Колку сакате да сте сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
Се се може ако се сака :))
Испуди тоа друштво... наговори ги твојте да одат на романтична вечер или сл.. искористи го тај мозоко и ќе ти се испуне да си сама :)

Скроз на скроз сакав да сум сам цело време.. само јас и мојата музика...

Сега сакам да сум со таа што ја сакам цело време сами само ние и може и некое детенце хехе :)

Цел живот сонувам да се одлепам од брат ми и да уживам у тишината :nesvest:


Слепени сте? ...
Нешто како оние близнаците кој се слепени со главите ? :)
 
Кога ми е погоден денот секогаш гледам и на другите околу мене да направам да се чувстуваат како мене...односно тогаш ич не ми се свиѓа да сум сама,а кога сум изнервирана или тажна подобро ми е да останам сама пошо и онака нема да сум расположена кај и да излезам и само ќе ширам негативна енергија
 
Во последно време не сакам да сум сам. Можеби порано кога имав некои проблеми сакав сите да ме останат на мира, да седам сам и да размислувам за тоа но сега е поинаку.

Моментално би сакал да сум некаде со своите другари, добро да се испијанам за да не мислам на сите оние проблеми кои ми се вртат во главата.. пробувам да се сконцентрирам на нешто но не можам, го пишам и овај пост но сепак треперам од нервоза... Со другарите е поинаку, ќе те расположат на некој начин ќе те посоветуваат за проблемите и ако можат ќе ти помогнат да ги решиш...
Тоа што сега разговарам со некој другар на мсн исто така многу ми помага барем за момент да ги избришам сите оние мисли од главата...
 
Да. Се радвам мама и тато кога се во иста смена на работа. Иначе кога сум нерасположена, преферирам сама да сум, ни пријател ни никој до мене. А онака, општо, друштвена сум:helou:
 
ко ке си дојдам од училиште сакам да сум сам....мир и тишина
и да гледам опра....:pos2:
иначе коке ми е мака сакам да сум сам...
ама појкето време сум со други луѓе.......:toe:
 
Секогаш кога сум сама се депримирам ме одземаат некои мисли од типот "никој не ме сака ниту цени " "незнам зошто жиевам воопшто" слушам песни за сечење вени, станувам нервозна и за ситници и на крај ми пукат филмот едноставно се нервирам премногу...
Затоа гледам повеќе да сум опкружена со други да бидам насмеана и барем за момент да заборам на тагата и на тие мисли
 
Обожавам да сум сама и никој да нема дома, па затоа од ден на ден имам се поголема желба да живеам сама па сега колку е тоа добро :toe:
 
Можам сама, и воопшто не ми е проблем.Дури има моменти кога така ми е подобро.Иако сакам дружење со луѓе и тоа не ми пречи, но има период кога е подобро да си сам.За среќа такви периоди се ретки.
 
Можам сама, и воопшто не ми е проблем.Дури има моменти кога така ми е подобро.Иако сакам дружење со луѓе и тоа не ми пречи, но има период кога е подобро да си сам.За среќа такви периоди се ретки.

Д сејм е и со мене :)
 
Скоро по цели денови сум сам дома така да навикнат сум. После кога излегувам надвор, се празним :)
 
Сакам "туѓо" друштво,највеќе за тишина. Иако не секој е подеднакво достоен за мое присуство или јас за негово...сакам да сум меѓу луѓе а за меѓу квалитетни и битни да не зборувам. Но денот го сметам за изгубен доколку не си посветам ако не повеќе саат време за себе.Јас и мај бади во бескрајна љубов.
Сепак релативно во случајов,зависи од емоционално стање,ситуација..време и тако.
 
Во последно време ни малку, многу ми е досадно така. Оваа недела некако лежечки ми помина, многу досадно дома цело време сам, а времето надвор никакво, не можам на раат да си излезам...
 
Имам периоди.
Некогаш неможам да поднесам да бидам сам,ми треба нечија туѓа енергија.
Обратно од тоа,има времиња,кога не поднесувам човечки суштества околу мене.
Како и да е,да бидеш сам во глобала е многу позитивна ствар(освен кога не сакаш).
Ти остава време да размислиш,да комуницираш со својата внатрешност и овозможува дури и да се измениш или надградиш како личност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom