- Член од
- 20 јули 2006
- Мислења
- 260
- Поени од реакции
- 10
Пред само неколку недели татко ми замина од овој свет. Во сета моја болка и тага сфатив дека постојат разни работи кои претходно не сум ги забележувала, а за кои во такви моменти секогаш ќе се најде некоја тетка, вујна, стрина и комшика да ме посоветува- ова треба ова не треба ова чини ова не чини. Како ќерка ги испочитував сите работи кои ми беа посочени ама како студент по македонистика и религиозна етнологија се прашав какви се влијанија ни се вметнале во верата. Кога една професорка ми рече дека и Македонија спаѓа во т.н. зона на вампиризам која се простира од Романија, Молдавија и сл до Грција се изнасмеав, ама не било така смешно. Пр. Горењето на големата свеќа која до година дена мора да изгори претставува според многу етнолози горење на енергијата на починатиот. Па зошто сите оние обичаи со јадења на гроб кога на оној кој заминал не му е потребна веќе земска храна според религиозната логика. Да не зборувам за сите пропратни работи од типот да не те најде ноќ надвор до 40 дена, да не ова да не она....
А мислам дека најпагански обичај е секако песната коледе-леде за Бадник.
Што се однесува до мене јас знам дека Бог е милостлив, дека најважна е љубовта и вербата во него и молитвата.
Но онака ме интересира дали сепак има пагански елементи во нашите обичаи од каде доаѓаат и кои се поточно?