Многу ми значи, не бива денот ако не се насмеам +10 пати во него, ама она убаво со солзи
Обично избегнувам луѓе кои се намќори...Затоа си се дружам со личности што знаат да ме насмеат со солзи и да не се лутат на шеги :smir:
Многу, премногу.
Кога некој би ми се насмевнал, онака искрено, наивно чуствувам дека е отворен, пријатен, расположен.
Важно ми е да сум околу луѓе кои се насмеани и позитивно размислуваат, иако јас и не сум баш таква, па можеби и затоа најпоише ми требаат.
И увек кога разговарам со некој помалку познат, гледам да упатам искрена насмевка, затоа што многу пати ми имаат речено дека сум ладна личност, што тотално нема врска.
Секако дека многу, на кого не?Иначе ко ке некој ми спомнит "насмевка" ми теквит на еден ден сончев, убав, знам пролет беше, со другарка ми на една клупа седнати и буквално чутиме, не да речиш нешо вицој ова-она и се газиме од смеење,на се иво шо ке поминеше му се смеевме.:pos2:Љуѓево дефинитивно имет мислено дек сме лјуди во правата смисла на зборот, ама сеа то е....
насмевката ми значи и тоа многу. претежно сум во близина на насмеани и секогаш расположени личности. во принцип сум доста позитивна и расположена личност,но има денови кога едноставно не ми е денот и само насмевки во близина можат да ме расположат!!! е сега битен факт е и од кого е таа насмевка???
Насмевката и поддршката се нешта кои најмогу ми значат. Било да се од пријатели било од семејство премогу ми значат. Ги ценам и едноставно тоа се мали нешта кои се големи во мојот живот...
Да, насмевка е многу потребна, али онаа насмевка, која е искрена и предизвикана, не со сила. Насмевката може да реши многу работи и затоа гледам почесто да сум насмеана:smir:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.