Колку и дали се служиме со пагански обичаи?

  • Креатор на темата Креатор на темата petite cherie
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јули 2006
Мислења
260
Поени од реакции
10
Пред само неколку недели татко ми замина од овој свет. Во сета моја болка и тага сфатив дека постојат разни работи кои претходно не сум ги забележувала, а за кои во такви моменти секогаш ќе се најде некоја тетка, вујна, стрина и комшика да ме посоветува- ова треба ова не треба ова чини ова не чини. Како ќерка ги испочитував сите работи кои ми беа посочени ама како студент по македонистика и религиозна етнологија се прашав какви се влијанија ни се вметнале во верата. Кога една професорка ми рече дека и Македонија спаѓа во т.н. зона на вампиризам која се простира од Романија, Молдавија и сл до Грција се изнасмеав, ама не било така смешно. Пр. Горењето на големата свеќа која до година дена мора да изгори претставува според многу етнолози горење на енергијата на починатиот. Па зошто сите оние обичаи со јадења на гроб кога на оној кој заминал не му е потребна веќе земска храна според религиозната логика. Да не зборувам за сите пропратни работи од типот да не те најде ноќ надвор до 40 дена, да не ова да не она....
А мислам дека најпагански обичај е секако песната коледе-леде за Бадник.
Што се однесува до мене јас знам дека Бог е милостлив, дека најважна е љубовта и вербата во него и молитвата.
Но онака ме интересира дали сепак има пагански елементи во нашите обичаи од каде доаѓаат и кои се поточно?
 
Веќе имавме слична тема..сепак ова се разликува по некои работи...
Нашите претци со себе ги внеле во христијанството каде попримиле христијанска црта. разни вампири, коледари, василичари, самовили, кои се дел од многубоѓштвото кое опстанало до денес.
Па да разјасниме...
..палењето свеќа во христијанството е како оставина од пагански религии.
Свеќата се поврзува со култот на светлината.
Оганот го чисти нечистото, па отука идеата дека светлината ја открива темнината и нечистите духови.
Со други зборови свеќата е замена за жртвен оган.
Еве уште нешто..истата се прави од пчелин восок затоа што пчелата и симбол на трудот и чистотата, а нејзиниот производ баш затоа е зеден како обреден елемент.

...Коледе е пагански празник поврзан со римјаните и нивното славење на Нова Година..поточно лепчето е симбол за годината, а паричката за среќата...
Истиот е превземен од раните христијани кои преминувале од паганство кон хриситјанство мислам дека е некаде во 4-от век...

...Храната на гробот не не ништо друго туку еден вид на принесување на жртва..одоброволување на покојникот

Сето останато можеш да го сведеш на ниво на суеверие...
 
- коледарската песна, сама по себе е паганска и нема блага врска со празникот коледе, кој го најавува денот на Христовото раѓање. Наместо коледарската песна, постои друга, оригинална, која кај нас е речиси непозната
- „да не те најде ноќ до 40 дена„ е паганизам, да не речам, вампиризам
- горењето голема свеќа „до една година„ е работа која првпат ја слушам во мојот живот
- „јадење на гроб„ треба да претставува сосема друга работа а не полнење на стомокот со храна, Јадењето кое се носи на гробот од покојниокот треба да се раздели на луѓе, пред се , на оние луѓе кои навистина немаат што да јадат (а не на било кого), а разделувањето на хранат треба да претставува чинење добро дело во име од покојникот
- „зоната на вампиризмот„ е некоја академска измислица, која не постои во православната Црква
- дали нешто е паганизам или не е, најдобро е да консултираш писмен поп и тој ќе ти објасни. Во меѓувреме, батали тоа што „кажале бабите...„.
Да, кај македонците сеуште има паганизам, кој неупатените го вметнуваат во својата вера како нејзин оригинален дел. Оние кои се доволно добро навлезени ви верата, веднаш можат да го препознаат паганизмот, оти тој паганизам има свој „дух„., кој нема ништо заедничко со верата.
 
Веќе имавме слична тема..сепак ова се разликува по некои работи...
Нашите претци со себе ги внеле во христијанството каде попримиле христијанска црта. разни вампири, коледари, василичари, самовили, кои се дел од многубоѓштвото кое опстанало до денес.
Па да разјасниме...
..палењето свеќа во христијанството е како оставина од пагански религии.
Свеќата се поврзува со култот на светлината.
Оганот го чисти нечистото, па отука идеата дека светлината ја открива темнината и нечистите духови.
Со други зборови свеќата е замена за жртвен оган.
Еве уште нешто..истата се прави од пчелин восок затоа што пчелата и симбол на трудот и чистотата, а нејзиниот производ баш затоа е зеден како обреден елемент.

...Коледе е пагански празник поврзан со римјаните и нивното славење на Нова Година..поточно лепчето е симбол за годината, а паричката за среќата...
Истиот е превземен од раните христијани кои преминувале од паганство кон хриситјанство мислам дека е некаде во 4-от век...

...Храната на гробот не не ништо друго туку еден вид на принесување на жртва..одоброволување на покојникот

Сето останато можеш да го сведеш на ниво на суеверие...
Се сложувам со тебе едно сакам да потенцирам дека сето тоа мислам на паганските работи не поделуваат од Бог зошто тоа Бог не го сака тоа било во минатото.
 
Фуки,тебе Бог ти кажал дали го сака тоа или не?Како дојде до овој заклучок?
 
Ај да го изгњавиме Разиел со еден цитат...:wink:
Ги напуштивте Божјите уредби и ги заменивте со човечки обичаи“ - (Марко 7:8)
 
:)
Божјите уредби имаат огромна сличност со паганските обичаи.Самиот Исус како фигура од Библијата има моменти на подудирање со други ентитети на обожавање познати во Паганизмот.
Затоа ме чуди вашава реторика.Треба да се прифати како факт дека Христијанството е еволутивен чекор кој произлегол од паганските обичаи и верувања и нив ги "модернизирал".
И треба да се покаже респект кон паганизмот.Треба да се чита за него и да се проучува внимателно.Ако не од некоја длабока лична побуда,тогаш од едукативна.Нема скршнување од Божјиот пат тука.Нема грев.
Читај Маркусе.
Дури и она што го цитираш како поука.
Меѓу редови,Маркусе.
Меѓу редови.
 
Џабе се замараш со него он ти е потполен атеист и секогаш си ја извртува вистината си верува во БОг на свој начин има некој си свој замислен Бог со свој принципи кој он си ги служи но сепак негово право ама за несреќа не знам кој е тој негов Бог и дали неговиот Бог е љубов или е омраза.
А тебе Разиел те молам мене да не ме замараш и полека малце со изразите те молам намени ги кон твојте ближни браќа или како си ги нарекуваш во твојата религија.
 
Фуки не се нервирај,јас само ти поставив прашање.Немаше ништо злонамерно и само требаше да ми одговориш.Кога веќе постираш,биди подготвен на дебата и следствено,на објаснување.
 
:)
Божјите уредби имаат огромна сличност со паганските обичаи.Самиот Исус како фигура од Библијата има моменти на подудирање со други ентитети на обожавање познати во Паганизмот.
Затоа ме чуди вашава реторика.Треба да се прифати како факт дека Христијанството е еволутивен чекор кој произлегол од паганските обичаи и верувања и нив ги "модернизирал".
И треба да се покаже респект кон паганизмот.Треба да се чита за него и да се проучува внимателно.Ако не од некоја длабока лична побуда,тогаш од едукативна.Нема скршнување од Божјиот пат тука.Нема грев.
Читај Маркусе.
Дури и она што го цитираш како поука.
Меѓу редови,Маркусе.
Меѓу редови.
А малце да се воздржиш од Библијата оти знам дека ти си имаш некоја си твоја Света книга и не ја признаваш оваа книга како вдахновена од Господ кога ќе веруваш во нејзе за се што ќе каже тогаш ок
А за паганските обичаи па тие немаат никаква врска со христијанството оти добро прашање . Дали Исус правеше нешто паганско кое денеска не се прави ?

Фуки не се нервирај,јас само ти поставив прашање.Немаше ништо злонамерно и само требаше да ми одговориш.Кога веќе постираш,биди подготвен на дебата и следствено,на објаснување.
Немој да мислиш дека се нервирам порано да но сега не се ни трудам на некој да му објаснам кога многу пати сум му потенцирал некој христови верувања а он упорно ги одбива верувај дека за тебе сум мртов ладен не се ни нервирам па ни најмалку сакам да се замарам

Фуки не се нервирај,јас само ти поставив прашање.Немаше ништо злонамерно и само требаше да ми одговориш.Кога веќе постираш,биди подготвен на дебата и следствено,на објаснување.
А да и сакам да знаеш дека јас имам име и сакам да ми се обраќаш по име а не воа ноа мислам дека сум јасен.
А ако продолжиш во овој контекс сакам да ги замолам админите и модераторите на повеќе внимание кон тебе
 
:)
Божјите уредби имаат огромна сличност со паганските обичаи.Самиот Исус како фигура од Библијата има моменти на подудирање со други ентитети на обожавање познати во Паганизмот.
Затоа ме чуди вашава реторика.Треба да се прифати како факт дека Христијанството е еволутивен чекор кој произлегол од паганските обичаи и верувања и нив ги "модернизирал".
И треба да се покаже респект кон паганизмот.Треба да се чита за него и да се проучува внимателно.Ако не од некоја длабока лична побуда,тогаш од едукативна.Нема скршнување од Божјиот пат тука.Нема грев.
Читај Маркусе.
Дури и она што го цитираш како поука.
Меѓу редови,Маркусе.
Меѓу редови.
Христијанството модернизирано паганство...:nenene:..Причината е што навистина и другите верувања се стремеле кон Бог иако погрешно но сепак стремежот води кон струготинки на идентичност..

Сепак јасното разганичување лежи токму во цитатот кој што ти го дадов...Меѓу редови..:wink:...би било вака...Воведоа човечки обичаи оние кои не ја слушаат Христовата Црква, туку секој сам си си толкува по свое човечко наоѓање и си воведува свои правила и обичаи.
 
Морам да пишам и јас тука, пред извесно време ни се зареди еден црн период во кои починаа доста блиски луѓе од фамилијата, и мене многу ми беше тешко, и како што напомена авторот на темава па уште и од озгора ова не ода вака, ова така... да излуди човек, еве некој примери кои морам да ви ги кажам /
-светвло не се гасело цела ноќ се до 40 дена
-огледала да се покриеле, и се што може да се огледа покојниот..
-кога се носат венците кон вечниот гроб , да не се вртиш назад
- таму кога го закопуваат покојниот се му пикаат внатре, сијалица, лажица прибор за ручање, алишта, ќебиња итн...
-земја да си фрлел преку глава да не го сонуваш
- мораш да јадеш на гроб за да му се нашло горе
-од кога завршува обредот кога се испраќаат луѓето се викало, следниот пат за убаво да ни дојдете
-вечерта чаша со вода и брашно се оставало да виделе дали духот ќе дојдел да се напие и трга ќе оставел на брашното...
- секое утро и вечер до 40 дена се оди на гробот со храна и вода и таму се појадува и вечера , зошто демек тука бил уште духот небил заминат па и тој да каснел
Абе во сета мака и уште сите одозгора триста чуда ти кажуваат, да не знае човек умот кај му е, мислам дека едно сочувство е сосем доволно без некој да продава ум без потреба шо требало а што не...
 
И ова првпат во живот го читам. Значи, големо паганско богатство има народов наш насушен...
 
Па не е се во паганизмот..многу работи самиот народ си ги измислил..па повеќе би било суеверие..да не речам празноверие...
 
Да да сето тоа се праи, и истите тие се сметаат себе си за најголеми верници и христијани! Бог да чува и да брани!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom