Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8
Секој со грам вкус ќе гласи True Blood. Оти е оригинална и.. кул.
Vampire Diaries почнува како Twilight, после се поправа, за на крај да го дрват со глупости.
Во реалноста не би требало ни да се споредуваат, ама ова е интернет и сите сме по малце ретардирани, затоа VD ќе победи.

True Blood ме пишај мене.
 
Секој со грам вкус ќе гласи True Blood. Оти е оригинална и.. кул.
Vampire Diaries почнува како Twilight, после се поправа, за на крај да го дрват со глупости.
Во реалноста не би требало ни да се споредуваат, ама ова е интернет и сите сме по малце ретардирани, затоа VD ќе победи.

True Blood ме пишај мене.
До сега кога тепаше убаво ти беше, сега... :)

Шала. Очигледно е зошто се споредени. Инаку првата не ми е гледана, а втората ја почнав ама премногу мани и најдов и ја баталив. Ме убедуваа некое време да ја продолжам ама не... ја почнав поради Вампирите, очекував нешто сосема друго. Значи, нема гласање за мене, но мислам дека има доволно луѓе што ги следат серииве за да има интересен дуел.
 
До сега кога тепаше убаво ти беше, сега... :)

Шала. Очигледно е зошто се споредени. Инаку првата не ми е гледана, а втората ја почнав ама премногу мани и најдов и ја баталив. Ме убедуваа некое време да ја продолжам ама не... ја почнав поради Вампирите, очекував нешто сосема друго. Значи, нема гласање за мене, но мислам дека има доволно луѓе што ги следат серииве за да има интересен дуел.

Постирај го линков во двете теми, инаку одамна си ги мериме ние, фановите, која е подобра. Пиши ја и RockenRolla под мене.

Тrue Blood и јас незнам како почнав да ја гледам, најверојатно рандом, во период кога немаше ништо. На почетокот дури ми беше комична.
Посебно акцентот.. ама тоа понатаму и дава шмек. Оригиналност. Тој дел од Америка, наместо сите модели од L.A во Vampire Diaries.
True Blood имаш и доста хорор сцени, онака хаце хорор сцени и доста интересни ликови, добро развиени, плус доста фантазија.
Vampire Diaries е буквално Twilight како серија, убави ликови, ефтини заплети.. ама еве, редовно ја гледам. :(

Толку е далеку според мене VD за победа, што еве, понекогаш ми е срам да кажам дека гледам VD. :icon_lol:
 
Гласам за Суќе, разбира се.:icon_mrgr:
На почетокот страшно ми одеше на нерви, море уште ми иде, само што после се појави Ерик и животот повторно доби смисла.:rolleyes:

Ова не е серија за помлади дечки, има премногу експлицитни сцени и тука е се во водство Дневниците зашто публиката им е далеку поголема. Едноставно оделе на таргет група која е поширока. Овие од HBO онака ама баш ги боли кој ќе им ја гледа серијата, си ја прават за ќеф и затоа производот им е подобар.

True Blood има за мене далеку подобра приказна. И двете серии се базираат на книги, ама оваа Ериковата не е развлечена во 24 епизоди со единствена цела да ја прикаже младата како се шалта од едниот младич на другиот. За разлика од Дневниците, оваа со Ерик си има многу поинаква замисла, има и тука една женцка и двајца младичи, ама има и борба на вампирите за рамноправност со луѓето, политика а у. Башка има хумор бре. Досетките на Пем и Ерик се одлични, чат пат и Суќе знае да одвали нешто.

И баш ми е драго што конечно ќе почне таа 5 та сезона. Се изначекав.:pipi:
 
Ох сукиии

Ја неам ни гледано таа другата, гласам за геј секс.
 

Гласам за True Blood.​
Двете се адаптации на книги, но светот на True Blood ми е некако поблизок до вистинскиот. А и целиот фантазиски свет во True Blood е подобар отколку во VD.​

SEASON 5 IS HERE! :D
 
Уф, тешка одлука, бидејќи сум фан и на двете серии.

И двете серии имаа одлични први две сезони, паднаа на квалитет во трета, ТБ се подобри четврта, очекувам и со ВД исто да се случи. И на двете првите неколку епизоди се мислев дали да ги продолжам-ВД ради тоа што не нудеа ништо ново, а ТБ поради Суки (ептен беше смотана на почеток), зборењето и изгледот на вампирите (забите ко од пазар да им ги купиле).

Да не се повторувам со тие погоре што пишаа ТБ е поозбилна серија, вампирите се борат за рамноправност, атмосферата во Бон Темпс е помрачна од онаа на Мистик Фолс. Ама... ТБ го нема Дејмон.
damon-salvatore-picture_440x293.jpg

Тоа е она што ме тера да се двоумам за кого да гласам. Дејмон е толку комплексен лик, шармантен и суров, со предобра смисла за хумор... вистински вампир. Ја краде секоја сцена со својата појава и и‘ дава посебен шмек на ВД.
Еднаш мислам дека пишав негде колку добро би изгледал заедно со Пем од ТБ.

Пошто у крајна линија се сведе на Damon vs. True Blood мојот глас иде за True Blood оти сметам дека еден лик (колку и да е добар) не е доволен да ме убеди да гласам за цела серија.
 
Конечно лесен избор.
True Blood - Затоа што.....затоа што е на HBO, duh. Усполнета е со интересни ликови, далеку подобра приказна, локација, по мистична ми е некако, остава голем простор за фантазирање.
VD ја почнав од старт, и ја пратев првата сезона за на крај да се чудам како успеав да ја догледам цела. Од тоа што се сеќавам, некако истото дејствие се повторуваше во секоја епизода, нешто се случува во градот (проаѓа комета, карневал, прослава поради x причини) и се појавува нов вампир за на крај од епизодата да биде убиен. Можеби грешам ама ете тоа ми останало во меморија. Плус, фактот што е наменета за тинејџ популацијата (although at the time I was one of them).
Знам еднаш и со Anne. се расправавме, и викав дека нема шанси многу машки да ја гледаат оваа серија, за на крај да испадне дека грешам, и тоа многу. Гледам и она ја избрала True Blood така да гарант победуваме :D
 
True Blood, оваа другава не ја знам а ни сакам да ја знам.
 
И јас сум за Тру блад... неможам нит да ги равњам со тие вампирските дневници (ака твајлат аман!), Суки како и Кејт од Андерворлд ми се едни од ретките фимејл глумици кои навистина ги обожавам ептем!
Лонг лив Вампајерс :)
 
True Blood, од причина шо ВД разочара у последнава сезона. Видоа гледаност и ајде ќе го дрвиме со 7 сезони
 
Ептен сум изненаден, колку што приметив сите досега гласале за ТБ, иако темата за ТБ на форумов има 10 пати помалку мислења од таа за ВД. Каде се сите оние што пишуваа на таа тема да кажат нешто тука. Јас мислев дека тој факт е доволен да се смета ВД за погледана (од публиката на форумот).

Јас како и во случајот со Саутпарк и Симпсонс, едната серија ја немам ич гледано (ТБ), да ја имав гледано може ќе бев пообјективен, вака мене ВД ми е интересна серија, не е нешто ептен нај, си има недостатоци, последната сезона не беше баш на ниво ама сепак ми е интересна. Точно е дека повеќе е наменета за тин публика но ете и вакви како мене во со 20 и кусур ја гледаат. Баш еднаш правев муабет со некој ми викаше како ја гледаш таа серија е за деца. Е па не знам како нешто ме влече за неа. Може еден ден ќе ја изгледам и другава.

Како што спомна Anne погоре, Дејмон е лик заради кој што не можеш барем малце да не ја засакаш серијата.

Така да мојот глас оди за симпатичното бугарче и нејзините дечковци, да беше поизедначено може немаше ни јас да се определам, додека не ги изледав и двете, ама вака нека има ВД еден глас, макар и само јас да бидам од сите на форумот.
 
Ептен сум изненаден, колку што приметив сите досега гласале за ТБ, иако темата за ТБ на форумов има 10 пати помалку мислења од таа за ВД. Каде се сите оние што пишуваа на таа тема да кажат нешто тука. Јас мислев дека тој факт е доволен да се смета ВД за погледана (од публиката на форумот).

Па можеби и ВД е погледана од ТБ на форумов.. ама тоа не ја прави поубава :D
ВД е повеќе популарна од ТБ, незнам зошто. Можеби токму поради тоа што е повеќе тин.
 
Па можеби и ВД е погледана од ТБ на форумов.. ама тоа не ја прави поубава :D
ВД е повеќе популарна од ТБ, незнам зошто. Можеби токму поради тоа што е повеќе тин.

Е па тоа мене не ми е јасно ако е погледана на форумот, кај се тие што ја гледаат да кажат нешто позитивно за неа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom