Колку често се чувствувате "слабо" и како да си помогнеме?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 април 2021
Мислења
3.876
Поени од реакции
12.537
Животот ретко тече по права линија. Постојано има предизвици, промени и ситуации кои влијаат на нашата внатрешна рамнотежа. Во старт сакам да направам сегрегација од клиничките состојби анксиозност и депресија, затоа што веќе постојат такви теми. Тука, сакам да збориме за сите оние "моменти на слабост" кога чувствуваме тежина, збунетост и несигурност за иднината, или едноставно замор од секојдневието поради "преплавеност" од обврски, грижи, недоразбирања. Може да кажеме ете дека станува збор за мали сигнали кои доколку не се препознаат на време, или доколку не умееме да ги исконтролираме и не се справиме со нив правилно, може да се продлабочат и да доведат до нешто посериозно. Верувам дека секој еден човек, во даден момент од животот ја почувствувал таа емоционална тежина. Значи зборам за часови или денови во кои се чувствуваме "изгубено", но сепак успеваме некако да се извлечеме од тоа.

Зошто се појавуваат тие "моменти на слабост и несигурност" ?
Најчесто кога имаме некои животни промени или транзиции (пензионирање, развод, раскинување на врска, загуба на партнер, загуба или промена на работно место или место на живеење и сл.), секојдневни стресови (рокови, пренатрупаност со обврски), недостиг на социјални интеракции (човекот е социјално битие, а кога недостига контакт, дури и најмалите проблеми стануваат тешки), внатрешни дилеми (ај да не речам средновечна криза....но можеби нешто слично на тоа, дали сум постигнал доволно? што пропуштив во животот? каде ќе бидам за пет години од сега?)

Прашања за дискусија:
1. Колку често ви се случуваат вакви моменти, на дневно, месечно или годишно ниво?
2. Што најмногу ги предизвикува кај вас?
3. Како се справувате со нив? Дали можеби имате некои стратегии или мали ритуали?
4. Дали овие моменти повеќе ги чувствувате кога сте сами, или ви се јавувале и кога сте биле во врска/брак ?
5. Дали и колку недостигот од социјални интеракции ја зголемува таквата емоционална тежина? Или можеби е обратно, премногу интензивното "дружење со различни профили луѓе" ви прави да се чувствувате така?
6. Кога ќе почувствувате вакви моменти, дали се обидувате сами да ги надминете истите, или барате поддршка (разговор со пријател, член на семејството, можеби психолог?)
7. Дали сте размислувале како ваши членови од семејството се чувствувааат? Дали се среќни, исполнети, или можеби и тие имаат некои премрежја за кои не сакаат да зборуваат?
8. Колку често се разговара за емоциите во рамките на семејството? Или, колку често вие зборите за вашите чувства со блиски пријатели? Дали сте имале моменти кога некој разговор со близок човек "ве извадил" од тежок психолошки момент?
9. Дали мислите дека постарите генерации потешко зборуваат за ова, за разлика од помладите?

Менталното здравје не е луксуз, туку основа за квалитетен живот. Па дечки, би сакала да слушнам како вие размислувате на темава, можеби некои лични искуства, или нешто од вашата непосредна близина.
 
1. Месечно 5-6 пати.
2. Трите точки на Бијонс пред почеток на нова реченица.
3. Бројам од 10. И заборавам каде сум застанал.
4. Не зависи од брачна состојба.
5. Овде балансирам. Не сакам никој да го знае вистинскиот јас.
6. Секад сам.
7. Не е мој проблем.
8. Никогаш.
9. Не зборуваат. It is what it is.

Како ќе ме профилираш?
 
1. Колку често ви се случуваат вакви моменти, на дневно, месечно или годишно ниво?
- Еднаш до два пати годишно.
2. Што најмногу ги предизвикува кај вас?
- Мнозинство е поврзано со работа и финансиски одлуки.
3. Како се справувате со нив? Дали можеби имате некои стратегии или мали ритуали?
- Престанувам да мислам и работам повеќе од 60 саати неделно.
4. Дали овие моменти повеќе ги чувствувате кога сте сами, или ви се јавувале и кога сте биле во врска/брак ?
- Додека бев сам овие моменти ми биле 1-2 пати неделно, само не за работа и финансии, туку како празнина и безцелност. Откога се женив, не сум осетил таков момент.
5. Дали и колку недостигот од социјални интеракции ја зголемува таквата емоционална тежина? Или можеби е обратно, премногу интензивното "дружење со различни профили луѓе" ви прави да се чувствувате така?
- Јас сум повеќе за квалитетни луѓе, не квантитет или бројност.
6. Кога ќе почувствувате вакви моменти, дали се обидувате сами да ги надминете истите, или барате поддршка (разговор со пријател, член на семејството, можеби психолог?)
- Искрен разговор со сопругата ги решава овие проблеми кај мене.
7. Дали сте размислувале како ваши членови од семејството се чувствувааат? Дали се среќни, исполнети, или можеби и тие имаат некои премрежја за кои не сакаат да зборуваат?
- Да, вратата е секогаш отворена ако им треба помош.
8. Колку често се разговара за емоциите во рамките на семејството? Или, колку често вие зборите за вашите чувства со блиски пријатели? Дали сте имале моменти кога некој разговор со близок човек "ве извадил" од тежок психолошки момент?
- Чат пат, по потреба. Не сум имал тежок психолошки момент, така да не знам за тоа.
9. Дали мислите дека постарите генерации потешко зборуваат за ова, за разлика од помладите?
- Јас мислам дека младите генерации премногу зборуваат за ова. Постарите преброделе многу потешки времиња од нас.
 
Фасцинантно е како порано немаше депресивни луѓе во толкав број како денес.

Епа порано немаше достапност на интернет инстаграм каде што секој со секого се споредува
 
Никогаш како сега човекот немал причини да биде среќен ама проблемот е што човечката перцепција за среќа користи репер што е туѓа несреќа за својата среќа. Така да денеска може секој да си дозволи пример Опел Корса, со клима и сите нишани за 1000 евра што е подобра од било кое Бентли 1950 да речеме. Ама проблемот е што некој друг вози Бентли што е 2025, не земаме за репер стварна вредност на стварите. Или уште пострашно.....хипотетички да замислиме планета некоја како у филмон Аватар поминува покрај нас и за 10 милиони евра ќе може да се посетува....и ќе почнат да се тепаат луѓе да ја посетат таа планета а сиротите еднаш на дрво не се качиле, не знаат кога последен пат прошетале у некоја ливада и т.н. Па ќе стануваат депресивни што не отишле на одмор негде да се сликаат а Водно не го искачиле ни еднаш у живот.
 
Епа порано немаше достапност на интернет инстаграм каде што секој со секого се споредува
Друга беше ситуацијата! Немаше време да се замислуваш и анализираш!
Де школување, па војска, брак, куќа, закуќување, деца, распад на еден систем, прилагодување на друг. Деца, свадби, внуци, работа, бизнис.....
Ако успееш во меѓувреме да здрмаш некоја тетка, да се подружиш со познати, роднини и толку, си остарел.
Не како сега, не можел да се пронајде! На 40 години! Мили они на мама и тато!
 
Првичниот драфт ми беше слично на ова. Друже, немам време да бидам депресивен, едноставно, пренатрупан сум со обврски. Деца, градинка, една работа, друга работа, родендени, свадби, погреби, доктори, мајстори, деца на гимнастика, пливање. Повеќето од овие што се депресивни, се всушност во Analysis paralysis.

Животот ке те научи, на потежок начин, на една проста работа.

Дали тоа што се случува, може јас да го контролирам, купам со пари, или да имам влијание врз истото? Ако да, не вреди да се нервирам, и да паѓам во депресија. Ке се најде решение. Не ти се допаѓа на работа? Најди друга. Малку ти се парите што ги заработуваш? Барај друга или дополнителна работа. Не ти одговара средината во која живееш? Пресели се.

Ја искрено не знам што (ке) прават овие со депресија, кога пред нив ке дојде нерешлив проблем, како на пример терминална болест кај некој близок, смрт на млад човек од блиска средина, и мал милион други ситуации врз кои нема да имаат никакво влијание. А такви моменти доаѓаат, ги сакале ние или не.
 
Како ќе ме профилираш?
Не сум тука за да профилирам некого, темата ја отворив за да размениме мислење и искуства, а не за да судиме или анализираме некого.
Фасцинантно е како порано немаше депресивни луѓе во толкав број како денес.
Друга беше ситуацијата! Немаше време да се замислуваш и анализираш!
Де школување, па војска, брак, куќа, закуќување, деца, распад на еден систем, прилагодување на друг. Деца, свадби, внуци, работа, бизнис.....
Ако успееш во меѓувреме да здрмаш некоја тетка, да се подружиш со познати, роднини и толку, си остарел.
Не како сега, не можел да се пронајде! На 40 години! Мили они на мама и тато!
Порано луѓето живееле со ставот "стисни заби и издржи". А и не верувам дека немале моменти на слабост, туку само не се зборувало толку отворено. Предизвиците секогаш постоеле, само формата им е различна.
Првичниот драфт ми беше слично на ова. Друже, немам време да бидам депресивен, едноставно, пренатрупан сум со обврски. Деца, градинка, една работа, друга работа, родендени, свадби, погреби, доктори, мајстори, деца на гимнастика, пливање. Повеќето од овие што се депресивни, се всушност во Analysis paralysis.

Животот ке те научи, на потежок начин, на една проста работа.

Дали тоа што се случува, може јас да го контролирам, купам со пари, или да имам влијание врз истото? Ако да, не вреди да се нервирам, и да паѓам во депресија. Ке се најде решение. Не ти се допаѓа на работа? Најди друга. Малку ти се парите што ги заработуваш? Барај друга или дополнителна работа. Не ти одговара средината во која живееш? Пресели се.

Ја искрено не знам што (ке) прават овие со депресија, кога пред нив ке дојде нерешлив проблем, како на пример терминална болест кај некој близок, смрт на млад човек од блиска средина, и мал милион други ситуации врз кои нема да имаат никакво влијание. А такви моменти доаѓаат, ги сакале ние или не.
Сепак, секој човек има свој начин на справување со тие кризи. Некој се фокусира на работа и обврски, друг бара поддршка, трет има свои ритуали. Индивидуално е тоа. Поентата е дека сите се стремиме кон тој сопствен пат на рамнотежа и смиреност и нема потреба од споредување и критикување едни со други.

Мене ова ми се случува релативно ретко, можеби еднаш до два пати месечно и тоа најчесто кога ги имам периодите на релаксација и имам премногу простор за размислување. Всушност, мислам дека сета таа прентрупаност со обврски колку што е добра за мене и ми ги трга мислите од овие насоки, сепак си го зема долгот отпосле, кога во ваквите моменти ми покажува дека понекогаш функционирам како машина која го филтрира сето тоа преку работа, обврски и сл. Јас пример, не можам така да седам дома и да не работам ништо, едноставно морам да имам нешто за да не се чувствувам како безделник. Пример, морам да читам нешто, или додека чистам морам да слушам нешто во позадина, ако изгледам некој опуштен филм, после тоа мора да изгледам и нешто "корисно" за да ја задоволам таа внатрешна рамнотежа што сакам да ја постигнам. Практикувам и прошетки и трчање, и тогаш сум со слушалки и слушам нешто. Можеби сум јас воркахолик, ама има луѓе кои може скроз да се изгубат ако целосно се потпрат на работата како механизам за филтрирање на стресот. Понекогаш е битно да се најде простор за одмор на телото и умот, за да се справат со емоциите на здрав начин.

Не ми зависеле овие моменти мене од тоа дали сум сама или со партнер покрај мене. Во врската е битно да имаш простор за индивудализам, така што, негувајќи го тоа, доаѓале и тогаш и тогаш, само со различна тежина.
Зошто го поставив ова прашање? Имам неколку постари примери околу мене. Еден човек, после пензионирање, сега е поголемиот дел од денот сам, а порано бил постојано опкружен со луѓе и активен, и сега неговиот живот драстично е променет. Иако има семејство, жена и деца, тие се зафатени со своите обврски, а тој е оставен во поголемиот дел од времето сам. Како екстроверт, тој се повлекол и станал многу повеќе интроверт. Друг пример е постара жена, која не е мажена и нема деца. Нејзината единствена социјална интеракција е преку работа, и кога треба да седи дома, доживува burn out моменти. И сега мене, посматрајќи од страна, ваквите примери ме тераат да се прашувам колку можеме да влијаме на ваквите промени и дали постои начин да ги спречиме или ублажиме тие транзиции и да се носиме со нашите животни избори?

Јас лично, не сум многу личност која сака да збори за своите чувства и емоции и мислам дека тоа не ми е силна страна. Пре би одбрала да читам книга и да размислувам сама, отколку да зборам за тоа. Сепак, во последно време се трудам да бидам поотворена личност, и да зборам за своите чувства наместо да ги потиснувам.

Дали често размислувам за тоа како се чувствуваат другите? Да, веќе го одговорив тоа прашање. Многу често, и самата тема ми е инспирација од тоа. Човече, сум се изнаслушала секакви животни приказни, и не можам а да не се запрашам отпосле за тоа како успеале да го пребродат тие луѓе тоа, и како продолжиле да функционираат ко нормални луѓе (не зборам тука за погорните примери, туку за многу пострашни животни судбини). И не можам да престанам да се фасцинирам на нивниот однос кон животот.
 
Не сум тука за да профилирам некого, темата ја отворив за да размениме мислење и искуства, а не за да судиме или анализираме некого.

Порано луѓето живееле со ставот "стисни заби и издржи". А и не верувам дека немале моменти на слабост, туку само не се зборувало толку отворено. Предизвиците секогаш постоеле, само формата им е различна.

Сепак, секој човек има свој начин на справување со тие кризи. Некој се фокусира на работа и обврски, друг бара поддршка, трет има свои ритуали. Индивидуално е тоа. Поентата е дека сите се стремиме кон тој сопствен пат на рамнотежа и смиреност и нема потреба од споредување и критикување едни со други.

Дали често размислувам за тоа како се чувствуваат другите? Да, веќе го одговорив тоа прашање. Многу често, и самата тема ми е инспирација од тоа. Човече, сум се изнаслушала секакви животни приказни, и не можам а да не се запрашам отпосле за тоа како успеале да го пребродат тие луѓе тоа, и како продолжиле да функционираат ко нормални луѓе (не зборам тука за погорните примери, туку за многу пострашни животни судбини). И не можам да престанам да се фасцинирам на нивниот однос кон животот.
Не е криза кога мислиш дека е криза! Криза е кога после некој период, месеци, години, седнеш и си викаш: бреј мајката стварно беше за никаде и јака ми душа како се'издржав. Или како мене, дознаеш дека тоа што ти се темнело пред очи ти било мозочен удар уствари.
Ова што сега се нарекува криза 90% е пи*кин дим, да ми извиниш на изразот. Криза на идентитет, криза на ова, на она. Луѓе има криза и криза. Секоја планина со своја тежина.
Пример од моја колешка, ден после веридбата и починува свршеникот, а таа бремена веќе. Помина што помина сета таа криза, после неколку години излезе со став дека господ дава задачи колку што мисли дека можеш да издржиш!
Може тоа и е одговор на твоето последно прашање.
 
Да, терминот криза може да се однесува на различни стресни ситуации и затоа велиме дека секоја криза си има своја тежина. Но, постои разлика од тежина до тежина. Сепак, сметам дека не треба да ги потценуваме "малите кризи", меѓу кои е и стресот секако (како еден од главните ризик фактори за многу болести), затоа што и тие се акумулираат и со текот на времето може да станат вистински товар.

Не велам дека криза на идентитет, и овие "банални кризни ситуации" се исти како мозочен удар, некоја друга болест или загубата што ја спомна, но, сакам да кажам дека во моментот кога поединецот го доживува тоа има нарушување на внатрешната рамнотежа. И мене ми е фасцинантно да гледам како луѓето го надминуваат тоа. Некој се потпира на вера, друг на работа, трет на семејство, четврт на хоби итн...итн, и преку тоа мислам дека човекот учи многу за себе и гради отпорност. Тоа е на некој начин како подготовка за поголемите удари.

Ти посакувам побрза и полесна рехабилитација :)
 
Фала,
Тоа беше пред 28 години, помина со лесно.
Сум искористил еден џокер!
 
Болдот е баш точен, моментално имам некаква "криза" за која јас сум целосно виновен, прва поддршка ми беше семејството, за работа и хоби немам никаква волја. Планот ми е: литар шток и некое пиво ( не одеднаш) да го удавам црвецот, да се убедам себе си дека не вреди да се биде тажен за нешто што веќе се случило и не може да се промени, и да скројам некој план за во иднина. После штокот и пивата може фокус кон работата и некое хоби.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom