Комунизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Грмуш
  • Време на започнување Време на започнување
Kako si me etiketiral deka sum partiski vojnik alal ti vera...Ne e film toa shto se zhiveelo daleku podobro vo komunizmot zatoa rekov prashaj nekoj od tvoite ...dedo baba ili slichno pa kje ti odgovorat...ili i tie se partiski vojnici proizlezeni od fabrikata na komunjarite i SDSM.

Во “комунизмот“ се живеело подобро затоа што по падот на комунизмот, тогашните комунистички функционери се префарбаа во социјал-демократи и украдоа се што имаше да се украде во државава. Фабриките се опустошеа а работниците останаа на улица. Заглавивме во она што го викаме “транзиција“ а уствари не е ништо друго туку ограбување на државата. Значи не сме биле во некој систем кој може да се спореди со “старите добри времиња“. Да не го заборавиме и трупањето на кредити и долгови кои се броеја во милијарди.

Капитализмот е срање од систем ама погледни го животниот стандард на луѓето кои го поминаа минатиот век во капитализам, и оние кои живееја во комунизам. И да не збориме дека комунизмот се сруши како кула од карти а го срушија самите народи кои живееја во тој режим.

И мал пример: Берлин беше поделен со т.н. “Берлински ѕид“ на источен и западен дел. Луѓе секојдневно се обидуваа да го прескокнат ѕидот, многумина ги оставија животите таму за да прескокнат кон подобра иднина. И да, сите кои го прескокнуваа ѕидот го правеа тоа во насока исток-запад. Никој не го ризикуваше животот за да скокне во обратната насока.
 
Batali drugoto...ova e ona shto se bara.Tolku.Finito
Човек ти си имаш сериозни ментални пореметувања. Среди се малку. Убаво ти пишуваат членовите, ама не ти фаќа главата некако. Лечи се манијаче, не постоел комунизам во светот.

Абе Самоубицо,ај самоуби се и поштеди не. Немаш појма за ништо, а цело време префрлаш.
Никој човек до сега не работел и живеел во комунизам.
тогашните комунистички функционери се префарбаа во социјал-демократи и украдоа се што имаше да се украде во државава. Фабриките се опустошеа а работниците останаа на улица. Заглавивме во она што го викаме “транзиција“ а уствари не е ништо друго туку ограбување на државата.
 
Batali drugoto...ova e ona shto se bara.Tolku.Finito

Не ме вади од контекст цитирај ме до крај. Веројатно си задоен со комунистичка идеологија и затоа ти ги разбирам постовите, не очекувам ништо друго од тебе. Ама пробај 5 минути да размислиш самостојно, и да го споредиш западниот (капиталистички) и источниот (комунистички) свет во минатиот век, и спореди ги:

Животниот стандард на луѓето
Елементарните права и слободи на луѓето

На пример, да парафразираме малку. Кога сега би живееле во комунизам, овој форум на кој што јадеме бурек, не би постоел. Кога пак би постоел, а ние би пишувале исто како и сега, 90% од нас сега наместо на форумов ќе си правевме муабет во Идризово. Ти веројатно ќе беше во тие 10% што ќе ни доаѓаа на посета.
 
Не идризово.. туку Голи Оток :) Идризово е Луна Парк во споредба со Голи Оток.....

Тито наша љубичица дебела и право на голи оток на кржење камења и полнење вода во буриња со сито....

Тој што мисли дека било добро и убаво тогашш... а не живеел изгледа премногу дома слушал приказни од дедовците и бабите...

Од цела екс Југославија која била Комунистичка Македонија нема никаков ќар... се е приказна за мали деца...

Тешка индустрија Хрватска и Словенија.. може да се каже и Србија... додека овде ајдееее имало полно овци за стрижење па Текстилци и Сељаци по ниви.... да да Кукуруз и Пченицу за нашу Бјелицу....

Мои небраќа комунисти во Македонија... одете лечетесе!
 
Не идризово.. туку Голи Оток :) Идризово е Луна Парк во споредба со Голи Оток.....

Тито наша љубичица дебела и право на голи оток на кржење камења и полнење вода во буриња со сито....

Тој што мисли дека било добро и убаво тогашш... а не живеел изгледа премногу дома слушал приказни од дедовците и бабите...

Од цела екс Југославија која била Комунистичка Македонија нема никаков ќар... се е приказна за мали деца...

Тешка индустрија Хрватска и Словенија.. може да се каже и Србија... додека овде ајдееее имало полно овци за стрижење па Текстилци и Сељаци по ниви.... да да Кукуруз и Пченицу за нашу Бјелицу....


Мои небраќа комунисти во Македонија... одете лечетесе!

Па токму таквиот систем на уредување е во сооднос на комунизмот од книгите. Имаш голема држава која не може исто да произведува се. Луѓето мислеле дека комунизмот (во кој верувале дека е реален) ќе постои засекогаш, па поделиле како сметале дека е исправно, не мислеле на тоа дека некогаш ќе се распадне Југославија или ќе умре Тито (пу пу богохулие :pos: ) па да речат, “чекај во Македонија кога че дојде западното уредување ќе ги заебеме“. Работи кој што може (а одредиле дека македонците ќе бидат земјоделци бидејќи имаат услови за тоа) добива кој што треба. Во Македонија не се склопуваа делови за фичо, ама сите возеа стокецови.
Тоа што нереално се однесувале а не знаеле е друга работа.
 
Види, колку и да ја вртите плочата дека комунизмот е нешто друго, а она што го викаме комунизам уствари не е тоа, нема да ги смени фактите. Комунизмот е точно тоа што и се случи на Источна Европа во 20тиот век. Замислен беше точно со таа цел а беше спакуван во убави приказни за народот да го прифати.
ne ja vtram plocata sto e komunizam! tuka nigokas ne imalo komunizam a toa sto velis za istocna evropa e ziva vistina i nema so da ti kazam tuka...

Едноставно, човекот како битие не е и никогаш нема да биде во можност да спроведе таков систем, освен ако по твојата теорија не еволуира во суштество која ќе има чувство за праведливост еднаква на Бог..
da tocno taka :smir:
 
Јас сум Комунист !
ја подржувам идејата за комунизам, тврдам дека не се родил побрилјантен политички-економист од Маркс и дека неговите идеји не се застарени ,туку сеуште чекаат плодна почва за да се остварат !
Комунизмот е реална работа - наспроти сите негодувања на луѓето кои тврдат дека тоа не е изводливо а кои секако немаат прочитано ни едно дело од Маркс и Енгелс !
Од денешна перспектива мислам дека единствено делот на изумирање на државата а подоцна и нејзино укинување е потешко остварлив од порано, а се друго, секој друг аспект на целокупното колективистички поставено општество со таква економска уредба - сметам дека е повеќе од изводлива, прогресивна идеја која за брзо време ќе биде наметната како неизбежна нужност !

Комунизам или смрт ! Ќе победиме !
 
Јас сум Комунист !

Комунизам или смрт ! Ќе победиме !

Сега... извини што ти упаѓам, ама мислам дека е малку чудно да си и комунист и хулиган. И кого тоа поточно комунизмот ќе победи?
 
Сега... извини што ти упаѓам, ама мислам дека е малку чудно да си и комунист и хулиган. И кого тоа поточно комунизмот ќе победи?

Капиталистичките и имеријалистички вредности кои владеат во светот..
*******************************************************
И немешај Hooligan во муабетов...Јунајтед е Љубов за чија страст се активира хулиганизмот..... :)
 
интересна отворена тема комунизмот бидејки сум од постарите генерации можам да напишам и јас нешто . можам да кажам дека комумизмот не постоел во ниедна земја туку социјализмот како предходница на комунизмот беше уредување на повеќе земји од источниот блок па и кај нас .во социјализмот се бореше да нема класни разлики меѓу луѓето да нема богати или сиромаси туку само работничка класа каде што на работниците се да припаѓа а кога би го посригнало највисокото нивода премине во комунизам каде што секој ке работи и секој ке има колку што му треба нормално требало да работи свеста да не се зима повеќе отколку што ти е потребно но место комунизам со човечката лакомост дојде до грабилизам и стана капитализам кај што некои преку ноќ се збогатија а другисабајлето немаа ни леб да јадат средната класасе осиромаши до гола егзистенцијане можат своите деца да ги прехранат па камоли да ги школуваат но младиве генерации неможат да го сватат и бараат се повеќе .во комунистичка југославија постоеше само една партија комунистичката т.е владееше едноумие и секој кој мислеше поинаку беше казнуван и затваран но и имаше дисциплина и почит и во шеесетите години дури се одеше да нема повеќе нации во југославија туку само југословени а сега е прав бошубозук владее радикализмот национализмот и омразата па затоа има ограбувања убиства кражби .помладите генерации нека ги прашаат своите родители дали можеле да направат куќа дали можеле да сменат работно место ако не му се допаѓало и дали нивните родители можеле да ги запишат да се школуваат бесплатноа сега нивните родители може и гладуваат за да можат да ги запишат на факултет. но сепак дојде време за самоопределување до отцепување и повеќе умие па и ние моравме да се определиме за некоја партијаза да може да постојат вмровци сдсмовци социјалистисамо ги снема македонците нејкат еден со друг да се видат .кој живеел во двата периода ке знае кога се живеело поубаво
 
абе пробан е комунизмот... во русија на почетокот е воведена уравниловка... еднакви плати за сите.. одма после тоа е укината... што велите зошто ??? оти маркс имал јаки идеи ама не биле убаво спроведени... не оти не работеле идеите...
 
И кого тоа поточно комунизмот ќе победи?

Комунистите отсекогаш сакале да се борат со ветерници, не се сеќаваш? А после, ако по некоја космичка мискалкулација некој реши да им даде држава и да кршат глава, за ваквите ставови ќе бидат заслужни граѓани:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom