Одам на шопинг кога ми треба некое парче облека. Не се случува многу често и најчесто ако знам што ми треба одам во продавницата каде што знам дека го има тоа го купувам и толку. Мразам да шетам по продавници и да разгледувам, а нема да купам ништо. Ако сакам да купам нешто а немам замислено што точно сакам, се случува да прошетам по неколку продавници, но тоа што ми се допаѓа го купувам и завршувам и не трае со часови купувањето.