Bloody Mary:
1 или 1/2 доза вотка
2 дози сок од домат
1 капка сок од лимон
2-3 капки Табаско сос
1 парче зелен лимон
Сите состојки се мешаат заедно со лед и се сервираат во старовремска чаша врз неколку коцки лед. Заради вкус се додаваат сол и бибер. На крај се додава и парчето зелен лимон и - voila!
Mojito:
3 свежи ливчиња од нане
2 кафени лажички шеќер
3 лажици свеж сок од зелен лимон
1 или 1/2 дози рум
Швепс
Во висока, тенка чаша, се става малку нане со вилушка за да се обложи внатрешноста. Се додаваат шеќерот и сокот од зелен лимон, и темелно се промешуваат. На врвот се додава мраз. Потоа се додава румот и се меша. На крајот се додава малку Швепс, по што се ставаат и парче зелен лимон и преостанатите ливчиња од нане, и се сервира.
Tequila Sunrise:
2 мерки текила
сок од портокал
2 капки гренадин сируп
Текилата се истура во чаша полна со лед и сок од портокал, и се промешува. Се додава гренадин, при што чашата се навалува, а шишето со гренадин се врти вертикално со голема брзина. Гренадин сирупот треба да оди до дното, а потоа полека да се искачува низ пијалокот. На крајот, како декорација се додаваат цреша и портокал.
Margarita:
1 или 1/2 дози текила
1/2 дози triple sec (по можност Cointreau)
1 доза сок од зелен лимон
Рабовите на чашата се обложуваат со сок од зелен лимон, и се натопуваат во сол. Сите состојки се мешаат заедно со лед, се ставаат во чаша и се сервираат.
Blue Long Island:
1 доза вотка
1 доза џин
1 доза рум
1 доза текила
1 доза Blue Curacao ликер
5 дози слатко-кисел микс
Состојките се ставаат во чаша полна со лед. Прво се ставаат ликерите, по нив киселиот микс, а потоа синиот ликер. Се декорира со парче лимон.
Се враќаме по краткиот блок реклами.:salut: