Досега имам сватено многу работи.Некој од тие работи се дека сум лудо заљубен во една девојка која навистина многу посебна личност со зелени очи и мирис на лотос.И имам сватено дека многу ми е криво за некој работи што сум ги направил во животов за кои навистина се каам многу но...тоа е тоа
Исто така имам сватено дека ако сакаш нешто да постигнеш во овој ......... живот треба да си плукнес на рачињата и да ставиш прстот на челото па да работиш,бидејќи нема ништо што е лесно во животов.Јас си имам некој работи сватено низ теков на мојов живот па си ги имам запишано во мојава глава како поучни совети.Еве дел однив па можеби на некој би му послужиле или би му се допаднале:
- Чувај се од самиот себеси
- Живеј со секого,незнаеш како ке си се најдете некогаш
- Имај своја гордост
- Никогаш не кажувај само туку докажувај
- Стравот доведува до почит
- Се ама буквално се што е претерано нечини
- Секогаш имај поставено цел(немојте никогаш да правите нешто бесцелно,онака само колку да се каже дека направено)
- Прво анализирај потоа реагирај
Навистина има многу работи што ги имам сватено но неможам да ги напишам сите.Се надевам дека успеав да споделам со вас барем дел од моите работи што ги имам сватено досега.
