Колку на пријателите им пречи што не сте веќе "сингл"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Hmmm,ne mu e se isto i mi prerekuvaat neznam zasto se imalo sluceno i oni da fatat devojka pa jas sum reagiral najnormalno ljubomora e valjda posesivnost i se lutat da no nikad ne sum se skaral radi toa jas imam vreme za se i kolku sto mozam mu obrnuvam vnimanie na drustvoto sepak pred se mi e devojkata najbitna
 
Колку пријателите ве разбираат што веќе имате партнер и не сте во можност да излегувате толку често со нив како порано, да пиете по цел ден кафиња со нив, да флертувате како порано? Дали упорно се однесуваат како порано, ви се лутат и немаат разбирање?
Дали во ваков случај е љубомора или страв? Љубомора што тие немаат моментално партнер или страв дека ве изгубиле вас и пријатните моменти кои би продолжиле доколку не сте нашле личност со која сакате да имате врска.
Дали сте изгубиле пријател откако сте се посветиле на вашата врска?
Најголемиот дел од моите пријатели со кои сум во добри и редовни комуникациски релации, имаат долги врски, како и јас. Сметам дека е тоа многу важно за да можат да сфатат како е кога не можеш да им се посветиш како што си можел порано... Оние кои не можат да сфатат, претпоставувам дека се повредени. Жалам за тоа и се трудам да им надоместам колку што можам. Вистинските пријатели не можат да се изгубат едни со други. За се` има време, но не толку многу. Сметам дека видот на дружењето во ,,сингл" друштва е порелаксиран, пошегаџиски, опуштен, па лесно се ,,прешалтувам" и им посветувам време и на моите пријатели, знам да направам компромис. Вистина е дека помалку од порано, но никако недоволно. Не сум загубила пријател откако се посветив на мојата врска. Ама имам загубено пријатели откако тие се посветија на нивната... Затоа ќе им порачам:
 
Имам две најдобри другарки и на почетокот затоа што јас прва го напуштив друштвото на "Single and Lovin' it" :icon_razz воопшто не наидов на разбирање од нивна страна.
Не беше тоа од љубомора едноставно им беше криво затоа што долго време си бевме така трите на купче и јас веќе не излегував со нив толку често(за вечерни излегувања не стануваше ни збор,само набрзина некое дневно кафенце ќе се шмркнеше и оп мене ме снемуваше).Ама тоа беа првите два-три месеци,после тоа другата другарка исто си фати дечко и уствари беше иста како мене и ден денес ми вика еее тек сега те сфаќам зашто така си постапувала :wink: така да избалансирани се работите ОСВЕН ни остана уште таа едната другарка која сеуште нема дечко и знае некогаш така да ни пререче нешто ама на шала ,како и да е ние се трудиме да не ја запоставуваме и секогаш кога можеме си излегуваме со неа :pipi:
 
Најголемиот дел од моите пријатели со кои сум во добри и редовни комуникациски релации, имаат долги врски, како и јас. Сметам дека е тоа многу важно за да можат да сфатат како е кога не можеш да им се посветиш како што си можел порано... Оние кои не можат да сфатат, претпоставувам дека се повредени. Жалам за тоа и се трудам да им надоместам колку што можам. Вистинските пријатели не можат да се изгубат едни со други. За се` има време, но не толку многу. Сметам дека видот на дружењето во ,,сингл" друштва е порелаксиран, пошегаџиски, опуштен, па лесно се ,,прешалтувам" и им посветувам време и на моите пријатели, знам да направам компромис. Вистина е дека помалку од порано, но никако недоволно. Не сум загубила пријател откако се посветив на мојата врска. Ама имам загубено пријатели откако тие се посветија на нивната...

нема врска ... не мора да значи дека треба да имаш долга врска за да сватиш дека другарка ти или другар ти треба да помини време со партнерот. секој паметен, доволно разумен чоек и пред се добар другар би го сватил то без да има искуство во долга врска :wink:
 
Нонстоп се зафркаваат со мене и мислам дека им пречи, али јас пак со нив се дружам и нема зошто да ми замеруваат :smir:
 
повеќе мене ми пречи него на нив :):):)
 
Треба да се има време и за пријателите и за дечкото.
Ќе направиш распоред никој од нив да не се чувствува запоставен.Глупаво е заради партнерот да ги откачиш другарите или пак да си нон-стоп со нив да не му обрнуваш внимание на партнерот.
Кога сум била во врска секогаш сум имала доволно време и за пријателите и за дечко ми барем мислам дека никогаш никој не се почувствувал запоставен.
На пријателите можеби веќе нема да им биде сеедно што не поминувате толку долго време заедно со нив како порано и што повеќе сакате да сте со партнерот.
Лошо е ако кога ќе фатиш дечко/девојка ги заборавиш другарите.Тогаш имаат и право да се лутат.
 
Да да имав ваков период во скоро време, кога сите ми беа лути (вклучувајќи го и дечко ми) како јас не сум наоѓала доволно време за никој, а јас се трудев на сите да им угодам, со сите да успеам да се видам покрај стоте обврски што додатно ги имам.

Со текот на време се среди сама по себе цела ситуација, сите станаа малку потолерантни така што сега нема проблем. :pipi:
 
Јас и дечко ми секогаш наоѓаме време за одделните пријатели, воопшто не ми се лути ако сакам да излезам со моите другарки, а и јас не му се лутам ако сака тој да излезе со неговите, на пример зошто да излезам со него по секоја цена кога има некоја утакмица,а тој сака да ја гледа со другарите, па цело време ќе мисли на тоа
Пријателите ако се вистински нема да се лутат ако сакам да излезам со дечкото
Нема да има лутки ако се наоѓа компромис, тоа е најважно за да не ги изгубиш ни дечкото ни пријателите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom