Колку сакате да сте сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
Ич. Страв ме фаќа од самоќа.
 
сигурно веќе иам пишано на темата али да си кажам пак ... да сакам сам, мн сакам сам мирна глата да ми е
 
зависи како-кога

во принцип ми одговара, многу
 
Во моментов, ич.

А инаку, си ја ценам самотијата. И си ја дружам по потреба.
 
Сега не сакам, инаку можам да издржам час време, одприлика.
 
Па повеќе сакам да сум сам.
 
Понекогаш повеќе сакам да сум сам, понекогаш повеќе сакам да сум со друштво. Се зависи од расположение...
 
Луѓево сакаат да бидат сами со компјутерот. Такво време дојде
 
Мразам самотија, не сакам да сум сам... Ме исполнува кога сум опкружен со позитивни, комуникативни личности, а потоа кога одеднаш ќе останам сам се чувствувам чудно во својата кожа.:toe:
 
Повеќе сакам да сум во друштво, ама има моменти кога обожавам да сум сама така берем 3-4 саати а може и повеќе, ќе ми годи, како во овој момент!:pipi:
 
Периодов имам потреба да бидам сама :) вчера си прошетав малце и убаво ми дојде
 
Ја сакам самотијата и можам да ја поднесам,не се плашам од неа и удобно ми е макар и сама.Рака на срце има периоди во кои секако не ми е убаво сама и инсистирам да има некој покрај мене како на пример периодов кој за среќа помина,но сепак го истуркав сама не по моја желба,туку заради што знам,себичност од вселенски размери,хирови,бубачки,време-невреме.Веројатно некогаш треба и така,чисто за да се осигураш во тоа дека себе си си најдобар пријател и никој друг и убаво ти се челича самодовербата и истрајноста.
Сепак со самотијата си го наоѓам мирот и бегам од бучните луѓе и негативна енергија.Сакам самотија.
 
Повеке сакам да сум сам. Кога сум сам, размислувам многу побрзо и поразумно отколку кога сум со некој друг. Во поголемиот дел од денот сум сам, навикнат сум на самотија, особено темна самотија. Убавина. Некогаш е потребно и да бидеш во друштво со некој, но сепак повеке преферирам самотија.
 
Николку. Еве, останав дома сам. :tapp: Сите на кафе, јас дома дремам. Зошто? Оти ме мрзеше да се спремам. Идиот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom