Колку внимавате на изгледот и облеката кога сте дома?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Пижама си е пама коа сум сам, е сега кога ќе дојде некој нормално, се убацува тренерка моментално :).
 
Пижами или тренерки за по дома. фармерки нема шанса да ги носам дома.Косата ми е фатена во репче да не ми смета и да не ја фаќам нон стоп. Ептен при досада знам да се средувам, ама ретки се тие моменти
 
Мразам да седам по дома у пижами ,се осеќам нечисто .. чудно некако ,незнам како да објаснам.. :))
обично носам хеланки со некоја удобна тренерка
 
По дома сум ко избацена од поплава :pos:
Најчесто по пижами ама па пижамите ми се стилски :pos:
Косата чат-пат како ќе се погоди, некогаш добра некогаш ужас и така... I Love Myself :))
 
Па доволно внимавам за ако некој дојде ненајавен да се исплаши :icon_mrgr:
Не сериозно, понекгаш ме мрзи да се пресоблакам од школо па седам така, ама ако е викенд или распуст , тогаш сум по пижами/шорцеви и некој маичка, без шминка, а косата којзнае на што ми личи:noze:
 
јас увек пазам на излгедот пошто у секое време може да ми дојдат некој женски
 
Како си се облекувате по дома?
Тренерки, пижами, стара облека пред фрлање :icon_lol:, фармерки или пак си го носите она што сте го носеле во школо/работа/некое излегување и ве мрзи да се пресоблекувате...

И дали внимавате на изгледот дома?
Ако сте неколку дена по ред дома знаете ли и да не се исчешлате, машките да не се избричите со денови, не се средувате воопшто и онака никој не ве гледа. :)
Или напротив исчупани, налакирани, исфенирани сте секогаш па и кога со денови седите дома.
По дома пиштол :P
 
Строго во пижами, и кога е ладничко + џемпер да ме топли, а косата ја фаќам како стигнам. Поентата на домот е комфорот :)
 
По дома си се шетам по пењоар. И супер ми е во него.

Пењоарот ми е поклон од комшијата албанец. Увезен од ОАЕ, од некаков свиленкаст материјал. Не е како овие тука памучните или шотизнам. Прекрасен.

Како и зошто го добив тој пењоар, тоа е интересна приказна, меѓутоа малце ми е срам да ја кажам вака јавно. :)
 
Да внимавам на изгледот и кога сум дома ,сакам да сум средена секогаш и се трудам околу тоа и си наогам време за себе...се гледам на огледало...:)
 
не внимавам мн...гледам да ми е комотно, а сега во моментов богами и топло....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom