Колкава е платата во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата elninokv
  • Време на започнување Време на започнување

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
Јавно нека ги објават кои се тие, а не бараат казна а име никаде нема. Од каде ќе знае јавноста кои се тие?
...
Да беше приватна фирма со 200 работни саати неделно, работа за празници и 10 дена годишен одмор немаше да ги кријат и еден месец каснење на плата ниеден вработен немаше да им остане. ;)
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
викаш?
инаку неделата има 168 часа
 
Платата доцни, газдата е на одмор - газдите кои доцнат со плати на Балканот одат во затвор, во Македонија мува не ги лази

-Имавме состанок во мај. Газдата не викна сите во канцеларија, да не извести дека платата малку ќе задоцни. Тогаш стануваше збор за априлската плата. Да бидеме трпеливи и да разбереме. Ни, ни ги кажа причините. Еве и денеска се уште сме трпеливи, иако е месец јули. Пред неколку дена, тој истиот газда, замина на одмор на Бали. Ние сме работници, земаме 200 евра плата, не ни е зор да одиме на одмор, а и сметките според него не мора да ги платиме, ниту пак да јадеме...
Такав е состојбата во поголемиот дел приватни фирми во Македонија. Газди на грб на вработените.
Во регионот се апсат газдите кои доцнат со исплата... Неисплаќањето на платите е проблем кој особено стана изразен со почетокот на кризата и тоа не само во земјава, туку и во регионот. Поголем дел од земјите веќе усвоија закони што ги казнуваат работодавачите, затоа што се проценува дека околу 1 милион работници низ целиот регион добиваат плата со задоцнување или воопшто не ја добиваат. Поради тоа што паричните казни се покажале како неефикасен инструмент во повеќе држави, голем дел од нив решија да воведат построги санкции за фирмите-нелаќачи.
Затоа фалат странски фирми, што ќе вработуваат од 1-5000 луѓе и ќе работат по законот.
Тогаш ваквите газди ќе заглават, нема кој да им работи и ако имаат кредити ќе им се смени цел свет.
Кај нас и да донесат ваков закон, никому ништо, пошто и во времето на груевски имаше градоначалници со по 10-15 кривични пријави што лежеа во фиока
 
Платата доцни, газдата е на одмор - газдите кои доцнат со плати на Балканот одат во затвор, во Македонија мува не ги лази

-Имавме состанок во мај. Газдата не викна сите во канцеларија, да не извести дека платата малку ќе задоцни. Тогаш стануваше збор за априлската плата. Да бидеме трпеливи и да разбереме. Ни, ни ги кажа причините. Еве и денеска се уште сме трпеливи, иако е месец јули. Пред неколку дена, тој истиот газда, замина на одмор на Бали. Ние сме работници, земаме 200 евра плата, не ни е зор да одиме на одмор, а и сметките според него не мора да ги платиме, ниту пак да јадеме...
Такав е состојбата во поголемиот дел приватни фирми во Македонија. Газди на грб на вработените.
Во регионот се апсат газдите кои доцнат со исплата... Неисплаќањето на платите е проблем кој особено стана изразен со почетокот на кризата и тоа не само во земјава, туку и во регионот. Поголем дел од земјите веќе усвоија закони што ги казнуваат работодавачите, затоа што се проценува дека околу 1 милион работници низ целиот регион добиваат плата со задоцнување или воопшто не ја добиваат. Поради тоа што паричните казни се покажале како неефикасен инструмент во повеќе држави, голем дел од нив решија да воведат построги санкции за фирмите-нелаќачи.

Ке дојде ли денот ова да го видиме и доживееме во Македонија.Ете зошто народот Руски го сака Путин, не дозволува народот да го злоупотребуваат моќниците.
 
Последно уредено од модератор:
60242136_172296967100329_5206572949229797376_n.jpg

mak1.jpg

На овие реалната месечна плата им е некаде преку 20.000 евра.

2000 евра нето плата и плус 18.000 - 20.000 евра од проневера од народните пари преку наместени тендери и сл.

Башка патни трошоци и хранарина...

Тоа му доаѓа за една година 250.000 евра.

За 4 годишен мандат 1 милион...
 
Во доста фирми во Македонија некои луѓе сега ја чекаат Мартовската, априлската и мајската плата... И тоа помалку од минималецот. Ти вика газдата денеска преку банка ќе ви префрлам 12.500, ама утре 2.500 денари да ми вратите. Најчесто тоа е кај шивачките којшто работат сабајле од 06.00 до 16.00 часот, па потоа истиот ден трета смена од 22.00 до 08.00 сабајлето. Од 24 часа можни 26 се на работа...
 
Ако им воведеш минимална плата 14600 и им забраниш да даваат плата на рака ќе останеш и без 10500 и без ефтини пантолони. А најверојатно ќе падне и онака мизерниот раст на економијата...кој сака да се бафта со шивачки туку како господин може да си ги изнесе парите од државава.
 
Eфтини пантолони и општо ефтина облека не мора од Македонија. Ги има доста ефтини облеки од Турција и Кина...
 
Во доста фирми во Македонија некои луѓе сега ја чекаат Мартовската, априлската и мајската плата... И тоа помалку од минималецот. Ти вика газдата денеска преку банка ќе ви префрлам 12.500, ама утре 2.500 денари да ми вратите. Најчесто тоа е кај шивачките којшто работат сабајле од 06.00 до 16.00 часот, па потоа истиот ден трета смена од 22.00 до 08.00 сабајлето. Од 24 часа можни 26 се на работа...
Кои се тие фирми ги знаеш ли или само да се пише нешто?

Може во текстилната индустрија не се големи платите, просек 250 евра и не исплаќаат к15, ама плата сите исплаќаат до 20ти во месецот и не е како порано и повеќето и сабота и празник не работат поради недостаток на работа.

Никој не им седи без пари ни еден месец, а не 5 месеци. Поради недостаток на работници им се отвараат повеќе слободни работни места и имаат избор колку сакаш и газдите почнале да ги исполнуваат барањата, само за да не ги загубат и тие што ги имаат.

Ова ти го кажувам затоа што во фамилија имам директор на фирма која исто е запознаена за условите и работното време за уште 50 исти фирми. Соработуваат едни со други и си знаат точно за која работна задача секоја фирма колку плаќа.
Еден ако закасне со плата друг ќе му ги привлече работниците.

Не знам како се викаат тие текстилни фирми, ама знам дека во Битолските села што се оддалечени 10км од градот има доста конфекции од газди Грци. Ако ти не знаеш под какви услови работат таму, па тоа не значи дека јас не знам...Ако имаш некој роднини, познаници во Битола прашај ги како се работи во Грчките конфекции...
 
Откако ја отворија Кромберг и Шуберт тешко дека во Битола така ги плаќаат шнајдерките, мин 250 евра, со празници, ноќни, викенд се истерува до 450-500 евра и редовно им даваат плата,а има и други фирми низ Бт кои работат солидно последниве години.
 
вака така, анкетава ја покажува вистинската средна плата во Севернамакедонија окулу 14-15000 денари.
 
Не дека е идеално да се работи во конфекција ама не претерувајте со митови. Имам и јас работено во конфекција (како економист) па знам како одат работите горе-долу.

Прво денес сите исплаќаат плата до 15-ти во месецот и тоа редовно. Никој нема да работи без пари. Денес има голема конкуренција, еден куп конфекции, па шивачките лесно можат да најдат друга работа. Тука се сега и компаниите - странски инвестиции како Амфенол, каде имаат јасна организација и можат да понудат подобри услови, па ако конфекциите не даваат плата нема да им остане ни еден вработен.

Исто, кај поголемите конфекции веќе се избегнува да се работи во сабота или на празници, а прекувремената работа се плаќа. Така да не е робовладетелство како што некој го прикажува. Платите се доста скромни и едвај надминуваат минималец ама сепак се исплаќаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom