Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Релативно чист. Се жалат Скопје, автомобили, ова, она... Нека одат во помалите градови каде што има само куќи и 90% од нив се греат на дрва.
Дап, еве прашај ги Кавадарчани каков им е воздухот во периодите кога не дува доволно ветер (иначе таму нема индустрија и огромен сообраќај, а подоста се греат на дрва)

@Chemical Angel ти беше од Кавадарци, или грешка сум?
 
Дап, еве прашај ги Кавадарчани каков им е воздухот во периодите кога не дува доволно ветер (иначе таму нема индустрија и огромен сообраќај, а подоста се греат на дрва)

@Chemical Angel ти беше од Кавадарци, или грешка сум?
Слично е и кај нас во Неготино, 99% се на дрва, нема многу индустрија, со чаламите скоро секогаш има непотребен превоз посебно летниот период, а најмногу загадување има баш овој периот кога се прават зимници, се пече ракија и почнуваат да се палат шпоретите и парната по домовите.
 
Да видиме на што се грее Љубљана и Словенија, какви стандарди исполнува индустријата, дали имаат филтри, дали горат гуми, дали се пали ѓубре по депонии и контејнери... какви им се улиците и патиштата и дали за 2 месеци се асфалтира 100м улица, колку граѓани има сега и пред 15-20 години, колку нови згради се изградени на овој начин низ градот и по планините, колку зеленило има.... затоа што

Љубљана - зелен град на Европа за 2016 година
 
Последно уредено:
Еве за почеток, за возилата може да се направат неколку мерки, кои нема да чинат ништо (ни за граѓаните ни за градовите), а ќе го растоварат сообраќајот, долгите редици и издувните гасови.
За секоја нова дупка или интервенција на асфалтот да се забрза нивното санирање. Друга мерка (многу ефикасна во другите држави, не само за загадувањето) може да е флексибилно работно време за оние каде може (државните и јавни претпријатија, приватните како администрацијата на банки и слични фирми), а таа маса работници не е мала.
Граѓаните ниту можат ниту се должни постојано да вложуваат во грејни тела, си има задолжени за организација на градовите, кои ние ги плаќаме.
На пример за гасификацијата имало ветувања за цела Македонија, а скопскиот градоначалник во 2010 ветил дека до крај на годината Скопје ќе почне да се гасифицира. Во 2013 од истото лице добиваме ветување дека Скопје и школите ќе се гасифицираат. Во декември 2013, градоначалникот потврдува дека спасот на Скопје бил во негова гасификација и дека "активно " се следи состојбата.
Во јули 2014 Македонија не знам по кој пат ќе се гасифицира.
 
Последно уредено:
Шо убао дувна ветер, па и дождов... мераци е воздухот надвор.
StationLineGraph_Karpos_PM10_Week_1417467600_mk.png
[DOUBLEPOST=1417470324][/DOUBLEPOST]Многу се за никаде со транспарентниве гифови, а мене ме мрзи да уплоудирам скриншоти... :)
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=4
 
Има апликација МОЈ ВОЗДУХ...
Страшно е,Лисиче 10 пати е зголемена загаденоста од дозволеното,Гази Баба 8,6 пати зголемена и Центар 4,4 пати:(
Тетово 8,4 пати,Битола 14 пати,Кавадарци 6,3 пати:(
Инсталирајте си на моб. и пратете го загадувањето!
 
Последните 10 дена во Скопје редовно загадувањето е на високо ниво, па затоа денес алармираа да не се излегува надвор без потреба.
 
Линк за букмаркирање, еве каде ние сме лидери:
http://www.numbeo.com/pollution/region_rankings_current.jsp?region=150

Апликацијата:
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality
Постои и веб-верзија на самата апликација (доколку немате Android телефон или таблет) која е достапна на:http://gorjan.rocks/clients/airquality/

Коментари од соседите:
http://www.vice.com/rs/read/rekvijem-za-makedonski-vazduh
http://www.vijesti.ba/vijesti/bih/255142-Skoplje-najzagadjeniji-evropski-grad-Sarajevo-mjestu.html


П.С. Званичните податоци:
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=4
 
Последните 10 дена во Скопје редовно загадувањето е на високо ниво, па затоа денес алармираа да не се излегува надвор без потреба.
Денеска јас се шетав (што ми требаше и на мене), и еве вечерва цело време ми идат шлајмови ко да сум испушил цела кутија цигари. Навистина скопјево е презагадено.
 
Најбедната вукојебина во Европа, тоа сме ние, да бевме барем сиромашна и чиста држава, вака се најлошо ни е собрано.
 
И повторно граѓаните, ќумбињата и колите се виновни. Не локалната и централна власт кои не градат подземни и надземни улици, кои ветија гасификација, кои донесоа стоикусур илјади стари возила и изградија ѕидови и згради околу Вардар, низ центарот, во Ново Лисиче, Водно и Карпош. Затоа малце ни е па се спрема нова зграда кај МОБ. Инаку железара и другите фирми не престанаа да не гушат.
 
Последно уредено:
Ова е катастрофа. Штета што има волку умни луѓе кои немаат пари да заминат во странство и мора да ги трпат овие глупости. Треба да се иселиме сите затоа што сме најебана вукојебина во светот. Катастрофа и лудило.
 
Темава ме потсети на еден стар плакат што го имаше залепено во нашето основно училиште во далечната 1992 година. На него имаше прикажано едно дете како се шета заедно со своето куче, двајцата беа со гас-маски и доле пишуваше нешто у стилот: Ваква иднина не чека, ако сега не го сопреме загадувањето.
Во 1992 Скопје беше далеку понезагадено, и јас мислев дека таа иднина ќе се оствари тек по 40-50 години, за жал како што тргнале работите таа лоша иднина ќе ни се оствари за 20 години:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom