Колку сакате да сте сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
па два, до три часа дневно... ако може
 
доволни ми се два три саати во денот да си ги посветам само на себеси, со добро музиче, добро расположение и добро се размислува....:smir:
 
Сакам да сум сам онолку колку што сум им потребен на тие кои навистина ми значат нешто. Да седам сам онака еден час здодевно ми станува. Можеби едно половина час, али тоа во ретки случаи, коа ептен е “врело“ дома и би сакал да се тргнам од сите тие пискотници и викања. Али зотоа тука е мојата соба, музиката и интернетот. Па јбг, на крај краева идам надвор и ако треба у подрумот ќе седнам, со мобилниот и ќе чачкам нешто. Онака само 10-минутно мирување. Бидејќи колку повеќе ќе бидам сам, толку повеќе сакам да сум со некое живо суштество...
 
Па у принцип не сакам да сум сама многу време пошо ми е досадно, обично икога сум сама, или се посветувам на козметички третмани кој треба да ги направам, или седнувам на компјутер и се едуцирам за различни програми кој ми се хоби, или пак се јавувам негде и одам на кафе, дружење и оговарање...ја мразам самотијата
 
Малку чудно звучи ама уживам кога сум сам, можам да седам по цел ден во соба каде што има само маса и стол, ништо друго не ми треба, кога сум сам размислувам за работи за кои единствено кога си сам можеш да размислиш, сакам да сум сам затоа што знаеш дека имаш мир дека никој не ти прави лице, не ти ги кажува неговите планови кои не те интересираат, не ти кажува работи кои го мачат, не ти кажуваат што направил овај-онај, се разбира дека некогаш имам потреба од социјализација ама прекрасно е кога си сам во границите на нормалата.
 
Сакам излегувања со големо друштво...но периодов некако сум тиња и повеќе сакам да сум сама во соба,со балади и лап топот пред мене...па онака асално да си се исплачам! До пубертетот ќе да е! :) Инаку сум тип на човек кој сака да се смее и да биде опкружено со луѓе :)
 
Во никој случај сам да не сум шо е досадно досадно е ептен некогш ко ќе ми се спие хаха
 
Сеедно ми е дали сум со друштво или не , знам да се расположам самиот себе . Многу често водам монолог па и не се чуствувам , сам when i am Actually alone. (морав ова на англиски , на нашки не ми звучеше баш)
 
сакав да сум сама, ама сега кога гледам како е, ич не се издржува. абе не повеќе од 2 саати
 
Убаво е да отидеш негде, на кратко период сам, пример неколку дена. Најдобро на планина, природа.. за да дознаеш уште повеќе за себе и за твојот вистински "дух" На таков начин дознаваме многу за најдлабоките делови од нас кои во социјалниот живот ретко доаѓаат на виделина (inner self) Сепак комуникацијата, пријателите, семејство социјализацијата се нешто без кое неможеме, барем не на долг период.
Се согласувам во целост...
Понекогаш неможам да се разберам себе па не очекувам ни од другите, понекогаш е пуста потреба да си сам...
Планина е правиот избор а на вакво место инструментална музика од типот Kiss the rain...
На периоди самотијата ми годи и не ми е потребен никој друг освен јас... но на секој му требаат фамилијата и пријателите :)
 
2-3 саати дневно, или еве 2-3 дена преку сила. Повеќе не сакам, досадно ми станува :)
 
Па кога ме боли глава сакам цел ден да сум сам, да нема никој да ми се качува на глава...но како и да е кога се будам тогаш ми е најмногу потребна тишината бидејќи ако има некој дрдорко може да ми го расипа право целиот ден. (какелиот дено што знаете денот уште сабајле од сабајле се знае каков ќе е) Така да во текот тна денот едноставно не можам без било какво друштво :) па си барам спас кај другарите :3:
 
Понекош си размислував како би ми било на одреден период ево да речиме 1 недела да се отргнам од сите шо ги знам онака на непознат крај кај шо никој не познавам или едноставно нагде далеку на планина во некоја колиба психички да се одморам ... само не знам дали сум јас за то зато шо одма би нашла и запознала некој и би праела муабет.:pos2:
 
Многу почести се оние моменти кога сакам да бидам сама, изолирана и далеку од сите. Некаде каде што ќе можам да се пронајдам себеси без сите оние секојдневни стресови и обврски... некаде каде што ќе можам да правам нешто сама, но креативно и рационално. Но има и такви моменти кога имам потреба од моите најблиски, а тоа особено го разбирам кога ќе седнам да јадам сама и сфаќам дека имам потреба од моето семејство и од секојдневните муабети со нив (која потреба за среќа секогаш ми е исполнета :)).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom