Хммм кај мене па се покриваме некако, пример ако јас земам сега плата оставам дел од парите дома, дел за себе ги чувам да си купам нешто што ми треба (а и превозот до работа нормално сам си го плаќам).Па кога немам јас пример моите мене ме покриваат, ми даваат пари и така некако се покриваме и се снаоѓаме.
Тоа е за мене најдобра варијанта и најдобра инвестиција, односно да си помагате дома меѓусебно едни на други зошто ако не се помагате дома со своите, сигурно дека со комшијата уште помалку.
Инаку месечните примања не ми се доволни, но кога би живеел сам би ми биле потребни според мене некаде околу 300 евра.
-3000 (три илјади) денари за вода, и струја
-1000 (илјада) денари за интернет
-2000 (две илјади) денари за превозот до работа
-3000 (три илјади) денари да си купам нешто за мене
-7000 (седум илјади) денари да го наполнам дома фрижидерот, пена за бричење, бикчиња, машки стик, паста, четка и некоја колонска вода како и детергенти и разноразни хемикалии за во бањата.Прашок за перење нормално.
-2500 (две илјади) денари за излегување во град и.т.н.
-500 (петстотини) денари за кредит на телефон.