Последниот пасус ти е непотребен, првичниот мој пост беше sarcasm.Се согласувам дека е лицемерие ако забранувањето на пушењето се промовира само како процес за промовирање на здравјето, кога тоа се прави со цел и за намалување на трошоците во здравството. Тоа е уште едно лицемерие.
Забранувањето на пушењето резултира со помали ефекти врз економијата и воопшто врз општеството отколку забранување на сообраќајот и јагленот кои ја предизвикуваат прашината и смогот.
Ова што го кажувам е за смогот и прашината, која има лоши ефекти врз здравјето, но подносливи, а не за штетните хемикалии од фабриките чие незабранување е навистина лицемерие во споредба со забранувањето на цигарите.
Ама ако гледаш на овој начин и изигруваш адвокат на тутунските компании, па во крајна линија излегува дека целта ти е не само незабранување на смогот и чадот, туку и дозволување на цигарите или пак девалвирање на тој што забранил пушење, затоа ако навистина сакаш да се забранат фабриките кои загадуваат или доследно да се регулираат загадувачите, ќе пишуваш во таа насока.
За се останато сме се разбрале.