Колку кајганџии се потребни? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Прашање: Колку кајганџии се потребни за да се замени сијалица?
Одговор: 180.
Објаснување ...
1 да ја замени сијалицата и да напише дека ја заменал;
14 да споделат слични искуства за истото и да кажат како можело и поинаку да се изведе;
7 да укажат на опасноста при заменување на сијалицата;
1 да ја премести темата во областа за електрика;
7 да ги истакнат правописните и граматички грешки во темата за замена на сијалица;
5 да го зезаат ситничарот што отворил ваква тема;
3 да го штитат истиот;
6 да се расправаат дали е тоа сијалица или светлечко тело ... уште 6 да ги прогласат претходниве 6 за луди;
2 професионалци да ја обавестат групата дека вистинскиот израз всушност е "осветлување";
15 сезнајковци кои тврдат дека биле на место на производството и дека е сосема правилен израз и "сијалица";
19 да напишат дека овој форум не е за сијалици и да замолат дискусијата да се премести во форум за лампи;
11 да ја бранат дискусијата со аргументот дека сите ние користиме сијалици, па затоа темата е прикладна за овој форум;
36 да расправаат за тоа кој е најдобар метод за замена, каде да се купат најдобри сијалици, која марка е најдобра а која би била промашена;
7 да стават линкови на кои се гледаат разни врсти на сијалици;
4 да напишат дека линковите не се точни или добри и да ги стават "правилните";
13 да ги поврзат сите пораки до тој момент, да ги цитираат и да напишат "и јас";
5 да соопштат дека нема веќе да пишуваат дека неможат да се помират со ситуацијата;
4 да кажат "зарем не сме поминале низ ова досега?";
13 да кажат "пред да поставите прашање за сијалици погледнете на google.com" И
1 е доволен после 6 месеци да прочачка по форумот, да одговори на оригиналната порака па да почне све од почеток.

Поинтересно изгледа на англиски, ама за да го прочитате сите без мака еве преведено ... иначе, се пресмеав!!! :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:

Точно!!!!!
 
ма не е можно.... или можно е ?? (одиме од почеток):smir:
 
И пак не се одлучи дали обични сијалици, неонки или свеќи.. оригиналните актери имаа две ипол години да размислат :)
 
Халогенки треба да се стават изгледа.
 
Хаха интересно:pos2: смешно е и ете пак некој ја најде темата и почна се од поново.:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom