Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Не е хејтање, се е факти црно на бело.

Слободно побиј ме ако има нешто во што не сме на дното на европа, дали е животен стандард, вработеност, квалитет на живот, загадување, било што, најди и кажи ми.
 
Не е хејтање, се е факти црно на бело.

Слободно побиј ме ако има нешто во што не сме на дното на европа, дали е животен стандард, вработеност, квалитет на живот, загадување, било што, најди и кажи ми.
Е ај сега ќе побарам, сепак никогаш не би ја нарекол сопствената држава вукојебина. Освен ако не се чувствувам како гомно, а фала богу не се чувствувам така а на моето расположение не влијаат одлуките на извршната власт.
 
Како сакај чуствувај се, фактот си останува, вукојебина си била со векови и тешко ќе се промени нешто во скоро време.
 
Нит сум бил ниту планирам да одам во САД, си ја сакам јас државата, но тоа не го менува фактот дека е на европското дно, а ти смири си ги малце хормоните.

Брутус, ако си малце писмен, ќе прочиташе јас не зборував само за сегашиот период, ако воздухот е загаден (конкрениот случај) ќе коментирам за тоа и имам право на тоа без оглед сега или за 40 години, кој и да бил на власт.
Јас кажав дека ми пречи зборот што го употреби за државава :-) друго ништо не реков за тебе. Еве за другите нека прочитаат кај нивниот омилен сосед што се случува.
http://www.csmonitor.com/World/Euro...onomic-crisis-filled-the-Athens-sky-with-smog

Некој напиша улици немало затоа било загадено ц ц ц. Неколку фактори се причина за загадувањето - местоположбата на градот, фабриките кои се толерираат пошто економијата нели ни е назадна и еве во последно време греењето на дрва. На пример имам двајца пријатели кои се грееа со парна и конвектори сега шибаат со дрва и бутаат се и сешто во печките.
 
Ако добро се сеќавам, јас уште на почетокот на темава (или на некоа слична) пишав за греењето на дрва, огромен проблем, мое лично мислење дека главен фактор за загадувањето (покрај и други)
 
А зошто преку ден загаденоста е далеку по мала,ноќе се зголемува за 10тици пати ? имам апликација на мобилниот,еве сега загаденоста е 2.2 пати поголема од дозволената(110 пм) а вчера беше 10 пати,12 пати поголема.

Што е тука причината ? ми се чини дека можеби фабрикиве работат еден ден фулл капацитет-еден ден не работат.
 
Не, туку затоа што сам си ја креирам својата судбина а овие други одлуки имаат индкретно влијание и не се толку битни за мојата лична среќа. На пример, од 1945 навака имаш случаи на партиски вработувања и тоа ме нервира и мислам дека треба да се смени, но не можам да кажам дека секој вработен е партиски влезен (затоа што лично познавам луѓе што работат во државни институции кои се опозиционери (нормално во кафана не партиски активисти), квалитетни луѓе, луѓе влезени со роднини, преку партија и тн. Исто така целата ситуација не ме засега до толку затоа што никогаш себеси не се гледав/м во администрација. Така да логичен заклучок е дека тие што врескаат и користат секоја можност да зборат за администрација и да плукаат се всушност извисени апликанти за работно место или опозициски членови кои чекаат прилика да влезат. Тие не го критикуваат системот туку само сакаат да бидат на местото на другите. Такви се 95% од претходноспоменатите луѓе. Но ај да не ја шириме темата да се вратиме на воздухот.
Еве еден објективен член рече дека сме вукојебина бидејќи бил загаден воздухот. Се разбира и во 90тите беше загаден и пред 90ти ама тогаш веројатно бевме епицентар на светот. Загадувањето е глобален проблем кој не може да се оправи на форум :)

Изгледа не се разбравме. Пошто јас те прашував во контекст на темава, а ти разврза за нешто друго.
Нејсе. Ајде за последните пар реченици да поразговараме, пошто само тие се во контекст на темата на дискусијата...

Кога ќе кажеш "загадувањето е глобален проблем„ тоа за мене е симплифицирање и одбегнување на соочување со работите. Темава е за воздушното загадување, а тоа загадување иако има глобален аспект -сепак токму локалниот аспект е најизразен.
Зошто не е исто загадувањето и на две екстремно блиски локации како во Скопје и на Водно... а воопшто и да не се обидуваме да правиме споредби на Скопје со локации кои имаат и уште помал број на жители, и загадувачи, по метар квадратен.

Значи, колку и да се обидуваш да ја прикажеш работава во глобален аспект -и со тоа да ја разводниш одговорноста за загадувањето... тоа никако не може да ти успее. Загадувањето е најизразено токму локално окулу најголемите загадувачи.
Дека сум во право, покажуваат фактите: Во Скопје имаа најголема концентрација на загадувачи, и тоа го покажуваат и мерењата на загадувањето.
http://www.numbeo.com/pollution/region_rankings_current.jsp?region=150
Ете ти го Скопје цела зима на прво место.

Исто така велиш дека проблемите не можат да се „оправат на форум„. Освен што (донекаде) можат.
Работата е во градењето на критичката свест кај граѓаните. Кога ќе достигне критична маса на бројот граѓани кои се свесни за одреден проблем, во случајов загадувањето, тогаш „извршната власт„ (чии одлуки тебе ете не те замараат) ќе мора да се справи со тој проблем.
Наместо да го игнорира загадувањето и да го нарекува „глобален проблем„.
 
Неможат луѓето ни да излезат да протестираат пола се болни од астма и алергии ќе се угушат
 
Ајде да речеме помирен сум донекаде, нормално треба да се врши притисок ама на вистински места. Во овој случај можеби кон главните загадувачи и до инспекторатите мада пак ќе кажам десет да затвориш од нив ради загадување имаш пад на инд. производство од 20-30% :-) Ова на шала се разбира...се надевам дека се превземаат мерки а и се надевам дека и ќе се зголеми совеста на граѓаните и фирмите.
 
И јас се надеавам дека ќе се преземат мерки, а на зголемување на совеста на фирмите и граѓаните не сметам никако. И нема зошто да чекам на нечија совест, кога си постојат закони и регулации и истите треба да се почитуваат... се разбира преку нивното совесно спроведување на извршната власт (што сега извесно не е случај).
Впрочем, законите и регулациите треба и понатаму да се продлабочат за да ги опфатат новите индустриски трендови во светот. Нешто што не се произведува овде (па нема загадување од производниот процес), не значи и дека тоа нешто не се увезува... а сепак треба да биде безбедно и регулирано со закон (пример, ГМО храна).

Нејсе, да не дигресираме од темата...
 
Види за некои работи мора да се зголеми свеста а и може да се зголеми. Порано ја мислам 90% од луѓето фрлаа ѓубре кај стигнат (зборам за ѓубре у смисла опаковки од мастики, чоколади сковои) денес мислам дека не е така :-) Ама ај тоа нема везе со загадување на воздухот. А за фирмите не постои можност за толкава контрола иако дефинитивно треба да се зголемат контролите како што на пример прави УЈП или контролите оф мин за здравство сега 95% од тие што работат во сектор здравство се тресат ради контролите и се е под конец (речиси се).
 
Лични препукувања и чамче муабети овде - не.
Следниот што ќе ја сврти темата во политичко-патриотско препукување добива казнени.
 
Види за некои работи мора да се зголеми свеста а и може да се зголеми...
ОК. Да. Ама како да се зголеми свеста?
Со објаснување колку е лошо тоа што се греат со согорување на моторно масло, или разни иверици и други отпадни материјали на дрвена база, материјали од дрвени партикли со лепаци и хемии, како шпер плочи, медијапан, ОСБ, и разни делови од намештај собирани по ѓубриште? На кој ќе му го објаснуваш ова??

Зошто зборуваме за утописки фантазии кога се знае како се подига свеста. Со едукација ДА може и така, ама за идните генерации. Овие сегашниве и постари генерации... тие само со стап се учат. Со казни. Директно по џебот. Зошто знаеш како велат... Теле се учи, ама вол не се учи.

Но многу важно е во исто време треба да се пружат и алтернативи на греење кои освен еколошки, ќе бидат и достапни за економски ранливите категории и за сите нас.

Има тука многу можности и за размислување, и за да се менуваат и дополнуваат законските легислативи... Но пред се треба и да се спроведуваат сегашните закони. Кога некој од вас слушнал инспекција да излезе на терен да ги провери (со соодветни мерни инструменти) оџаците низ градов што испуштаат најтемен чад? И што се согува во нив? Или каде оди целото моторно масло од сервисите за автомобили?
Всушност на глупости се фокусирам, пошто ние овде сеуште имаме цели фабрики внатре во градот коии до ден денеска немаат катализатори. Иако постојат законски побарувања за тоа уште одамна. Па што ако Макстил демек не работи зимава, а со другите што правиме?

Така да... Да, треба да се зголеми свеста, ама за справување со загадувањето на воздухот, прво треба државата да почне да си ги спроведува сопствените закони, целосно и неселктивно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom