Иако темава е во Чек дис аут јас ќе зема малку посериозен став.
ТФ е музика, која за основа има неколку музички шаблони од поедноставни повторливи слогови што нормално има уметничка вредност но која од музичка гледна точка е ниска едноставно уславно кажано груба, односно без никаква длабина и поголем квалитет. Освен тоа во обид да се добие малку на разнообразност се вметнува во средината на музиката друг вид на музика обично од стил кој воопшто не соодветствува со тој што се провлекува низ целотот дело (среднобалкански етно мотиви репордуцирани на инструменти кои не одговараат на времето на создавањето на тие музички мотиви меѓу кои се внесува турки чочек) со што грубо се нарушува и така едноличната и монотона мелодија.
Да не беше ТФ музиката ќе немавме репер за тоа што е новосоздадена музика од наводно музички образовани луѓе која е со исклучително низок квалитет и покрај денешните придобивко во сферата на музиката.
Бидејќи турбофолкот исклучиво е придружуван со текст односно песна треба да се обработи оваа проблематика пооделно.
Имено слично како и со музичкиот дел текстовите најчесто се од по 3 до најмногу 5 строфи со по еден рефрен кој може да варира во споредба на поставеноста на строфите. Строфите најчесто се во катренска форма. Оваа структура на песна е скоро идентична со таа што се обработува до четврто одделение и следствено е разбирива и прифатлива за секој дури и за тие со пониско образовнаие. Нормално некој со повисоко образование кому веќе му е „изживеана“ оваа структура воопшто не му смета и поинаква и поразлична структура на песната.
Друг аспект кој мора да се изанализира на текстот е и суштинскиот, односно тематиката , сижето и употребените уметнички форми. Тематиката на ТФ песните обично во 99% од случаевите се ограничува само на љубов, секс, тага, додека сижаето обично варира од нова рагорена страст кон некоја понедостапмна личност, до психолошко растројство и тешка депресија поради пропаѓање на една љубовна врска, нормално тука и одмаздата може да биде вметната. Од овде може да се види огромната ограниченост во однос на тематиката на песните во однос на другите музички правци со што претставува уште еден репер за монотонија и неразнообразност на текстовите.
Што се однесува до уметничките форми се забележува дека има обиди за да се употребат барем 10% од сите уметнички форми на сепак се се сведува на Компарација како неуспешен обид да се направи метафора, епитетот е доста често застапен за да се надополни недостатокот на останатите уметнички форми.Некогаш желбата на писателот да употреби уметничка форма е толку голема па за да постои рима во песната се внесува збор кој воопшто е соодветствува таму кај штое поставен. Значи и од литературан гледна точка ТФ-песните претставуваат репер за песни кои се сиромашни со уметнички форми.
Како и да е ТФ како наједноставна форма на музика и песна,во која се понижува целата литературна и музичка вредност, е прифатлива за „широките маси“ кои се составени од работничакта класа која обично нема виссоко образование со што и следствено не е образовно спремна да се носи со посложените и уметнички повредните музички правци односно да ја согледа разликата во квалитетот.
Мило ми беше што стегнавте заби и го прочитавте текстов до крај.