Колоквиуми или испити? Кој е подобар начин на полагање?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

Кој начин на полагање е подобар преку колоквиум или испит?


  • Вкупно гласачи
    80
Mislam deka na kolokviumi e polesno. Iace do sega nemam polagano, slednava nedela imam 2 kolokviuma, a ostanatite 3 predmeti gi odam na ispit pa ke vidime.
 
Најчесто е полесно да се полага на колоквиум одошто на испит.
Имаме помалку материјал, повеќе студенти, има повеќе можности за препишување...
 
Не сум факултет уште али сепак мислам дека е подобро колоквиум :) Барем за мене, зашто си го знам начинот на учење..
 
spored mene kolokvium, no za zal kaj nas skoro 90% od predmetite ke se polagaat samo preku ispiti.:toe::jaj:
 
KOLOKVIUM imas i poraven
Ispitot sekako ne ti bega

Зависи на кој факултет, на фон, европски и на полициска академија знам дека има али кај мене на факултет (пмф) поправен другата година : ))
 
Дефинитвно е полесно на колоквиуми, помал матерјал за учење, помалку кругчиња за боење, но на жалост кај мене повеќето предмети се на испит!!!
 
Јас не можам да се определам за ниедното, исто ми се фаќа.
Ретко успевам да положам нешто преку колоквиуми, повеќе среќа имам на испити.

Не ми се допаѓа тоа што доколку се падне на еден колоквиум, се нема право да се оди на следен. Поради тоа најмногу ја почитувам професорката по трговско право која ЕДИНСТВЕНА дозволуваше да се продолжи со следни колоквиуми без разлика дали имаш паднато нешто.

За потешките предмети секако се залагам да се положат преку колоквиуми додека полесните може да се остават за на испит. Ама амбициозните ние, сакаме се` да си фатиме преку колоквиуми па читаме се`, па читано-недочитано и после ќе останеме со прстот во уста.
 
Колоквиумот,материјалот е исецкан малце,а не за цел испит учиии цела книга од 500 стр =)
 
Проста математика....

Имаш едно говно.....

Опција 1. Да го изедеш цело наеднаш.......

Опција 2. Да го изедеш истото ама на два или повеќе делови.....со време t помеѓу оброци.....

:helou:
 
Колоквиум е подобро затоа што сепак материјалот ти е разделен,и полесно се учи..Но сепак за мене подобар начин е испитот,а и подобри отцени се иставаат на испити,барем кај мене е така..А и јас скоро сите на испити ги земав,на колоквиуми релаксирано си одев,ако поминев супер,ако на испит уште полесно си поминував....
 
Подобро е на колоквиуми, помалку имаш за учење. Башка, ако паднеш, тука ти е испитот, и ти доаѓа нешто као втора шанса. :icon_lol:
 
Според таа толку спомнувана Болоњска конвенција(мислам дека погодив името) треба да ти се дадет можност да полагаш на сите колоквиуми(2,3 колку ли се) и оценката да биде просек од сите колоквиуми и доколку не си задоволен од оценката или не исполнуваш услов за да положиш одиш на испит и зависно од ситуацијата одговараш за поголема оценка или за фаќање услов. Додека друга ситација е доколку ти се одлучиш да не полагаш колковиуми тогаш одиш директно на испит. Е сега бидејќи тоа му иди како многу замарање на професорите поради тоа што треба да прегледуваат различни тестови од испитите си модифицираа и направија дека оценката ја добиваш или од колоквиуми или од испит. На мојот факултет веќе некои професори ги прифатија правилата како што треба но некои уште си тераат по старо.
 
Абе за полесно, полесно е на колоквиуми АМА тешко дека ке ти остане нешто од тоа во главата. Друго е испит коа го учиш материјалот како една целина, имаш повеќе време да го спремаш, испечеш и да си го склопиш во главата. Вака на колоквиуми се` набрзина, само колку да го поминеш колоквиумот.
 
Дефинитивно испити.
Какви колоквиуми бре? Со колоквиуми полагање испити, па тоа за мали деца!!!!!!!!! И што ќе научите ништо??!!!!!!!!

Во сите престижни светски универзитети што ми се извесни предметите се полагаат на испити!!!!!!!

Оваа со колоквиуми полагање изпит???!?!?!! Па посмешно не може да биде!!!!! 20 стр. тест, 20 стр. тест, 20 стр. тест и си го зел испитот леелеее боже...

Работата е се заедно да научиш, систематизираш, и потоа тоа никогаш не се заборава го знам од лично искуство.

Иначе во Универсзитетот каде што учев јас полагавме ЕМ колоквиуми, ЕМ на крајот испит.

А колоквиумот ја имаше функцијата да не дремиме цела година туку постојано да учиме, и како дополнителен индикатор кај професорот за крајната оценка.

АКО САКАТЕ ДА СТЕ ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ САМО ИСПИТИ!!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom