ....nema shansa ...zatoa pak jas velam ,nesakam da ziveeam so niv vo ista drzava ,najrealno e da se podeli drzavata ...
 
Скандалозен телефонски разговор Путин - Ердоган
13.11.2014 | 09:55
Свет
Прочитано: 3117

Скандалозен телефонски разговор за Сирија се одвивал меѓу претседателите на Турција и на Русија, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, објавуваат руските медиуми.

97477.jpg
Ердоган во телефонскиот разговор жестоко му се обратил на Владимир Путин, дека Турција повеќе не може да биде рамнодушна кон масовното уништување на луѓе во Сирија која е зафатена од војна.

На чудење на Ердоган, Путин побеснал и категорично го предупредил турскиот претседател во иднина да не се меша во внатрешните работи на Сирија, бидејќи во спротивно Русија е подготвена да ја спречи Турција да разгори катастрофална војна во регионот.[DOUBLEPOST=1416056631][/DOUBLEPOST]Албанци се обиделе да прошверцуваат оружје за Сирија
15.11.2014 | 10:54
Регион
Прочитано: 234

Осуммина Албанци се уапсени вчера поради сомнение дека се обиделе да прошверцуваат оружје за Сирија, соопшти алабанската полиција.

97653.jpg
Групата е уапсена во Тирана и во градовите Шијак и Драч, а полицијата запленила седум автоматски пушки, две сачмарки, шест пиштоли, пет бомби и муниција.

Уште четворица осомничени се во бегство.

Полицијата не соопшти на кој начин оружјето било испратено за Сирија.

Верските лидери во Албанија апелираа до верниците да не им се придружуваат на бунтовничките групи во Сирија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom