Концертна турнеја на Симон Трпчески низ Македонија
Пијанистот Симон Трпчески ќе одржи концертна турнеја низ внатрешноста на Македонија во текот на месец ноември и декември.
Првиот дел од турнејата ќе опфати концерти во три градови од државата. Пијанистот на 14. ноември ќе настапи во Гевгелија, на 15. ноември во Струмица и на петти декември во Прилеп.
Програмата на првиот концертен циклус ќе опфати дела од Скрабин, Шопен, Брамс и Дебиси.
Трпчески на денешната прес конференција одржана во Скопје најави дека „концертите ќе претставуваат пресек на чувства. Чувства кои се длабоки, на поинаков начин искажани, но поврзани со љубов“.
„Сметав дека е фер концентрацијата да се насочи кон внатрешноста на државата“, изјави Трпчески, објаснувајќи зошто првиот дел од концертната турнеја нема да опфати настапи во Скопје.
Организатор на концертната турнеја е Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Идејата на проектот е да се пренесе светскиот тренд на рецитално концертирање во Македонија.
Организаторите најавуваат дека вториот дел од концертната турнеја на Трпчевски ќе се одржи во периодот февруари – март, кога ќе бидат вклучени други градови од државата.
Трпчески најави дека до крајот на оваа година ќе одржи неколку рецитали низ Европа, како и настап во Филаделфија, каде ќе свири со еден од најдобрите симфониски оркестри на светот, под диригентската палка на Антонио Папано.
Маестро Трпчевски по Нова година ќе има концерти во Малезија и Сингапур.