Kоја е најголемата неправда што ви се има случено?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Наставничката во трето ме искуба за бакембарда и ми потекоа солзи од болка...

Сеа да ја видам ќе ја :viol1: :viol1: :viol1: :viol1:
 
-vo vtoro mi udria slakanica oti im gi digavme fustancijnata na so ucenickite
-od 5to do 8mo po makdeonski imavme eden Edrovski, sekogas koga bese eeeeeeeeeeeeepten tisina ke riknese na cel glas, jas ke se strpenev i on ke mi kazese
"Aman be Kire se zveres kk planinski zajk!" argh....... :evil:
-vo sesto se skarav so nastavnickata po angliski oti ona insisitarse George da go citame kako spanskoto "Horhe" pff..... i sekogas viakse na kraj godina
"Kiril ke ti stavam petka, ama aj ne zasluzuvas." A jas spasuvav cela redica na casovi...kucka debela zulja...
-vo prva godina i ja dadov mojata prva napisana sci fi novelicka na profesorkata, i taa ja izgubila a uste nemav kompjuter. Ke ja ubiev se kolnam...
 
Неправдите сам си ги имам предизвикано. :? :oops:
Наместо да си бев послушен и мирен јас исправав криви дрини, јебига.

Најголеми проблеми имав со професорот по марксизам, нормално, нели? Потоа со профата по историја, па логика и психологија.

Кога ќе претераше профата по марксизам со тие глупости кои ги предаваше веднаш ќе му влетав во фаца со контрааргументи. Најчесто кажана реченица ми беше „отвори ги очите и прогледај, срамота е стар човек да верува во приказни за мали деца“. :twisted:

Учото по историја замалку ќе го погодев со учебникот кога батката не` учеше дека Св. Кирил и Методиј биле грци и тоа упорно го тврдеше. Исто така бев многу мирен кога ќе спомнеше дека сме дојденци од зад карпатите. Го бомбардирав со вистинските податоци, а тој ќе ме истераше од клас бидејки немаше контрааргументи. Инаку човекот не само што беше историчар туку и теолог, факт што уште повеќе ме збеснуваше. :kck:

Шмизлите по логика и психологија постојано ги збунував со подпрашања и единствено што им преостануваше да ми кажат е: Ти многу сакаш да знаеш“. :shock: Најмногу од сите ме нервираше професорката по психологија. Шмизла!
Најмалку што можам да поднесувам до ден денешен е емотивно нестабилен психолог. :twisted:

Инаку во се` останато си бев мошне мила и дисциплинирана млада личност која за пример служи, на лепче да го мачкаш, дома да го носиш! :fly1:


П.С.
Казнувањата кои ги предизвикав врз себе нема да ги спомнувам бидејки скоро на сите им се познати.
Најмногу ми се допаѓаше онаа тешка и сериозна казна да те избркаат од час и да ти напишат неоправдан. :twisted:
Не можев, ниту физички ниту психички да ја издржам казната „попување од страна на директорот“, неиздржлива и нехумана беше таа казна. На душман да не ја посакаш. :lol:

Гледате ли што прави вишок на тестастерон на млада и примерна личност. :cry:
 
Јас секогаш се бунтував со причина, секогаш со (можеби не баш секогаш, ама) вистината на моја страна, аргументирано, со цврсти и несоборливи докази, за што, нели, бев често казнуван, затоа што, кај што има сила, нема правидна!
затоа пак, не се жалам, ми беше, барем мене, интересно да бидам сето време во културен наптпревар со професорите или наставниците.
Оценките ми беа редовно намалувани, но, најголема неправда (која се исправи) беше, што јас како солиден писател, на секоја слобдна тема добивав единица со образложение дека моите ставови се револуционерно непригодни за времето во кое растев и живеев.
за среќа моја, еднаш, изнервиран до крајни граници, отидов кај вујко ми, професор по македонски јазик на факултет (сега во Австралија) кој отиде и во мое име ја направи професроката пуздер. потоа, з апетка морав да го знам целиот материјал, секогаш.
Или кога по философија добив недоволен, едвај ја поправив поради моите некомунистичко=ленинистичко-марксистички ставови, неправда која се поправи со моето запишување на институтот за философија, нешто за кое потоа, кога професорот дозна, а дозна и за мојот успех на тој институт, падна во неола и мораше да му биде донесена вода со шеќер. да се поврати од бессозананието во кое западна.

Хехехе.

А ако веќе споменуваме казни, јас го држам неславниот рекод во моето средно училиште по најголем број укори пред бркање, 14 укори од топј вид и тип! Не успеаја никогаш да ме избркаат.
Сега, некои со гордост, а некои со срам гледаат на ретките средби кои се остваруваат меѓу мене, моите сокласници и нив.
 
Ааааааааааа, ќе заборавев!!!! Во прва година средно, по физичко цело тримесечие имав кец оти не знаев да играм кошарка а професорката (чумааааааааа - жена беше!!!) ме тераше да играм за ракометната екипа на средното. После тоа ни дојде еден златен човек којшто знаеше да ги цени способностите на секој и секого и не казнуваше никој незаслужено.

Типката беше ептен нетачна. Беше способна да ги соблече и да ги провери женските коишто ги имаа “црвените денови“ и коишто од болки или од други причини не можеа да бидат активни на час... :twisted: :twisted: :twisted:

Пернитис акута!!!
 
Нај голема неправда????
Па сугурно е тоа што воопшто ме тераа да одам на училиште-тупилиште!!!
Не дека нешто многу одев....Али ајде.....
 
MSV напиша:
Нај голема неправда????
Па сугурно е тоа што воопшто ме тераа да одам на училиште-тупилиште!!!
Не дека нешто многу одев....Али ајде.....
Па не викам дека било неправда... се гледаш ли како пишуваш?
 
:)

nepravda ... hmmmm
Pa imam edna u 1 godina profesorot po istorija mi stavi 4ka a ja znaese za 5ka.... turi mu .!.
so da mu pravam koga ja ne mu idese na casovi
:D :lol: :lol: :lol: :D :lol:
 
најголема неправда ми се случи во 6то одделение, значи пред скоро две години, кога еден ненормааален (познат е како таков во нашето училиште) наставник по географија ме избрка од час бидејќи цинично сум го гледала (шо немат врска)! јас, кутра, тогаш земајќи се` при срце, се расплакав, и според инструкциите од супер наставничката по англиски, ојдов кај директорот (бивш класен, а мојата сегашна класна му е жена хехехехе) и се пожалив низ солзи. на овај му дојде смеење зш знајт дека сум (бев) една од најмирните на час, и ми рече да не се секирам. после од педагогот дознав дека директорот го подбрал наставникон и му укажал на грешката 8) а ненормалниов следнава година, во 7мо, имаше мадина (извините на речников, ама се изнервирав) да ми речит дека во иднина јас ќе сум станела доктор по науки и дека сум една од најпримерните и најпаметните ученици на кои им предава (хелоуууу!!!) ииии то е мојата најголема неправда...
П.С. (сеуште не можам да го смислам него, како што неможит никој шо го знајт - доказ за то е дека имат сменато 3 жени)
 
Неправди.. никогаш! Се дур не дојдов 2 година..
Само што почна учебната година јас заминав Шведска.. бев скоро месец дена таму. И кога се вратив почнаа професорите со испитувања, тестови и такви срања. Некои беа фер ми даваа ден-два да се спремам за да можам да кажам нешто или евентуално на писмената да напишам. По сите предменти супер поминав.. и секако нешто мораше да се зезнит.. по македонски на тестот добив 4 а седев со еден кој шо одвај со кецој поминвит.. (така не намести професорката за писмената). И детенцево цело време препишвеше од мене некако да се истајт да не збучит кец.. а дотичната професорка .. кога ни ги даваше писмените рече дека јас сум препишвела од него!!! Него му напиша 4 на 5 а мене 3.. :twisted:
Пробав да ја убедам дека нема врска.. дека тој од мене препишвеше ама не мојш со неразбрани да се разбериш! :x
За трагедијата да бидит уште поголема истиот ден госпоџата по германски ме испитвит нешто .. за кое што јас прв пат слушам. И прибидејќи јас и реков дека не сум спремна (оправдано нели? месец дена не сум пратела настава..) дотичната ку*ва почна да ме вреќат како јас сум била глупа не сум знаела ништо германски и слично.. Јас изнервирана ојдов кај дикректорот (со кој што многу добро стојам:)) и му кажав шо било како било.. и тој и рече да ми дајт тест наредниот ден.. да се спремам малку и тогаш да ме оценит. Се согласи овцата.. Наредниот ден прам јас писмена .. го зеде го оцена .. и викат.. не е можно тестов да ти е 5ка.. Јас горда самата на себе и насмеана до уши и реков само.. вие професорке се сомневавте во мене ли?
Тоа што сум и го рекла јас толку ја навредило шо пиздата наместо 5 ми напиша 3 в дневник!
:evil:
Цела година се трудев да ја попрам и не ми ја поправаше! :twisted:
Дури на совет.. благодарение на класната..
 
Машанович ме викат мене Мичо :x
 
AHahauhahaahhaahha а мене Кетрин 8)
Патем, поголема неправда од ова шо ќе го напишам сега немат!
Една другарка.. шо учит со мене.. фино момиче.. не учит многу ама се трудит.. Немаше најдено уште учебници за втора година.. имаше можит 2-3 .. то и не беше толку спорно .. професорите имаја разбирање..
Но, професорот по историја .. на едно повторување ја стана за да ја испитат.. и оваа му кажа фино лепо дека сеуште нема учебник најдено.. овој лудаков и напиша кец.. и и рече ако до наредниот час не најт учебник ќе и напишит кец за полугодие. Оваа не најде и си имаше кец.
Кутрото не можеше никаде да најт учебник (не сакаше да исфотокопират з`ш е социјален случај :( ).. и 3то тромесечие го помина без учебник историја.. и сеуште кец имаше.. професоров немаше милост дури ни на совет да и го попрајт кецот..
Ја пушти на полагање .. и ја падна во Јуни.. сега ќе треба да полага во Август а чисто сумљам дека ќе положит :cry:
 
The`bItCh напиша:
AHahauhahaahhaahha а мене Кетрин 8)
Патем, поголема неправда од ова шо ќе го напишам сега немат!
Една другарка.. шо учит со мене.. фино момиче.. не учит многу ама се трудит.. Немаше најдено уште учебници за втора година.. имаше можит 2-3 .. то и не беше толку спорно .. професорите имаја разбирање..
Но, професорот по историја .. на едно повторување ја стана за да ја испитат.. и оваа му кажа фино лепо дека сеуште нема учебник најдено.. овој лудаков и напиша кец.. и и рече ако до наредниот час не најт учебник ќе и напишит кец за полугодие. Оваа не најде и си имаше кец.
Кутрото не можеше никаде да најт учебник (не сакаше да исфотокопират з`ш е социјален случај :( ).. и 3то тромесечие го помина без учебник историја.. и сеуште кец имаше.. професоров немаше милост дури ни на совет да и го попрајт кецот..
Ја пушти на полагање .. и ја падна во Јуни.. сега ќе треба да полага во Август а чисто сумљам дека ќе положит :cry:

кој ви е историја? Коле? не вервам тој такво нешо да напрајт... :roll:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom