Во просек да земеме дека изградбата на 1км автопат чини 1 милион евра, мислам дека километражата би била најмалку десет пати поголема. Не мора да биде изградба на нова инфрструктура, и ревитализација на постоечката е многу подобро од изградбата на било кој музеј или голем дел од спомениците. Приоритети се во прашање.
Далеку од 1 милион по км е .. Удри просек колку е Миладиновци-Штип или Кичево -Охрид. Се фаќа по некои 7-8 милиони.Немора од МК,ќе најдеш на нет и од околниве држави..Уште па ако има тунели,мостови..итн отиде цената над 10 милиони.Пази збориме за модерен автопат со 2+1 лента најмалце 3 слоја асфалт и дебелина 25-30 цм. Автопат што ќе трае најмалце 30 год.
По мое,можеби,т.е. не можеби него сигурно требаше приоритетите да бидат обратни.Прво автопатишта и железница па после ревитализација на СК.