Колкави се трошоците за отворање на колонијална продавница?

  • Креатор на темата Креатор на темата IMF
  • Време на започнување Време на започнување
7.000 евра месечно? Од каде до ваква пресметка, огромни трошоци си му бапнала :) Фиксните трошоци би му биле околу 2.500 евра, бар по она што го кажа. И дали го имаш истражено пазарот, колонијал и не е баш најсјаен тип на бизнис, макар да во село може и да успее.

Ова 7.000 во евра, долари, денари, јени, лири е или???? :D

спомнав негде евра? - не ..
туку му кажав груба сума од 7.000 денари, дека нема шанси поламце од тие да има како фиксни трошоци ..

и да, истражено ми ова :)
--- надополнето: Nov 16, 2011 8:47 AM ---
Јас сигурно ке го почнам овој бизнис па макар и би заглавил што според мене има многу шанси да заглавам, се ми е испитано, потрошувачи, конкуренција, пресметани ми се трошоци за струја, вода, греење..
Ме интересираат за отворање фирма колку се плаќа на почеток и колку се плаќа за фирмата на годишно ниво, комплетно осигурување на работник со минимална плата и слични законски трошоци (затоа и ги викам задолжителни). Ви благодарам на одговорите. Сепак треба да разговарам со некој што веќе има искуство со ваков бизнис или некој адвокат, правник, сметководител....

епа тогаш, 4.500 или 5.000 беше при отварањето на фирмата, и 3.000 годиншно.. по асален сметководител околу 2.500-3.000, ддв, и тие работи ги знаеш ваљда .. ако сакаш исто така аклохол со лиценца +20.000 ..

цените се во денари, не евра ..

а ако сакаш да не се мачиш по канцеларии, и папитологија да спремаш, најми си адвокат, за помалку од 10.000 ќе ти среди се работа, и ќе ти ги донесе документите дома :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
спомнав негде евра? - не ..
туку му кажав груба сума од 7.000 денари, дека нема шанси поламце од тие да има како фиксни трошоци ..

и да, истражено ми ова :)
7000 денари фиксни трошоци, мислиш за кирија? :)
Лоши пресметки имаш, само за плати би имал околу 25.000 денари месечно.
 
Изборот на локација ти е топ, со тоа одма имаш профит. Селска коперација прави повеќе пари од обичните продавници во град, ако е добро снабдена, замисли само за слави и други прослави колку ќе ти се троши леб, кикиритки, семки, сокови, пијалоци и други глупости наместо да слегуват до град да пазарат, а трошоци сигурно дека ќе имаш, ама ќе гледаш шо поснабдена да ти е продавницата дури повеќе од потребното, не форсирај на шо повеќе производи од една марка туку што повеќе марки на производи од сите по 6-7 имај различни најубаво ти е.
Трошоци ти кажаа погоре, + вработен да си клајш за да ти врви убо времето, од сабалје до кај 2-3 сатот си ти, па после другиот до кај 22 нека работа топ ќе ти биди.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
7000 денари фиксни трошоци, мислиш за кирија? :)
Лоши пресметки имаш, само за плати би имал околу 25.000 денари месечно.

пак не си ме разбрал :) тие трошоци ги наведов како "основните" ..

1. ако објекотот е негов - плаќа струја + вода + комуналии 2.500 месечно ( а и помалце, све зависи од површнината и инвентарот * фрижидер, замрзнувач, тв бла бла )
2. ако објектот не е негов - плаќа струја + вода + кирија + комуналии = 4. 000 - 5.000 ( киријата по селата е од 500 до 1.500 денари ) - од искуство ова го знам
3. асален сметководител наплаќа од 1.500 па до 3.500 денари

ако имаш еден работник, според новиот закон ( од Јануари ) мин. ќе му плаќаш 160евра ( без даноци, и одбивки ) 2 работника - дупло ( додади ги и тие 160 евра во фиксни ) ..

чим ќе си во село ( ако живееш во истото ) и си невработен ( ако си вработен негде, нема да можеш да отвориш своја фирма легално ) ти ќе си работиш сам ..ништо страшно, лежерна работа. ако и сопругата твоја ( ако си оженет секако ) и она е невработена, ќе делите смени ..лето - ако имаш деца, и они ќе ти помагаат ..семеен бизнис :)

ем штедиш, ем имаш ќар. битно е да не ти се набилдани ептен цените ..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
Сакам да отворам колонијална продавница во едно село. Планирам да работам јас и да вработам едно лице (за почеток ќе работам сам колку што можам). Ме интересира колкави би ми биле месечните (задолжителните) и годишните трошоци (фирмарина и слично) без трошоците за материјал (роба) струја, телефон и греење. Кој има познавање од оваа област нека ми објасни. Се надевам дека на форумов има некој што се занимава со ваков бизнис.
пс. нов сум на кајгана и не ги знам баш правилата на форумов се извинувам ако има нешто погрешно во врска со отворањето на оваа тема.
Однапред Ви благодарам и се надевам на Вашата помош околу оваа проблематика.

ако сеуште не ти се разјаснети работите, еве ти се детално за биланс на успех за период од 1 година: ( ОВА Е ПРИМЕР )

Приходи од продажна на готови производи/услуги - 80.000
( минус вкупни трошоци – директни, индиректни и општи ) – 63.000
профит: 17,000
од кои:
- материјални трошоци: 40,000
- плати:15,000
- амортизација: 2,500
- трошоци за транспорт, реклама и маркетинг: 4,000
- други административни трошоци: 1,500
________________________________________________
- оперативен профит: 17,000
- минус трошоци за камати: 2,000
- профит пред оданочување: 15,000
- минус данок на профит ( даночна стапка 30% ): 4,500
- нето профит по оданочување: 10,500
- минус исплатени дивиденди, за обичните акции: 6,000
- нераспределен профит: 4,500

нека не те плашат бројките, ова ти е пример :) не значи дека е 100% точно :)
пс: во денари се, не евра/долари бла бла ..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: IMF
Ги видов сите одговори и од сите има по нешто поучно. Ви благодарам на помошта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom