Колку често се чувствувате "слабо" и како да си помогнеме?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Болдот е баш точен, моментално имам некаква "криза" за која јас сум целосно виновен, прва поддршка ми беше семејството, за работа и хоби немам никаква волја. Планот ми е: литар шток и некое пиво ( не одеднаш) да го удавам црвецот, да се убедам себе си дека не вреди да се биде тажен за нешто што веќе се случило и не може да се промени, и да скројам некој план за во иднина. После штокот и пивата може фокус кон работата и некое хоби.
Чичко да ти каже, србите викаат: клин се клином избија! Јас би додал, али рупа остаје!
После литар шток и некое пиво, може само џигерот да го рестартираш, ама фокус тешко!
Јас цигари оставив после еден таков третман.
 
Цигарите ми се оставени одамна. Знам дека алкохолот не е решение. Не ми е муабетот со алкохол да се криеш зад проблемите, туку онака филмски после стресна ситуација, пиеш жестоко и размислуваш, каде си влегол со поголема брзина в кривина, каде си кочел кај што не треба.
 
Алкохолот е добар за разредување на крвта, како аспирин, но не и за ресет!
Јас еднаш литро џин користев за намалување на болки, утредента не успеав да станам од кревет!
Тоа за враќање филм уназад е супер и со 300-400 грама жолта! Само пази комшиките да не почнат да ти се гледаат симпатични! Филмски разбираш!
 
...секој човек е во потрага по некој смисол и содржина на сопствениот живот. Потрагата почнува уште од мали нозе и никогаш не завршува, оти тоа е вистинската смисла на животот.
...смисолот за живот никој не го добил на поклон, затоа е интересен
...малите нешта, кратките моменти на потполна исполнетост, искрените насмевки...и ете, тоа е патот по кој одиме и убаво што е така
...најлесно е да се предадеме, најтешко е да го прифатиме фактот дека сме минливи и дека "вистинските насмевки доаѓаат после илјада пролиени солзи"
 
Животот ретко тече по права линија. Постојано има предизвици, промени и ситуации кои влијаат на нашата внатрешна рамнотежа. Во старт сакам да направам сегрегација од клиничките состојби анксиозност и депресија, затоа што веќе постојат такви теми. Тука, сакам да збориме за сите оние "моменти на слабост" кога чувствуваме тежина, збунетост и несигурност за иднината, или едноставно замор од секојдневието поради "преплавеност" од обврски, грижи, недоразбирања. Може да кажеме ете дека станува збор за мали сигнали кои доколку не се препознаат на време, или доколку не умееме да ги исконтролираме и не се справиме со нив правилно, може да се продлабочат и да доведат до нешто посериозно. Верувам дека секој еден човек, во даден момент од животот ја почувствувал таа емоционална тежина. Значи зборам за часови или денови во кои се чувствуваме "изгубено", но сепак успеваме некако да се извлечеме од тоа.

Зошто се појавуваат тие "моменти на слабост и несигурност" ?
Најчесто кога имаме некои животни промени или транзиции (пензионирање, развод, раскинување на врска, загуба на партнер, загуба или промена на работно место или место на живеење и сл.), секојдневни стресови (рокови, пренатрупаност со обврски), недостиг на социјални интеракции (човекот е социјално битие, а кога недостига контакт, дури и најмалите проблеми стануваат тешки), внатрешни дилеми (ај да не речам средновечна криза....но можеби нешто слично на тоа, дали сум постигнал доволно? што пропуштив во животот? каде ќе бидам за пет години од сега?)

Прашања за дискусија:
1. Колку често ви се случуваат вакви моменти, на дневно, месечно или годишно ниво?
2. Што најмногу ги предизвикува кај вас?
3. Како се справувате со нив? Дали можеби имате некои стратегии или мали ритуали?
4. Дали овие моменти повеќе ги чувствувате кога сте сами, или ви се јавувале и кога сте биле во врска/брак ?
5. Дали и колку недостигот од социјални интеракции ја зголемува таквата емоционална тежина? Или можеби е обратно, премногу интензивното "дружење со различни профили луѓе" ви прави да се чувствувате така?
6. Кога ќе почувствувате вакви моменти, дали се обидувате сами да ги надминете истите, или барате поддршка (разговор со пријател, член на семејството, можеби психолог?)
7. Дали сте размислувале како ваши членови од семејството се чувствувааат? Дали се среќни, исполнети, или можеби и тие имаат некои премрежја за кои не сакаат да зборуваат?
8. Колку често се разговара за емоциите во рамките на семејството? Или, колку често вие зборите за вашите чувства со блиски пријатели? Дали сте имале моменти кога некој разговор со близок човек "ве извадил" од тежок психолошки момент?
9. Дали мислите дека постарите генерации потешко зборуваат за ова, за разлика од помладите?

Менталното здравје не е луксуз, туку основа за квалитетен живот. Па дечки, би сакала да слушнам како вие размислувате на темава, можеби некои лични искуства, или нешто од вашата непосредна близина.
1. Зависи од периодите од животот, се случува, но не пречесто. Освен ако ептен не се случи нешто што ќе ме погоди ептен.
2. Тригери на трауми, и мои стравови и мојот overthinking.
3. Разговарам со блиски, сама со себе на глас, почнав и со психолог да зборам.
4. Сама кога сум. Сингл
5. Кај мене у живот не постои недостиг на соц интеракција. А и да не ми се блиските, или ако не можам да се искажам, дабетер.
6. Пробувам прво сама, кога не можам, помош.
7. Секако, сите имаме по нешто што не мачи. Само не сите сакаат да споделат.
8. Со моите не зборам толку за сѐ. Неќам да ги секирам. Од фамилија само братучед еден, другари другарки повеќе зборам.
И форум секако.
9. Да. Дефинитивно. Научени се на молчење.
 
Последно уредено:
Болдот е баш точен, моментално имам некаква "криза" за која јас сум целосно виновен, прва поддршка ми беше семејството, за работа и хоби немам никаква волја. Планот ми е: литар шток и некое пиво ( не одеднаш) да го удавам црвецот, да се убедам себе си дека не вреди да се биде тажен за нешто што веќе се случило и не може да се промени, и да скројам некој план за во иднина. После штокот и пивата може фокус кон работата и некое хоби.
Многу лоши работи ми се случиле (некој мој лични грешки/проценки, некој така требало да бидат),од кога ќе се случат не вреди да се мисли назад, воопшто не размислувам, го прифаќам срањето и терам напред како да не се случило.
 
Чуствувањето слабо и нервозите во основа се беспотребно труење на телото и душата, ама некогаш човек сам не сака да излезе од таа состојба. Некогаш пак не бива така бргу да се реши проблемот.
Русите викаат дека џабе човек се нервира! Постојат два вида проблеми" хуина и пиздец ;) хуина сама проидет, а пиздец не лечитсја. Так что не стоит нервничит!"
инаку хуина е нешто како наше к*рсетресе проблем, настинка, проблеми во љубов.....
Пиздец е терминален проблем, од кој нема враќање и не е во ваша сила да го решите.
 
Цигарите ми се оставени одамна. Знам дека алкохолот не е решение. Не ми е муабетот со алкохол да се криеш зад проблемите, туку онака филмски после стресна ситуација, пиеш жестоко и размислуваш, каде си влегол со поголема брзина в кривина, каде си кочел кај што не треба.
Внимавај, на многу лизгав терен си. Нема ништо филмски во пиењето кога си под стрес. Ќе размислуваш додека ја пиеш третата или четвртата чашка, после штокот ќе те пие тебе.

Најнеохрабрувам посегнување по алкохол кога некој е под стрес. Зависи од човекот и ситуацијата ама лесно можеш да влезеш во едно непосакувано друштво каде единствената забава е алкохолот.

Биди умен.
 
Цигарите ми се оставени одамна. Знам дека алкохолот не е решение. Не ми е муабетот со алкохол да се криеш зад проблемите, туку онака филмски после стресна ситуација, пиеш жестоко и размислуваш, каде си влегол со поголема брзина в кривина, каде си кочел кај што не треба.
Тоа ти е само краткорочна утеха. После тоа, проблемите се исти, само плус имаш мамурлак и ризик од стекнување навика која тешко се контролира.
 
Мислам лошо го разбравте човекот, он не рече дека постојано ќе се лечи така! Онака еднократна доза да се стресе, по можност рестарт да удри :D
 
Чуствувањето слабо и нервозите во основа се беспотребно труење на телото и душата, ама некогаш човек сам не сака да излезе од таа состојба. Некогаш пак не бива така бргу да се реши проблемот.
Русите викаат дека џабе човек се нервира! Постојат два вида проблеми" хуина и пиздец ;) хуина сама проидет, а пиздец не лечитсја. Так что не стоит нервничит!"
инаку хуина е нешто како наше к*рсетресе проблем, настинка, проблеми во љубов.....
Пиздец е терминален проблем, од кој нема враќање и не е во ваша сила да го решите.
Пиздец???
Значи попиздитис или попиздам потекнувало од пиздец:confused::rolleyes:
 
Пиздец???
Значи попиздитис или попиздам потекнувало од пиздец:confused::rolleyes:
Уште кога би знаела од кој збор потекнува изразот хуина!!! Пиши на гугле транслејт хуи ;)
 
Последно уредено:
Друга беше ситуацијата! Немаше време да се замислуваш и анализираш!
Де школување, па војска, брак, куќа, закуќување, деца, распад на еден систем, прилагодување на друг. Деца, свадби, внуци, работа, бизнис.....
Ако успееш во меѓувреме да здрмаш некоја тетка, да се подружиш со познати, роднини и толку, си остарел.
Не како сега, не можел да се пронајде! На 40 години! Мили они на мама и тато!
Првичниот драфт ми беше слично на ова. Друже, немам време да бидам депресивен, едноставно, пренатрупан сум со обврски. Деца, градинка, една работа, друга работа, родендени, свадби, погреби, доктори, мајстори, деца на гимнастика, пливање. Повеќето од овие што се депресивни, се всушност во Analysis paralysis.

Животот ке те научи, на потежок начин, на една проста работа.

Дали тоа што се случува, може јас да го контролирам, купам со пари, или да имам влијание врз истото? Ако да, не вреди да се нервирам, и да паѓам во депресија. Ке се најде решение. Не ти се допаѓа на работа? Најди друга. Малку ти се парите што ги заработуваш? Барај друга или дополнителна работа. Не ти одговара средината во која живееш? Пресели се.

Ја искрено не знам што (ке) прават овие со депресија, кога пред нив ке дојде нерешлив проблем, како на пример терминална болест кај некој близок, смрт на млад човек од блиска средина, и мал милион други ситуации врз кои нема да имаат никакво влијание. А такви моменти доаѓаат, ги сакале ние или не.
Во контекст со вашиов муабет за зафатеноста и исполнетоста на времето : Даали знаете дека постојат 30 +, 35+ годишни што сеуште немаат ден работен стаж а не се партиски ботови и не се лижачи у невладина него живеат у некој розев свет и чекаат да им се отвори нивната идеална работна позиција а до тогаш не подработуваат било што туку учат некои непотребни курсеви и академии што наводно ќе им помогнеле да напредуваат побрзо.
Нема ден да не ме изамараат со муабет дека купиле или прочитале или препорака за мене да сум прочитал книга на некој лајф коуч и секако се тоа проследено со линкови од подкасти.
Тонат у заблуди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom