Комплименти

  • Креатор на темата Креатор на темата sagaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Како вие ги примате комплиментите?
Како ги давате, кога, има ли посебни ситуации или треба да бидат спонтани?
Дали понекогаш имате чувство дека ги добивате онака само колку да се „добие„ нешто од вас, средство за манипулација?
Имате ли некаков став или теорија по ова прашање?
ги примам на чуден начин слично како и тебе..ке почнам да се преиспитувам од каде ова сега..ама сепак ке бидам учтива и ке кажам фала:pipi:комплиментите обично ги давам спонтано кога ке почуствувам дека треба да дадам на некоја личност..и секако дека има некои луѓе кои ги користат комплиментите за да манипулираат добијат или извлечат нешто од вас што е мн лошо за популацијава..али таков е светот во кој живееме..и најчесто само за тоа се зборува за жал:nesum:
 
Како вие ги примате комплиментите?
Како ги давате, кога, има ли посебни ситуации или треба да бидат спонтани?
Дали понекогаш имате чувство дека ги добивате онака само колку да се „добие„ нешто од вас, средство за манипулација?
Имате ли некаков став или теорија по ова прашање
-Комплименти би рекла дека не знам да примам. Понекогаш заборавам и фала да кажам, некултурно од моја страна.
-Ги давам најчесто спонтано и секогаш ги мислам не ми прави логика да кажам нешто со некаква скриена подла цел-ниско ми е тоа.
-Неискрени комлименти (комлименти кои имаат ,,задна намера,,) можам да препознам (или барем така си мислам).
 
Комплименти давам само кога мислам дека е тоа потребно и кога мислам дека нема погрешно да ме сватат. Комплиментите ги примам најнормално и можам да почуствувам дали се тие искрени или не.
 
Некогаш некој комплимент кога не очекувам знае и да ме збуни.Но се заблагодарувам.Ако мислам и чувствувам дека треба да дадам комплимент давам,ако не не давам.Некогаш и кога треба не давам.Луѓето се трудат на секаков начин да дојдат до тоа што го сакаат и за нив неколку лажни комплименти ако дадат не значи ништо.
 
Комплименти прифаќам и давам. Секогаш сум искрена, па очекувам и другите да се искрени кон мене.Комлименти кои се со скриена намера навистина ме навредуваат. Ако било кој бара нешто од мене слободно нека каже.
 
Сеогаш вистината во очи па дали тоа ќе излезе комплимент или критика не размислувам во моментот, но тоа мислам дека ми е мана би сакал да ја променам затоа што светот е многу нашминкан.
 
па ги примам често...........кога како понекогаш ми се одбивни понекогаш ми е мило што ги слушам....но сето тоа зависи од кого ги примам и дали се искрени........................секако убаво е кога ќе слушнеш некоја пофалба и нешто убаво за себе од другите....тоа влијае и на самодовербата па так атреба да знаеме дека како што нас ни доаѓаат добро дека треба така и на др да им ги делиме но секако да бидат искрени.............јас на пример преферирам да си молчам отколку да кажам нешто што не мислам....па и ако не ми се свиѓа нешто ќе го заблажам коментарот да не авучи лошонамерно хехехх
 
Ги примам многу нормално, јас уствари не ни размислувам за тоа дали е комплимент или не, едноставно ако ми кажат нешто убаво ќе кажам фала и толку, не го зимам здраво за готово или нешто слично... Нормално, сакам да добивам комплименти (не многу, еден е сосем доволен, после веќе ми станува непријатно) ама не ми значат нешто ептен многу, мислам, некој ако ми каже нешто убаво нема баш да ме добие на тој начин, ќе треба многу повеќе да се потруди :)
Истото и за давање комплименти, не размислувам, едноставно го кажувам, нема специјално или посебно време или место... Го мислам, го кажувам, крај :)
 
нит давам нит примам...лажни се улижувачки со задна намера.....
 
Давам комплименти,а кога примам најчесто се засрамувам.:smir:
 
ако ми се свиѓа личноста... бомбардирам со искрени комплименти..
 
не сакам ни да давам комплименти, ниту па да примам...:nenene:
 
Примам комплименти, но не како нешто посебно или не знам којзнае колку голема работа. Многу е важно од начинот да искажувањето на истите. Давам комплименти спонтано, едноставно ги кажувам во муабетот.
 
не сакам кога некој дава комплименти од умилкување, тоа не е начин да оставиш добар впечаток па макар и не ти се свиѓала личноста ни малку..секој добро знае кога некој некој му дава комплимент од срце а таквите ги прифаќам топло, не сакам комплименти што се вика ради реда..ако не му се допаѓам некому слободно нека ми го кажи никој не е совршен а баш по пријатно ќе се чувствувам доколку тоа ми го каже вистински,..
или црно или бело друго нема..:)
 
Зависи од кого е комплиментот ама го повеќето случаи I'm flattered:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom