- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.875
- Поени од реакции
- 12.535
Животот ретко тече по права линија. Постојано има предизвици, промени и ситуации кои влијаат на нашата внатрешна рамнотежа. Во старт сакам да направам сегрегација од клиничките состојби анксиозност и депресија, затоа што веќе постојат такви теми. Тука, сакам да збориме за сите оние "моменти на слабост" кога чувствуваме тежина, збунетост и несигурност за иднината, или едноставно замор од секојдневието поради "преплавеност" од обврски, грижи, недоразбирања. Може да кажеме ете дека станува збор за мали сигнали кои доколку не се препознаат на време, или доколку не умееме да ги исконтролираме и не се справиме со нив правилно, може да се продлабочат и да доведат до нешто посериозно. Верувам дека секој еден човек, во даден момент од животот ја почувствувал таа емоционална тежина. Значи зборам за часови или денови во кои се чувствуваме "изгубено", но сепак успеваме некако да се извлечеме од тоа.
Зошто се појавуваат тие "моменти на слабост и несигурност" ?
Најчесто кога имаме некои животни промени или транзиции (пензионирање, развод, раскинување на врска, загуба на партнер, загуба или промена на работно место или место на живеење и сл.), секојдневни стресови (рокови, пренатрупаност со обврски), недостиг на социјални интеракции (човекот е социјално битие, а кога недостига контакт, дури и најмалите проблеми стануваат тешки), внатрешни дилеми (ај да не речам средновечна криза....но можеби нешто слично на тоа, дали сум постигнал доволно? што пропуштив во животот? каде ќе бидам за пет години од сега?)
Прашања за дискусија:
1. Колку често ви се случуваат вакви моменти, на дневно, месечно или годишно ниво?
2. Што најмногу ги предизвикува кај вас?
3. Како се справувате со нив? Дали можеби имате некои стратегии или мали ритуали?
4. Дали овие моменти повеќе ги чувствувате кога сте сами, или ви се јавувале и кога сте биле во врска/брак ?
5. Дали и колку недостигот од социјални интеракции ја зголемува таквата емоционална тежина? Или можеби е обратно, премногу интензивното "дружење со различни профили луѓе" ви прави да се чувствувате така?
6. Кога ќе почувствувате вакви моменти, дали се обидувате сами да ги надминете истите, или барате поддршка (разговор со пријател, член на семејството, можеби психолог?)
7. Дали сте размислувале како ваши членови од семејството се чувствувааат? Дали се среќни, исполнети, или можеби и тие имаат некои премрежја за кои не сакаат да зборуваат?
8. Колку често се разговара за емоциите во рамките на семејството? Или, колку често вие зборите за вашите чувства со блиски пријатели? Дали сте имале моменти кога некој разговор со близок човек "ве извадил" од тежок психолошки момент?
9. Дали мислите дека постарите генерации потешко зборуваат за ова, за разлика од помладите?
Менталното здравје не е луксуз, туку основа за квалитетен живот. Па дечки, би сакала да слушнам како вие размислувате на темава, можеби некои лични искуства, или нешто од вашата непосредна близина.