Колку сте амбициозни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Дали кога ќе постигнете некоја цел знаете да уживате во тоа долгорочно, или задоволството од успехот е краткотраен, па секогаш имате нов предизвик, секогаш барате нешто ново кое ќе ви причинува задоволство.
Знам да уживам додека се трудам да ја постигнам целта, затоа кога е постигната, уживам малку и одам напред.

Кај некои луѓе ова се манифестира низ успеси на полето на работата, кај некои низ образованието, кај некои низ предметите кои ги поседуваат. Некој ќе успее да напредува на повисока позиција во кариерата и ќе се задоволи. Некој сака да гази се пред себе и да стигне до врвот. Некој ќе купи кола или мобилен од соништата и е среќен долго време. Некој ќе ги купи, ќе ужива во нив кратко време, и потоа копнее за друг модел, поскап, понов...
Мене лично тоа ми се манифестира низ успеси на полето на работата. Како сопственик на свој бизнис, од самиот почеток па до сега, не сум престанала да напредувам. Не газам никогаш никого пред себе за јас да успеам, не е некаков болен копнеж, не е дека морам така ... едноставно, чувствувам потреба кога можам да одам чекор напред. Со секој постигнат успех се радувам кратко време, па веднаш после тоа ја фаќам наредната шанса. Конкретно за ова, мислам дека за да не пропаднеш мора да вложуваш и да се подобруваш, па ваљда поради тоа така и постапувам.

Што би било интересно да се продискутира во врска со ова? Што е исправно? Дали првиот тип на луѓе се неамбициозни, или вториот тип на луѓе се ненаситни?
Не е баш добро човек да престане да се бори за повеќе, кога ќе го добие првото замислено нешто. После тоа едноставно би се угушил во монотонијата, би се чувствувал некорисно и лошо и би немал за што да живее на некој начин.
А вториот тип на луѓе ... има и од нив различни. Има некои кои по секаква цена трчаат накај својата цел, без оглед што газат и уништуваат. Тие што преминуваат секаква граница се баш ненаситни и лоши според мене.
Затоа треба да се има една златна средина за било што ...
 
Зависи колку сум се трудел за да го постигнам тоа.Ако вложениот труд е голем,премногу сум изморен да уживам во тоа,а и премногу е неспонтано дојдено.Нема изненадување во него.Нема возбуда.Однапред сум знаел дека ке го добијам и тоа не ми прави некое особено задоволство.
Спротивно,ако воопшто не сум се трудел,и ако тоа ми паднало од небо,ха,уживам дури премногу во тоа...прекрасно ми е да го имам...
 
Кога ќе се постигне целта многу нормално дека се чувствувам задоволно. Но тоа задоволство не предизвикува некој вид на стагнација за да се задоволам со дотогаш постигнатото. Напротив, секое задоволство од постигнатата цел ми претставува уште поголем потттик и предизвик да се стремам кон некоја друга цел. Уживањето во постигнатата цел трае и додека се обидувам да ја постигнам, без разлика на падовите и подемите на кои налетувам за времетраењето на остварувањето на мојата замисла.
 
...

Дали кога ќе постигнете некоја цел знаете да уживате во тоа долгорочно, или задоволството од успехот е краткотраен, па секогаш имате нов предизвик, секогаш барате нешто ново кое ќе ви причинува задоволство.

Кај некои луѓе ова се манифестира низ успеси на полето на работата, кај некои низ образованието, кај некои низ предметите кои ги поседуваат. Некој ќе успее да напредува на повисока позиција во кариерата и ќе се задоволи. Некој сака да гази се пред себе и да стигне до врвот. Некој ќе купи кола или мобилен од соништата и е среќен долго време. Некој ќе ги купи, ќе ужива во нив кратко време, и потоа копнее за друг модел, поскап, понов...

Што би било интересно да се продискутира во врска со ова? Што е исправно? Дали првиот тип на луѓе се неамбициозни, или вториот тип на луѓе се ненаситни?

Колку уживате во постигнатото, ви трае ли долгорочно задоволството или...?

Живеам за да постигнувам.

Најлошото е што скоро никогаш и не уживам кога ќе го постигнам тоа за што сум се борела, просто на тоа гледам како на само уште една помината граница, ништо посебно, одиме понатаму.

Не верувам дека ни првиот тип на луѓе се неамбициозни, ни вториот незаситни.
Едноставно постојат луѓе кои знаат многу добро што скаат и што им е навистина битно, па на тој начин и делуваат, кога ќе го добијат тоа што го сакаат уживаат во тоа.
Вториот тип на луѓе, во кои и сама се наоѓам, едноставно е само потреба за признание, потреба од адреналин и менување.
Постојано секој ден, нов предизвик, нова граница за минење, нов рекорд за уривање.
 
тоа колку време ќе сум задоволен зависи од постигнатото.
а јас лично повеќе уживам во процесот на постигнувањето отколку во резултатот
 
Според мене, секој има една главна цел во животот, да речеме да стане некој и нешто или сл, и помали цели, пример вечер да се начука или да смува нешто на искачање, но онаа главна цел е таа што не води во животот. :)
 
секогаш има нова цел!никогаш не сопирам!имам среќа што не сум многу амбициозен и немам многу болни цели!но тоа е трката што ја правиме со самите себе си!она кон што се стремиш кога ќе го постигнеш или добиеш го идеализираш пред тоа!кога е во твоите раце-тогаш има нешто друго што треба да дофатиш!
 
Па зависи за каква цел станува збор, ако целта ми е мобилен пример ( од набројаните) тогаш додека не ми пројде меракот нема да го заменам. Друго, ако целта ми е работа, напредок некој во кариера, не правам простор туку продолжувам. Не застанувам секогаш барам повеќе, било да е за образование или работа. Премногу амбициозна сум и сериозно пристапувам на работите. Сакам да успеам, а нема да успеам ако чекам или ако се одмарам. Се радувам кратко на постигнатиот успех ама го занемарувам тоа и продолжувам, покасно ќе ги јадам плодовите од успехот кога ќе го добијам тоа што го сакам.
 
Ви текнува на митот за Сизиф? епа ова е тоа...Двигател на човекот е целта, а и самото трагање по целта е убаво на некој начин.
 
Се разбира дека кога ќе ја постигнам определената цел се радувам и уживам во таа победа,но сепак си поставувам и нова цел.Сакам да напредувам во животот,што е многу нормално,но сепак не по секоја цена.Не сум од оние за кои “Целта ги оправдува средствата “ им е животно мото.
Сум доста амбициозна,но мојот успех ќе го постигнам како што треба,на фер и чесен начин.
 
Па како прво треба јасно да се има цел. И нормално откако ке се постигне целта, треба да се знае да се ужива во она што сме успеале. А, се разбира дека после една цел, следува друга и тоа повисока од првата :)
 
кога ке ја постигнам целта се радувам многу но веднаш смислувам нешто друго.и се стремам кон ново освојување на нова цел.ама ако сакаш да си успешен мораш да имаш цел.
 
Ви текнува на митот за Сизиф? епа ова е тоа...Двигател на човекот е целта, а и самото трагање по целта е убаво на некој начин.

Навистина така е, се е кажано во ова.:helou:
 
кога ке ја постигнам целта се радувам многу но веднаш смислувам нешто друго.и се стремам кон ново освојување на нова цел.ама ако сакаш да си успешен мораш да имаш цел.

presrekna sum ako ja postignam celta no ne zastanuvam tukaaaa
" ...produzi dalje produzi dajle ... " taka vika pesnata na Chola:pos2: :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom