Концертна турнеја на Симон Трпчески низ Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tutkar
  • Време на започнување Време на започнување

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Локација
Скопје
Концертна турнеја на Симон Трпчески низ Македонија


Пијанистот Симон Трпчески ќе одржи концертна турнеја низ внатрешноста на Македонија во текот на месец ноември и декември.

Првиот дел од турнејата ќе опфати концерти во три градови од државата. Пијанистот на 14. ноември ќе настапи во Гевгелија, на 15. ноември во Струмица и на петти декември во Прилеп.

Програмата на првиот концертен циклус ќе опфати дела од Скрабин, Шопен, Брамс и Дебиси.

Трпчески на денешната прес конференција одржана во Скопје најави дека „концертите ќе претставуваат пресек на чувства. Чувства кои се длабоки, на поинаков начин искажани, но поврзани со љубов“.

„Сметав дека е фер концентрацијата да се насочи кон внатрешноста на државата“, изјави Трпчески, објаснувајќи зошто првиот дел од концертната турнеја нема да опфати настапи во Скопје.

Организатор на концертната турнеја е Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Идејата на проектот е да се пренесе светскиот тренд на рецитално концертирање во Македонија.

Организаторите најавуваат дека вториот дел од концертната турнеја на Трпчевски ќе се одржи во периодот февруари – март, кога ќе бидат вклучени други градови од државата.

Трпчески најави дека до крајот на оваа година ќе одржи неколку рецитали низ Европа, како и настап во Филаделфија, каде ќе свири со еден од најдобрите симфониски оркестри на светот, под диригентската палка на Антонио Папано.

Маестро Трпчевски по Нова година ќе има концерти во Малезија и Сингапур.
 
Покрај Тоше, и Симон е има за кое се слушна надвор од границите на Македонија. Има направено безброј концерти, и каде и да се појави, без разлика дали е тука или во странство се покажува во вистинско светло... Преку секој негов настап ни ја долововува љубовта што тој ја има кон музиката и кон пијаното. Само нека продолжи така...Секоја чест.
 
Барам друштво за Гевгелискиот концерт:pipi:
 
Ќе доаѓа во Штип? Ако доаѓа одам, не го пропуштам чоеков, нема шанси.
 
Lele kolku sakam ova coece da dojdi vo Bitola.Spored mene e eden od najdobrite pijanisti vo svetot.Love ya Simon
 
браво маестро! баш би сакал да посетам негов концерт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom