Работата ми повлекува 90% неискрени комплименти, така да станав дисфункционална по тоа прашање. На времето, ме збунуваа. Сега, не ги приметувам буквално.
Често слушам комплименти, а колку ги примам....е тоа е прашањето. Не паѓам на комплименти, мислам дека знам да распознаам искрен комплимент од лажен, даден колку ради реда.
А за давање...тешка сум и за тоа. Од мене комплимент добил само тој што стварно заслужил:icon_cool
Кога ќе слушнам комплимент, прво гледам кој го кажал затоа што очигледно е дека денеска се помалце има искрени комплименти. Преовладуваат оние кои се кажани од ради реда или со некоја задна намера.
А што се однесува до давањето комплименти, давам но многу ретко, така што знаат дека кога ќе дадам, навистина го мислам тоа.
Можеби мислењево нема сосем да се вклопи во темава, ама бар делумно фаќа простор овде
Ми текнува пред неколку години во некој весник прочитав дека Мајкл Даглас ја освоил Кетрин З. Џонс така што и пришол на некоја коктел забава и и го рекол следново : Сакам да бидеш мајка на моите деца. Уште тогаш ми остави впечаток тој комплимент, зашто навистина не можам да замислам поголем комплимент за една жена, бидејќи мажите многу строго ја бираат како што велат и самите мајката на своите деца, ака својата животна сопатничка. Споредено со ова, оние класични комплименти од типот многу си убава навистина имаа намалено значење.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.