Pisete be nesto novosti!!!!
Вака започнало: Еве што е вистинската причина за војната во Сирија
21.10.2016 | 19:25
Извор: Точка
Прочитано: 379 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
Гасот и нафтата отсекогаш биле жариште на проблемите на Блискиот исток, пишува италијанскиот весник "Il Sole 24 Ore", истакнувајќи дека причината за војната во Сирија е всушност моќен гасовод.
Како што наведуваат, војната таму започнала затоа што сирискиот претседател Башар ал Асад одбил да прифати преку сириската територија да мине моќниот гасовод од Катар во Европа.
Follow
jitters&titters @jittersntitters
Amen:
http://www.ecowatch.com/syria-another-pipeline-war-1882180532.html ….
6:26 AM - 21 Oct 2016

Syria: Another Pipeline War
The fossil fuel industry's business model is to externalize its costs by clawing in obscene subsidies and tax deductions—causing grave environmental costs, including toxic pollution and global...
ecowatch.com
Тоа, наведува италијанскиот весник, го предочил и Роберт Кенеди Помладиот во анализа во списанието
Politico, во која објаснил дека "вистинската причина за војната во Сирија е одбивањето на Асад да прифати гасовод од Катар до Европа, поради што Западот започнал кампања за оцрнување на Асад".
Кенеди Помладиот, роднина на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, наведува дека таа кампања за оцрнување на шефот на владата во Дамаск "не започнала поради мирните протести на сириската опозиција во времето на "арапската пролет во 2011. година, туку кога Катар во 2009. година понудил да изгради гасовод вреден 10 милијарди евра, кој би одел преку Саудиска Арабија, Јордан, Сирија и Турција" во Европа, а Асад одбил.
Претседателот Асад, се додава во текстот, тоа го образложил со тоа што овој гасовод би дошол во судир со интересите на неговиот сојузник Русија, најголем доставувач на гас во Европа.
"Ете добра причина да се согледа и побудата за интервенцијата на Москва во Сирија, па и неодамнешната средба во Анкара на Путин и Ердоган и нивниот договор да ги обноват плановите за изградба на гасоводот Турски тек", нагласува
Il sole 24 Ore.
Се забележува и дека "мора да се внимава кога се зборува за енергетските билатерални проекти на Блискиот исток: доколку некому правиш услуга, биди сигурен дека ќе наштетиш на некој друг".
Миланскиот дневник додава дека Асад во 2010. година почнал да се договара со Иран, својот историски шиитски сојузник, а клучен противник на Америка и Саудиска Арабија, за изградба на гасовод со голем капацитет кој иранскиот гас преку Ирак би го праќал во Либан, Сирија па натаму во Европа...
Il Sole 24 Ore вели дека Кенеди помладиот навел разузнавачки податоци дека веднаш американските тајни служби, заедно со Катар и Саудиска Арабија, започнале со финансирање на сириската опозиција и подготовки за рушење на режимот во Дамаск.
"А истовремено во јуни 2011. година, Обединетите Арапски Емирати, во име на земјите од Заливот, му понудиле на Асад финансиска поддршка од точно 150 милијарди долари да раскине со политичкото, економско и воено сојузништво со Техеран".
"За возврат, покрај пари, земјите од Заливот ветиле дека ќе биде сопрен бунтот против Дамаск", пишува италијанскиот весник.
Асад тоа го одбил, и амбасадорите на САД и Франција во Дамаск отишле во средиштето на бунтовниците во градот Хама, да го поддржат бунтот против сириската влада.
"Така оправданиот бунт на народот против автократскиот и брутален режим се претворил во војна преку посредници, со учество на Турција, а со благослов на тогашната американска државна секретарка Хилари Клинтон и парите кои доаѓале од Саудиска Арабија и Катар", се наведува во текстот.
Катарскиот гасовод, одбиен во 2009. година, бил некој вид на проширена верзија на гасоводот Таплин, кој уште во 1947. година сакале да го изградат американската компанија "Бехтел" и саудиската фирма "Арамко", па кога тоа го сопрел сирискиот парламент, ЦИА организирала државен удар во Дамаск.
Потоа во 1953. година Британците и Американците организирале рушење на иранскиот претседател Мосадек, кој ја национализирал индустријата со нафта...а слични настани уследиле минатите децении во целиот регион.
Во статијата се додава историјата во Сирија и Месопотамија на некој начин ќе се повторела доколку не дошло до руската интервенција во септември 2015. година, а Москва е играч кој сака да ја пополни празнината која таму ја оставиле Американците.