ada напиша:
Фала на понудената помош, но не ми треба. Инаку веќе кажав дека самодовербата ми е на исклучително ниско ниво, па поради тоа не можам да се справам со "корпа". Не велам дека тоа е во ред, но најголемата штета ја трпам јас, така да немам потреба од групна психо-терапија.
Мислам дека не се работи толку за ниво на самодоверба, колку за страв од одбивање. Нормална работа е кај секое социјално суштество да се плаши од одбив, исто како и од напуштање, или од failure (не ми текнува зборот на македонски

). Е сега, разликата е во “дозата“, односно не го доживуваат сите исто.
И јас, слично како тебе, имам некој страв од одбивање, ама не во некоја прекумерна доза, на пример, да ме спречи да му пријдам на машко, иако вака директно ретко се случило да го превземам првиот чекор. Баш поради тој страв.
Не се сеќавам некоја директна корпа да сум добила... Иако се случило, на пример, да ми се свиѓа некој, ама по неговото однесување да заклучам дека не е заинтересиран за мене, и да се повлечам, вртејќи се на друга страна (иако не ретко сум погрешила во мојата проценка, и со тоа сум пропуштила добра шанса; имам навика премногу да ги анализирам нештата и туѓите подвизи, и од прекумерна анализа, да извлечам погрешен заклучок

). Па ако ова се смета за корпа...

Во тој случај, не сум ја примила нешто трагично, иако доста се приврзувам за чувствата, тешко се “преусмерувам„ од еден човек на друг, ама сепак, полесно го прифаќам тоа, затоа што не сум се обидела директно, и ме држи мислата дека, ако сум се обидела можеби и ќе сум успеела, па не би било корпа...

Мислава колку што ме теши, толку и ме разочарува, ама како и да е...
