- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
Многу арно не е на арно 
Со други зборови, имаме премногу писмени луѓе, премалку работа за истите.
Преголеми потреби, со преголеми цени.
Сепак, такви сме какви што сме. Да му умре на комшијата козата, зошто тревата му е позелена.
Прашањето беше - како успеваме такви луѓе да ставиме на чело?
А кој ни е изборот?
Исто срање друго паковање (та тука, та Србија или Бугарија).
Гледаме парламентарци како чупаат елки, клеветат жени и швалерки, се расправаат ко комшики пред порта. И се осеќаш толку дебилно во тие моменти, да, си викаш, аман каде џаде да фатам, некаде каде што немам право на глас, некаде каде што никој нема да ме закача за кој сум, што сум, имам ли јас некаков идеал.
Шо знам, мене често ми доаѓа така.
Ама следното сабајле, кога ќе излезам до Гази Баба да го прошетам кучето, и кога ќе се сетам на воздухот на мн. други места, за мене нема подобар мирис сабајлечки, него кутракот мој и шумичкава моја.
Кафето со моите, ручекот на баба ми, и мојата куќа... не можам да ги оставам.
Во тежок период сум, еве баш сега. Вкупно имам 200 денари до крајот на месецот.
Никој не ми купи кола за роденден, и никој не ми плати зимовање. Цигари ми купуваат, кога ќе видат дека немам скршен денар. Тоа мене не ми звучи како ,,златна лажичка,,.
Сепак, ова е мојот дом и не одам никаде.
Со заостанатите алфа мажјаци, корумпираните (ебаго) приватњаци, советот на сите (ебаго сите) - ај коа ќе дипломираш ќе си се бутнеш у некое школо
, со комшиките-матичари, платата од 200 евра и соништа, сепак е ова мојот дом.
А тука ги запознав и натоплите луѓе на светот. Не сум го видела цел свет, ама она малку што го видов, сепак, најмногу за срце ми се залепија се балканци