Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Ова ме потсеќа на играта I Am Alive. Страшно...

IAmAlive_feature.jpg
 
Ова ме потсеќа на играта I Am Alive. Страшно...

IAmAlive_feature.jpg

Чуството кога се враќав ми беше како во оној филмот со роботчето што ја чисти Земјата, додека човешвото ради загаденост е евакуирано во вселената. Чат-пат и по некое ауто се избацуваше кај мене али дека со музика до крај не обврнував многу внимание. :D
 
Јас вчера кога доаѓав и кога бев во Скопје се осеќав како да сум влегол во некоја алтернативна реалност, без заебанција, не дека не сум видел магла, сум студирал во Скопје, не идам првпат ама има нешто посебно, какви добри хорор филмови би се снимале овие денови во Скопје, без да мора да се трошат пари за специјални ефекти. (y)
 
Добро, Ѓорче и К4, блиску е Вардар, Треска, састав... и кога не се работи за загадување тука маглата е во изобилие :)
 
Процедурална исправка.
Си ме насмеал со аватаров, незнаеш колку добро ти стои :) Можам да ја замислам фацата на лион, леандра е насекаде :pos:

Ја се извињавам не ја следев темава, после Алтернатиф и Форесчо ми пренесоа.

Таа класификација на честичките се прави по нивната големина, тоа PM e англиска кратенка, 10 означува дека честичките се просечно со големина од 10 микрометри. Најопасни се тие честички, со големина од 10 микрометри и помалку, оти слободно можат да поминат во слузокожата, или тој сквамозниот епител во грлото, плуќата и да се јават големи последици.

Да не се лажеме, не знам дали имате учено/читано за Лондонскиот смог знаат колку луѓе изгинаа токму поради загадувањето. Таму како и кај нас главно беше загадувањето од согорување на јаглен, фосилни горива, дрва. Посебно фосилните горива имаат во себе сулфур, па со нивно горење се добива сулфур диоксид, помешан со влажен воздух, ето ти смог.

Ај да не забегувам, мислам дека докторот греши, или сака да ја смири јавноста, но овие честички не се мелем за плуќа, тие пробиваат во ткивото, се апсорбираат, секако дека подолга изложеност не може да биде добра, секако дека еден дел од вдишените честички ќе се исфрлат при кашлање со слузот, но дека работава е така безопасна не би кажал.

И знам дека ме читаат оние од горе, можат да ме вработат слободно и онака тие нивните ништо не прават.

Тврдам дека власта во Македонија смета дека населението им е ретардирано. Немам друго објаснување за „изјавите нивни нарачани“. Се надевам они нема да ги искашлаат.

Туку може ли да замислите како ова влијае на плодот на бремените жени? Може ли некоја препорака да дадеш од твој аспект, што они да прават во ваква ситуација? Нешто да пијат да се сузбијат негативните последици?
 
Вчера вечер во Центар се уриваа рекорди, максимум на 1100. Изгледа некој си нашол заморчиња за тестирање издржливост

2rfggop.png


Среќа што тркнав на викенд надвор од Скопјето :cool:
 
Нормално дека ке биде загадено кога цените на парното и стујата ги зголемија до бесвест.
Сите почнаа да горат што ке им дојде при рака. Не се криви луѓето што сметките за струја и парно се поголеми од нивната плата.
Ако е ова една од причините за загаденоста, а по се изгледа је бидејки како се зголемува цената на струјата и парното
така е се позагадено. Тогаш нека ја намалат цената на парното и сите што имаат можност да се приклучат ке го направат тоа.
Исто така цената на стујата нека се намали во зимскиот период за оние кои немаат можност да се приклучат на топлификација.
Ако топланите низ градот се загадувачи тогаш нека направат нови по сите еко стандарди.
И да почнат со гасификација, нели тоа беше приоритет како долгорочно решение.
Немој само некој да каже нема пари.
Вака некако би требало да изгледаат мерките на владата, а не да ми глумат шипо стајл ја незнам, сум бил у подрум, кашлајте, не искачајте од дома...
Вчера прочитав текст требало пола коли да се забранат. Како никогаш да не слушнале за нешто друго освен казни и забрани.
Ако се причина старите коли нека направат слободен увоз на коли со Еуро 4 и 5 без никакви царини, давачка и поголем дел од луѓето ке можат да дојдат до еко кола.
 
Мене ми е своевиден феномен, пиар, спинерски, како сакате кажете го, дека во Скопје возухот бил загаден до опасно ниво.

Па, добрo, бе, луѓе, не е тоа така од вчера. Откако паметам за себе, се знаело дека во зимите без врнежи во Скопје има смог (smoke-fogue).
Ако добро се сеќавам, маглата е предиспозиција за агломерација и на цврсти честички,така што, смогот во СКопје ќе се реши кога ќе ја снема маглата.

Додуша, имаше двајца инженери што предлагаа некаков метод за потпомогната преципитација (што наводно им успеало во РЕК Битола) и расчистување на магли и го нудеа аеросолот на градските власти во Скопје зимата 2001/02, меѓутоа не сум слушнал ништо за нив последниве години.

Инаку, големината на честичките влијае како ќе се однесуваат во дишните патишта - честички со големина до 10 микрони ќе останат во носот (па ќе се исфрлат со празнење на носот), оние помалите ќе стигнат до горните партии на дишните патишта (каде ќе се депонираат, што заради гравитација, што заради брзина, па ќе се искашлаат или проголтаат), честичките со големина околу 1 микрон ќе сигнат (и останат) во алвеолите, а помалите ќе бидат издишани.
 
Тврдам дека власта во Македонија смета дека населението им е ретардирано. Немам друго објаснување за „изјавите нивни нарачани“. Се надевам они нема да ги искашлаат.

Туку може ли да замислите како ова влијае на плодот на бремените жени? Може ли некоја препорака да дадеш од твој аспект, што они да прават во ваква ситуација? Нешто да пијат да се сузбијат негативните последици?


Па тука сите си ги прават статистиките во нивна корист, ќе ги украсат со различни методи и ќе испаднат во право. Така да ништо не ме чуди и тука да фалшираат.

Не знам што би требало да направат, баш разговарав со мои колеги викаат дека тие честички се доста мали, можеби би требало при излегување да се носат специјални маски, претпоставувам дека има во продавниците за хтз опрема заштитни маски со мрежа од отвори (мешови) доволно мали за да ги запре честичките за да не се вдишат. Ама никогаш не сум имал потреба па не сум се распрашал.
Mаска е најдобро решение и излегување од дома ептен ако мораш. Со тоа што мислам дека труднициве, асматичарите, срцевите болни, и децата не треба да излегуваат. Не знам какви последици би оставило на плодот, не верувам дека ќе бидат многу опасни, пошто еве им дозволија на трудниците да остануваат дома.
За последици е многу рано да се збори, пошто за тоа треба да помине време. Но сепак, загадувањето на животната средина има главен удел во развивањето на многу болести..

Друга работа што е дискутабилна, кој ги прави мерењата и колку се точни? Пошто не е ова новост, загадување во Скопје има константно и летен период, летен период последниве години се јавува и фотохемиски смог, па никој не креваше галама, а фотохемискиот пак настанува како резултат на зголемено присуство на озон и азотни оксиди, така да и тоа загадување е опасно.

Јас рецимо, пошо имам проблеми со алергии користам шамивче, 3 пати свиткано, памучно, кој знае колку заштитува, ама онака би се убил од кашлање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom