G
Goldie
Гостин
Сивата економија денес е во свој најголем подем од како постои поимот Македонија и Македонец, и тоа почнувајќи од оние шо копаат по контејнери а на појас им се по 1000 евра ајфони, па преку “социјални случаеви“ кои одат до бироа со џипови и мерцедеси, па работници кои летуваат по мориња во странство и секој викенд пијат кафе во солун или банско, директори на фирми кои со 30.000 денари плата купуваат цели згради и општини па до пратеници кои се возат во полураспаднати трабанти а земаат 50.000 евра патни трошоци.
Очигледно ова власт нема ни идеја ни план ни желба да се справи со сивата економија која голта милијарди евра годишно неоданочени и непријавени па затоа имаме деца кои умираат без лекарска помош, секој дожд ни ја поплавува државата, во школите владеат епидемии ради нехигиена а војската и полицијата оди на работа во искинати чевли и се покрива со ќебиња од ЈНА
Шо поскоро да слези од власт и да му се препушти на одлучни луѓе со визија и стратегија конечно да ги доведат во ред состојбите во земјата.
Со толкава сива економија види како владата прави панорамски тркала во барок за 12 милиона евра или огради за мостови од 1 милион евра, ех да знаеја како да се справат со милијарда евра неоданочени до сега во секој град ќе имавме панорамски тркала и секоја зграда ќе беше во барок, ќе ти беше мерак да живееш во државата

Да не мислиш дека ако се справат со сивата економија ќе ги трошат парите што ќе добијат на продуктивни работи ?
Уште повеќе ќе вработуваат партиски паразити во администрација и ќе гледаме напумпани цени на тендери со цел нивни бизнис партнери да се збогатат на сметка на народот