Колку сте амбициозни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
амбициозна личност...да...кога се работи за амбиции се борам колку што можам да успеам да ги остварам досега не сум имала некој неуспех затоа што никогаш не се предавам и упорна сум во тоа што сакам да го постигнам
 
Кога ќе се постигне целта - задоволни или друга цел?

Дали кога ќе постигнете некоја цел знаете да уживате во тоа долгорочно, или задоволството од успехот е краткотраен, па секогаш имате нов предизвик, секогаш барате нешто ново кое ќе ви причинува задоволство.

Кај некои луѓе ова се манифестира низ успеси на полето на работата, кај некои низ образованието, кај некои низ предметите кои ги поседуваат. Некој ќе успее да напредува на повисока позиција во кариерата и ќе се задоволи. Некој сака да гази се пред себе и да стигне до врвот. Некој ќе купи кола или мобилен од соништата и е среќен долго време. Некој ќе ги купи, ќе ужива во нив кратко време, и потоа копнее за друг модел, поскап, понов...

Што би било интересно да се продискутира во врска со ова? Што е исправно? Дали првиот тип на луѓе се неамбициозни, или вториот тип на луѓе се ненаситни?

Колку уживате во постигнатото, ви трае ли долгорочно задоволството или...?
 
Дали одма од кога ќе постигнам нешто ми поминува меракот...најчесто не.Особено ако сум вложила повеќе труд за тоа што сум го постигнала,ондак сакам да уживам малку во тоа.Ваљда не сум губела време за џабе.Иако многу пати крајот може да испадне сосема спротивен од тоа што сме го замислиле.Секогаш имам некоја наредна цел.Според мене тоа е многу нормална работа.Нели сите се стремиме кон нешто подобро : ) Но тоа не значи дека треба да го правиме по секоја цена(како што кажа Мистичен во воведот) т.е. не треба да се гази преку трупови,само за да си го оствариме зацртаното.
Сепак поскромните луѓе се секогаш посреќни од оние амбициозните.Они секогаш се задоволуваат со малку,додека па на тие со поголеми амбиции секогаш нешто им фали...Што знам,најдобро е некоја златна средина да си држиш,всушност како и за се у животов,не само за ова.
 
*Кога бев мала плачев со денови по некоја кукличка со енормна цена, кога ќе ја добиев ќе си поиграв кратко, и ќе ја фрлев, ќе ја заборавев*

Да, бргу ми поминува. Секогаш сакам да постигнувам нови и нови цели во животот. За мене патот до постигнување на целта е предизвик. А сакам предизвици.
Можеби е ова погрешно, но бргу ми здосадуваат работите.. Без разлика колку и да сум се борела за тоа нешто.. Кога ке го добијам не трае задоволството долго.. Сакам нешто ново. Сепак тоа што го немаме го бараме и цениме повеќе од тоа што ни е во раце. Можеби затоа што не му го знаеме вистинскиот лик, и подсвесно го проценуваме повредно од што навистина е.
 
Кога целта не ми е постигната мечтеам за да ја постигнам..а кога ке ја постигнам интересот паѓа.
 
Зависи колку труд сум вложил за да ја постигнам целта,некогаш тоа трае долго и не ми текнува на ништо друго некогаш откако ќе ја постигнам целта,имам желба за нешто ново.
Не би рекол дека првиот тип на луѓе се неамбициозни,туку знаат да уживаат подолго во целта која си ја оствариле,не оправдувам постигнување на цели кои се постигнати што би се рекло преку рушење на се пред себе,но во денешно време тоа е се повеќе застапено.
 
Постојано си ставам нови предизвици пред мене, сакам да просперирам во животот. Се трудам што е можно најбрзо да го решам проблемот - да ја постигнам целта, понекогаш знам да згрешам или да претерам, но тоа е... обичен човек сум. Откако ќе ја завршам работата гладен како волк преминувам на следната и се така додека еден ден не се почустувам полн, додека не се почуствувам заситен од животот.

Дали тоа некогаш ќе се случи? - Не ми се верува, знам дека секогаш ќе си поставувам нови предизвици, нови цели, ќе гледам со други очи... ќе чекорам кон некои нови хоризонти. И така...
 
Една од моите мали маани. Кога ќе постигнам некоја тешка цел правам простор за одмор и задоволство.
 
Спаѓам во типот на луѓе кои повеќе имаат прилив на енергија додека се борат да добијат нешто, а кога го постигнат тоа не се нешто посебно изненадени, затоа што го заслижиле...Задоволството многу кратко ми трае, а во главата почнува да ми брмчи некоја друга, потешка цел....
Па и ако се задоволиме и останеме задоволни со тоа што досега сме го постигнале, нема никогаш да напредуваме во животот, ќе се јави стагнација и меланхолија...
За мое големо чудење имам сретнато само еден човек кој ми рекол дека е задоволен со постигнатото и не сака ништо повеќе...:toe:
 
Што повеќе цели, толку подобро.

Кога ќе завршам некоја цел, одма преминувам на нова :)
 
Задоволен,али за кратко.После преминувам на нова цел
 
не ми е више интересно , идем у ноф поход ...
 
nov predizvik i pak od pocetok.najinteresnoto e duri se stremis da go dobies ona sto go sakas.koga ke go dobies...eh toa e veke druga prikazna.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom