Конечно сфатив дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Треба внимателно да гледам пред себе, за да не газам на измет по улица :kesa:
 
љубов? ... која љубов? нема љубов
 
Конечно сфатив после 20 години дека дедо Мраз не постои :(:(..
и Сфатив дека подобро шмекам коа ке намигнам со левото око наместо со десното! :)
 
...дека џабе ми е се шо прам за неа.
 
Дека ни буреците не се тоа што беа ..
 
дека има многу дволицни лугје на светов, кои мислат дека ме лажат мене, а всушност се лажат самите себе...и ич не ми е гајле, јас пак си сум хепи :baeh:
 
Конечно сфатив дека имам потреба барем за еден ден,барем за еден саат ако треба,да почувствувам дека некој навистина искрено ме сака.Да го осетам чувството да бидеш сакан,а не да ме залажува.Не сакам повеќе да бегам и да се плашам да сакам.Стварно немам сила.Стварно ми е потребно некој еднаш за промена да ми даде љубов.Доста ми е од тоа да давам,а да не примам љубов.Не сакам да станам зомби кое не осеќа ништо.

А да и сфатив дека најубаво е кога пред другите сите лоши работи ги покриваш со насмевка.Не дека не знаев претходно,ама ете сега сакам да си го потенцирам заклучокот.
 
Сватив дека се е залудно и дека се е џабе.. ама јеби га... пак продолжувам .. иако знам дека нема да биде ништо... ЗАШОООО! :(
 
Дека и за грешник ко мене имало среќа....:tapp: :smir:
 
Дека треба да легнам зашто за саат и пол треба да станам! :S ... и не , не сум на гласачка кутија ако тоа помисливте!:)
 
Kонечно сватив дека има мн малце пријатели ВИСТИНСКИ и треба да бидеме малце претпазливи коа ги бираме нашите пријатели.
 
Конечно сфатив дека многа мразам кога некој ми дава забрани и ме ограничува.
Конечно сфатив дека мразам некој да ме контролира.
Конечно сфатив дека мразам кога зависам од некого.
Конечно сфатив дека мразам што сум сама...
 
Конечно сфатив дека....ја сакам повеке од СЕ на светов...и дека се би дал само да е сега овде до мене:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom