Колкави се трошоците за отворање на колонијална продавница?

  • Креатор на темата Креатор на темата IMF
  • Време на започнување Време на започнување

IMF

Член од
15 ноември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
5
Возраст
36
Сакам да отворам колонијална продавница во едно село. Планирам да работам јас и да вработам едно лице (за почеток ќе работам сам колку што можам). Ме интересира колкави би ми биле месечните (задолжителните) и годишните трошоци (фирмарина и слично) без трошоците за материјал (роба) струја, телефон и греење. Кој има познавање од оваа област нека ми објасни. Се надевам дека на форумов има некој што се занимава со ваков бизнис.
пс. нов сум на кајгана и не ги знам баш правилата на форумов се извинувам ако има нешто погрешно во врска со отворањето на оваа тема.
Однапред Ви благодарам и се надевам на Вашата помош околу оваа проблематика.
 
За да биде се легално (регистрирана фирма и 300 глупости) трошоците се огромни...
Згора на тоа луѓето што ги познавам, што имаат колонијална продавница или се жалат од X причини или веќе истата ја затвориле.
Денес само големите маркети успеваат во овој сегмент. Јас ти посакувам среќа па можеби и твојот ќе биде еден од тие големи маркети ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF

Ти благодарам. Инаку не се работи за голем маркет, се работи за мала продавница која ќе се наоѓа во селска средина така што конкуренцијата е многу мала скоро и не постои. Го имам објектот, ја имам цела опрема (рафтови, ладилници...) ми треба уште да набавам роба и да оформам фирма. Баш тие трошоци ме интересираат за фирмата и сигурно има некои трошоци што не ги знам како лиценци, даноци и слично затоа барам помош од вас.
 
Искрено не знам колкави се трошоците за отварање фирма, тоа го знат сите адвокати кои имаат специлалност деловна работа, плус сите книговодители (ваков ќе ти треба и за подоцна) па најдобро прво ако сакаш да работиш да си најдеш добар кноговодител и да почниш побараш совет... инаку знам за проектово на владава за самовработување но не знам дали тоа опфаѓа и колонијална продавници аили само за сопствени производствено и услужни работи. Инаку ако покрениш иницијатва со гратис 3.000Е и ќе се опремиш и ќе реновидаш објект по хасап (ти треба за да ти ја поминат фирмата на технички прием). За фирмата ако сакаш и алкохол тоа ти ее 20000 ден годишно, имаш 6000 фирмарина (данок) но таа е на крај на година со завршната сметка.
Пс мал оффтопик, стави си и тв во дукан секако ќе плаќаш телевизија еднаш дома, уште еднаш на седиштето на формата (а.к.а. дома) , и уште едаш на продажниот објект.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
Ако ја отвараш сам фирмата ќе ти требаат околу 4500денари, а ако ти ја отвара адвокат 9000 денари без да се замараш. Ова се отвара за два дена со сметка во банка.
Фирмарина ти е 3000ки годишно.
Сметководител од 1500ден па нагоре.
РДТ 130ден месечно.
Придонеси за вработен социјално пензиско во зависност од висината на платата која ќе си ја минеш.
Другите трошоци како фискална каса и останати работи не ги знам во врска со колонијал.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
не се велат " (задолжителните) и годишните трошоци (фирмарина и слично) "
туку фиксни и варијабилни трошоци :)
оф топик: ах Кирчее, каде си сега да ме видиш :D
пс: Кирче ми е проф. по бизинс ^_^ хај Кирче ујдурма..

трошоците ќе ти зависат од тоа, дали халата т.е објектот ќе е твој, кој ќе ти ги води сметководните работи, кирија, вода, струја ехт. никој неможе да ти каже точно колку ќе имаш фиксни, а колку варијабилни трошоци ..
мада, фиксните под 7.000 нема да се 100% ( да не ги вклучувам и трошоците за набавка )

како и да е, да не ти рушам филм, пробај па кажи ни (:
а локација, каде?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
Пријателе како што добро те разбрав ,сакаш во некое село да отвараш..е сега,ако имаш доволно муштерии,ќе вадиш некој денар,а ако не тешко ( мислам се да биде регуларно) .. бонус ти е тоа што една смена ти ќе работиш,барем тука ќе скратиш трошоци
 
како и да е, да не ти рушам филм, пробај па кажи ни :)
а локација, каде?
7.000 евра месечно? Од каде до ваква пресметка, огромни трошоци си му бапнала :) Фиксните трошоци би му биле околу 2.500 евра, бар по она што го кажа. И дали го имаш истражено пазарот, колонијал и не е баш најсјаен тип на бизнис, макар да во село може и да успее.
 
Пријателе како што добро те разбрав ,сакаш во некое село да отвараш..е сега,ако имаш доволно муштерии,ќе вадиш некој денар,а ако не тешко ( мислам се да биде регуларно) .. бонус ти е тоа што една смена ти ќе работиш,барем тука ќе скратиш трошоци
Ништо кон државата нема да скрати, 4900 пак ќе мора да ги даде за пензиско и здравствено минимално + да има на лагер (од кога ќе стапи на сила законот за минимална ) уште 8000 , мора да ги помини за плата па после да си ги извади и потроши за друго ако му требаат. Најбитното треба да направи доволно обрт на средства за да покрие трошоците со соодветен рабат на робата и услугите. Пред да направиш било што пресметеј си дал можеш по твое ќе имаш заработка од минимално 400-500Е за да со нив покриеш трошоците за плати/придонеси+друго па впуштај се во бизнис... знаеш робата во 99% има рок на трање , лесно е да се купи нешто со цел да с епрепродаде но тоа треба да оди релативно брзо, колонијал не е продавница за мебел или железарија, ако немаш бар просек 100Е промет во денот гледано на месечно ниво се ќе ти оди во вода... тоа е мое мислење а бидеќи рече дека конкуренција нема добро е да висиш зошто никој не тргнал со работа претходно... дал местоположбата е проблем, дал немањето муштерии, дал нешто друго... лем муабет ми е на легално ниво гледан, с еда е подмирено, се да оди на фискална и слично... да напоменам , сите пари што ќе ги дадеш за легалните трошоци (придонеси, данок итн) треба да ти бидат поминати на фискална зошто завршната на крај на година никако неа да можеш да ја средиш...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
Јас сигурно ке го почнам овој бизнис па макар и би заглавил што според мене има многу шанси да заглавам, се ми е испитано, потрошувачи, конкуренција, пресметани ми се трошоци за струја, вода, греење..
Ме интересираат за отворање фирма колку се плаќа на почеток и колку се плаќа за фирмата на годишно ниво, комплетно осигурување на работник со минимална плата и слични законски трошоци (затоа и ги викам задолжителни). Ви благодарам на одговорите. Сепак треба да разговарам со некој што веќе има искуство со ваков бизнис или некој адвокат, правник, сметководител....
 
пишанките ги затворија малите колонијали - тука треба најповеќе внимание
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
Да разјаснам малку. Јас не барам совет дали да почнам или не. Јас барам некој да ми ги објасни законските регулативи во врска со овој бизнис и цената (трошоците) за тие законски регулативи.
 
За работник ти реков моментално е ~4.900 на 6000 плата но може да дојде погоре со законот за минимална плата (8050 платата )
Фирмарина во прилеп е 6000 годишно , не знам во други градови, реков ако сакаш алкохол тоа ти е 20.000 годишно
за фирмата нема да те кошта ако сакаш сам да бркаш работа повеќе од 5.000 но не би ти препорашал ако немаш нималку искуство како одат тие работи, подобро плати му екстра на тој што ќе ти биде книговодител тој да ти заврши работа (не повеќе од 50Е по мое мислење) зошто сам би изгубил пола месец од сабајле до вецер шутаќи с епо канцеларии и објекти за разни дозволи, сметки, извештаи итн... Струја, вода и случно во селски услови сигурно неам да ти биде повеќе од три-четири дневници на вработениот :) гледај другите трошоци да ти бидат покриени... Пошто не кажа локација пресматеј си и трошоци за набавка на роба, зошто не се може да ти донесат или воошто нешто да ти донесат некаде, ќе треба сам да одиш а со тоа да губиш на работно време односно друг да биди на работа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
не се велат " (задолжителните) и годишните трошоци (фирмарина и слично) "
туку фиксни и варијабилни трошоци :)
оф топик: ах Кирчее, каде си сега да ме видиш :D
пс: Кирче ми е проф. по бизинс ^_^ хај Кирче ујдурма..

трошоците ќе ти зависат од тоа, дали халата т.е објектот ќе е твој, кој ќе ти ги води сметководните работи, кирија, вода, струја ехт. никој неможе да ти каже точно колку ќе имаш фиксни, а колку варијабилни трошоци ..
мада, фиксните под 7.000 нема да се 100% ( да не ги вклучувам и трошоците за набавка )

како и да е, да не ти рушам филм, пробај па кажи ни :)
а локација, каде?

Ова 7.000 во евра, долари, денари, јени, лири е или???? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom