Која е најинтересната првоаприлска шега која сте ја направиле или ви ја направиле?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Секогаш има интересни начини за да се шегуваме за први април. Се сеќавате на некое такво искуство кое ви останало во сеќавање?

Јас памтам пред 2 години на факултет се погоди да имаме предавање англиски и доаѓа професорката и ни вика еве подготвителен колоквиум, бидејки следниот час полагавме. И кога ни го подели никој ништо не знаеше да пишува. Ништо не можевме да преведеме а таа уште нервозна па како вие ништо не знаете. И ние си викаме леле сите ќе паднеме. Плус за сите 150 во групата имаше исфотокопирано. И ние се мачевме едно 15тина минути и ни вели ајде дома напишете си тоа а сега текст ке ви диктирам тоа ви е последна вежба. И текстот нормално за 1 април беше. И ептен се изсмеевме и тогаш ни подели вистински подготвителен колоквиум. А тој првиот бил најтешка категорија полагање на англиски во Оксфорд.
 
Да не се мачам да се сеќавам, сабајле во фан клуб Манчестер со Ziak92 си поиграв и наседна :pos:
 
Ауу и Mak. Tigar лесен на шеги ќе се степаше со брат му :pos:

за еден вирус :)
 
пред година дена на еден светски форум за мобилна технологија ја отворив следнава тема:

Free Unlock BB5 by Crack, Alfa Mobil Team best/r.















20020325_1471_fool_0.jpg


tn_Lady%20laugh.JPG
a на тие форуми ме знаат како еден од подобрите кракери, се додека не ја отворија оваа тема - сфатија дека сум голем реметџија :D

a најинтерсна што ми ја направија е дека ми падна gsmhosting.com/vbb форумот.

пред извесни пола саат :D

a во моментов веќе што ми ја прават Јане и Вирус шега е што ми сменија пасворд на серверот и се праат на мутави дека некој друг ни сменил мејл и пасворд :/
т.е. сеуште не е потврдено дали е шега, ама ќе тепам некого!
 
Леле одам сабајле на школа и една другарка ми викат, леле имаш два кеца математика и историја!!! И јас:vozbud:!!! (а никогаш не сум добила кец во дневник само сега ми бапна историја, го изнервирав многу:cheeky1: ) ама од каде ДВА??? И то како ми дојде од сабајле уште нерасонета:pos2:. Ко ми текна дека е априлилили! хаха
 
Во основно наставникот по физичко ни даде тест на први април и на почеток никој не сакаше да пишува зашто претпоставувавме што е работата ама почна да диктира прашања и да запишува нешто во бележникот.
Го направивме тестот, ги прегледа пред нас, ги оцени пред нас... И на крај ги искина листовите.
 
Денес ми пиша кец Речко. Вистински убав кец, со пенкало во дневник. И таман тргнав да го закољам, едно хоризонтално цртиче и ми го напрај кецот четворка, и сеа место тројка да иам шо сакав, 4 ми пиша. :)
 
Искрено, ретко паѓам на првоаприлски шеги. Дури и не ни верувам дури и да е вистина.:) Немало некои сензационални зезнувања ни врз мене, а ни јас не сум правела, освен тоа што ќе излажам нешто и после априлилили.
 
Не ме зезнувале кој знае како на 1ви април.Уствари едно девојче ми рече те сакам и ми рече априлилили.Можев да насетам:)
 
Па оваа не знам дали беше баш интересна ама беше многу возбудлива зошто ќе го јадев стапот зарди тоа. Во школо цел клас го заебав еднаш дека нема да имаме часови поради 1 април што е. И кога дознаа дека ги лажам имаше гадно да го јадам. АМа се пројде супер
 
Класниот... Ах, тој човек...

Се немав појавено добра една недела на школо. Горнион знае што ме спопадна, се наканив да отидам, и жива среќна, влегувам во школски... `бем ти денот, успеав да пробијам тест, да ме намократ цела (ако не си маскиран, тоа правеа), да бидам фатена при бегање од празен час, како и добро да се испокарам со шеф сале, воедно и најзезнатата професорка. Кажав и шо треба и шо не треба за све шо не ми чинеше у школото, мислам женана дека да можеше куршум ќе ми дадеше (сакаше на информативен разговор да ме праќа бе!). А и ја не знам кај ми беше паметот, со неа да се караш... Побрза постапка за исписница немаше. У тој момент улета класниот, и ми вика ајде излези...
Кај си ти толку време, зашто те нема на школо? Ќутам. Информатика знаеш дека нема поправање? (бандера...) Ќутам. Оти вода тече од тебе? Ќутам. Зашто се расправаше со професорката? Ќутам. Зашто бегаше? Ќутам. Сакав тестот да му дадам, тој што го зедов... Само шо отворив уста - А знаеш татко ти дека е дојден на школо? Не ќутам. Мислам инфаркт дека ќе ме стрефеше, ми идеше да паничам, да вриштам, да плачам, останав со отворена уста, го гледам без да трепнам, се потам... И изд`ткав едно - две ок, ок... И следната секунда човеков се гази од смеење. Априлилили ми вика...
mysmilie_448.gif
 
Уф, денеска искрено да ви кажам, ниту направив шега, ниту ми направија. Ете не се сетив, а би било интересно. :)
Мене не ми прават шеги бидејќи не паѓам на нив. :pipi:
 
Го излажав типот мој дека ме примиле на бугарски Идол со кен ли, и се збуни, а можда и ми поверува. После тоа, кога се убив од смеење, ме пцуеше.:pos2:
 
му кажав на другар дека наводно ме навредувал мене и дечко ми и наоѓал некои муабети а добив одговор и дека муабетел нешто слично на тоа но само дека потврдил дел и покрај априлили добив и мислење зад грб:nesvest:и јас се шокнав тогаш а он не знаеше како да реагира кога му кажав дека се зезам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom